3Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
КултураПромоција на романот „Што сонуваше Дедо Мраз“ Романот за деца „Што сонуваше Дедо Мраз“ од Билјана С. Црвенковска денеска ќе биде промовиран во Бугат Бистро во Скопје Сити Мол. Модерната бајка за децата на едно многу помодерно време, го соочува најсаканиот новогодишен лик со предизвиците на новата ера и се обидува да даде одговор што се случува со неговиот свет во време кога наместо класична, децата користат електронска пошта, кога од свет на чудата и фантазијата, нашиот станал свет на бизнис-зделки и материјална заработка, кога меѓу самиот Дедо Мраз и неговиот син постои опиплив генерациски јаз... Со подновени алишта, осовременет и во кругот на едно сосема ново семејство, Дедо Мраз е впуштен во една постмодерна авантура во која игривите алузии и метанарации ниту за миг не ја загрозуваат трогателната порака на авторката на книгата „Да, сè уште постои“ писмо до сите оние кои наивно веруваат дека комерцијализацијата на меѓусебните човечки односи ги засега и најинтимните и најнежни детски сништа. Билјана Црвенковска е магистер по филозофски науки, преведувач и уредник. Автор е на книгата „Митски лавиринт: патување низ митските слики“, како и на повеќе трудови, меѓу кои и „Филозофија на неискажливото: обид за разјаснување на Семиотиката на Тишината кај Бекет“ и „Апсурдот и антиутопизмот во драмите на Коле Чашуле“. Ова е нејзин прв роман за деца. Промотор на романот, во издание на Либи, дел од Арс Ламина публикации, ќе биде ќе доц. д-р Владимир Мартиновски. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаСпасено мече фатено во стапица на планината ЈакупицаНа планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес. Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла. Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар. Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово. Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
ЗдравјеЗаболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години.Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Ќофтиња од компир и тунаВо понеделник (12.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Дамјан Стојаноски.Состојки за денешниот рецепт: 3 компири 3 јајца 1 главица кромид половина морков половина страк праз 1 голема конзерва туна 3 - 4 чешниња лук половина китка копар или магдонос 5 лажици лебни трошки масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог шери домати млади кромитчиња соја сос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook