Промоција на публикацијата ,,Слики со историска тематика “ - Канал 5

Промоција на публикацијата ,,Слики со историска тематика “

Сликите во Музејот на македонската борба кои ја претставуваат историјата на македонскиот народ и неговата борба за слобода се претставени во публикација-каталог „Слики со историска тематика“ на проф. Владимир Величковски.

Промоција на публикацијата ,,Слики со историска тематика “
Каталогот е заокружување на процесот на визуелизација на историјата на платна на кои се претставени масовни сцени, но и портрети на познати историски личности (револуционери и преродбеници). Во изданието авторот дава податоци за секоја слика, за уметникот што ја создал и за процесот на работа - од скица до завршено дело.

Сликите во Музејот ги илустрираат клучните настани во македонската историја во речиси еден век временски опфат, почнувајќи од Разловечкото востание, двата Илиндена, создавањето на македонската држава, периодот на репресии на тие кои барале целосно решавање на македонското прашање, улогата на македонската емиграција во градењето на државата...

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека се работи за исклучително двојазично издание, во кое на повеќе од 150 богато илустрирани страници е прикажана генезата на создавањето на 109-те уметнички дела - масло на платно, на 38 реномирани ликовни уметници од Македонија, Русија, Украина, Бугарија и од Србија.

- Сите овие автори се мошне етаблирани во европскиот културен простор... На создавањето на овие дела претходеше многу напорна работа, долг и сложен процес со бројни истражувања и посети на автентични локации. Сите дела се работени врз основа на фотографии, архивски материјали, научни студии, како и врз конкретни сугестии и упатства од страна на историчарите, рече Канческа-Милевска.

Додаде дека колекцијата е непроценливо наследство за идните генерации и дека над 150.000 посетители во 3,5 години постоење ги оправдале напорите за изградба на Музејот на македонската борба.

Авторот на каталогот Величковски рече дека задачата ликовниот дел во Музејот да биде поддршка или надополнување на историската приказна била грандиозна, но и многу одговорна.

- Рамката ја одредија историчарите, а мојата задача беше визуелниот дел, да направиме што поуверлива претстава на масовните сцени и портретите. Иако сликарскиот аспект е придружен, има многу впечатлива улога, рече Величковски.

Се внимавало сликите да имаат уметничка вредност која често недостига кај ликовни дела со историска тематика. Во периодот на соц-реализмот, на пример, има акцентирање на херојските подвизи и идеализирани настани.

- Улогата на професор Величковски беше да ги препознае замките... Овде има високо задоволувачко ниво кое нуди едукативна информираност, но и естетско доживување, рече Татјана Филиповска, историчарка на уметноста, која зборуваше за задачата на Величковски во вредносното оценување на сликите кои се во поставката на Музејот.

Истакна и дека каталогот е заокружување на амбициозната идеја да се реафирмираат моментите од македонската историја кои биле занемарени по Втората светска војна и тие да и се претстават на јавноста. Во целата збирка историски слики, рече таа, доминираат на уметници од Русија каде што ваквото сликарство има долга традиција.

- Тие се виртуози во третманот на екстериерот, ентериерот, пејзажот, суверено владеат со светлото и композицијата, додаде Филиповска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел, и ќе ги собере политичките лидери, претставниците на граѓанското општество, експертите за јавни политики од ЕУ и земјите-кандидатки за да разговараат за самиот процес, како и за безбедноста на Европа.

Форумот е клучен собир за донесувачите на одлуки од ЕУ и земјите-партнери, како и за водечките општествени актери, а неговата цел е да се разговара за идниот пат на Унијата и нејзиното членство, според веб-страницата на ЕК.

На форумот ќе се дискутира и за перспективите за проширување на ЕУ во светлината на актуелните геополитички предизвици и тектонски промени, давајќи им поттик на сите вклучени страни да продолжат по курсот што го започнале и дополнително да го забрзаат овој процес.

Конференцијата се отвора во недела во 18 часот со концерт на Марко Хатлак, Капобанд и Младинскиот оркестар на Западен Балкан, а официјалниот дел од конференцијата ќе се одржи во понеделник, кога на неколку панели ќе се дискутира за проширувањето и безбедноста, ставовите на локалните самоуправи и граѓанските општества за проширувањето, новите пазари, реформите и други важни теми.

Домаќин на настанот, кој се одржува по втор пат, е европската комесарка за проширување Марта Кос, а меѓу најавените учесници се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, европскиот комесар за одбрана и вселена Андриус ​​Кубилиус, европскиот комесар за економија и продуктивност Валдис Домбровскис и други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори.“

Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори. За мајката која и кога нема сила за себе, наоѓа сила за своите деца. Но и за жената која зад затворени врати преживува страв, закани и насилство, а сепак не престанува да сонува за слобода“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова на промоцијата на муралот „Жена Феникс“, по повод 50-годишнината на Општина Центар.

Муралот „Жена Феникс“ е авторско дело на Драган Китановски-Драш, Миро Грчев-Микс и Марјан Димиќ-Мачка и го симболизира митолошкото повторно раѓање и издигнување од пепелта.

„Јас сакам денес да испратам една поинаква порака: Жената не треба прво да изгори за општеството да ја препознае нејзината сила! Овој мурал нека биде потсетник дека зад секоја жена стои приказна што заслужува почит, достоинство и еднакви можности“, додава Зајкова.

Наша задача, според Зајкова, не е само да им се восхитуваме на жените што успеале повторно да се издигнат, туку да изградиме општество во кое ниту една жена нема да мора сама да поминува низ огнот.

„Затоа што на жените не им требаат само крилја за повторно да полетаат. Нив им треба слобода, сигурност и држава што ќе ги заштити“, заклучува Зајкова.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити поднесе жалба- доколку ја одбијат, ќе бидат отстранети од Премиер лигата

Манчестер Сити се соочува со можно исклучување од Премиер лигата доколку нивната жалба во декември биде одбиена, објави денес „Фајненшл тајмс“.

Манчестер Сити поднесе жалба- доколку ја одбијат, ќе бидат отстранети од Премиер лигата

- Манчестер Сити ќе се соочи со санкции во 2027 година доколку нивната жалба биде одбиена. Жалбата во случај на финансиски малверзации ќе биде разгледана кон средината на декември. Казни, одземање бодови или дури и исклучување од Премиер лигата се меѓу можните казни, тврди весникот.

Манчестер Сити беше прогласен за виновен за 114 од вкупно 115 точки од обвинението за кршење на финансиските правила на Премиер лигата помеѓу сезоната 2009/10 и 2017/18, како и за несоработка со истрагите до февруари 2023 година.

Клубовите во Англија беа казнети со бодови, обично од четири до 12, за многу помали прекршоци, а англиските медиуми се убедени дека Сити ќе биде казнет со одземање бодови што ќе им овозможи да играат во втората лига следната сезона, или дека ќе останат во Премиер лигата следната сезона, но со таков дефицит во бодови што сигурно ќе бидат исфрлени во Чемпионшип. Повеќето клубови во Англија веруваат дека, во случај на драконска казна, Манчестер Сити ќе мора да се откаже од сите трофеи што ги освоил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер