Промоција на првиот том од циклусот „Етногенеза и култура на древните Македонци” - Канал 5

Промоција на првиот том од циклусот „Етногенеза и култура на древните Македонци”

Првиот том од циклусот „Етногенеза и култура на древните Македонци” од авторот Слободан Богоески ќе биде промовиран денеска во Скопје.

Промоција на првиот том од циклусот „Етногенеза и култура на древните Македонци”
Книгата, како што соопшти авторот, е пишувана како учебник по праксикологија - наука за добрата научна работа. Направен е обид за реконструкција на далечното, заборавено минато на Македонците, почнувајќи од VI милениум п.н.е., преку антиката, средновековието па до денес.

Во неа се содржани дилеми и поделби на Македонците на антички и словенски, за историјата како најмоќно оружје со кое може да избришите цели народи, за заборавената писменост и македонската азбука 6000 години п.н.е., идентична со Кирилицата, кои сме ние, како и кога настанал етнонимот Македонија и Македонци.

Книгата, како што вели Богоески, е во седум поглавја. Во првото се пишува за Пелазгите, најстарите, предпотопски жители на Европа, Северна Африка, Мала Азија, Блискиот и Средниот Исток

Второто и третото поглавје посветени се на тројанската епоха, Хомеровата „Илијада” и македонските Бриги.

Четвртото поглавје е посветено на најстарите жители на Македонија, светилиштето на македонската државност - Едеса заедно со соседната Ајга, долината на македонските цареви.

Во петтото поглавје, авторот дава одговори на ненаучната хипотеза дека Македонците немаат пишувани извори за историјата, пред појавата на Словените на Балканот, па затоа не можат да претендираат на своја историја пред VI и VII век.

Седмото поглавје е посветено на географијата, лингвистичките оспервации, античките области во Македонија, зачуваните траги во топонимијата, хидронимијата и оронимијата.

Последниот прилог се антички карти, топографски карти, фотографии од Едеса, Ајга, Аргос Орестиски, Пела, Миеза, Ираклион, како и фотографии на свети камења и претстави од цркви и манастири во кои силно се изразени старите македонски верувања, соопшти авторот Богоески. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Азески со дел од амбасадорскиот кор во Дебар, присуствуваше и на одбележување на Денот на рударите

Активности со дел од дипломатскиот кор, на покана на акредитирани дипломати во Македонија, во присуство на бизнисмени од регионот, а на кои беше поканет и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески се реализираа во Дебар.

Азески со дел од амбасадорскиот кор во Дебар, присуствуваше и на одбележување на Денот на рударите

Прво во манастирот Св. Јован Бигорски беше реализирана посета и обиколка на црквата и манастирските одаи. По повод посетата а во пресрет на големиот христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, претседателот Азески, подари уметничка слика на манастирот.

Неформалното дружење продолжи во релаксиран амбиент на дебарското езеро во хотелот Цами каде со дипломатскиот кор и бизнисмените и истакнати личности од регионот, се разменија меѓусебни мислења за теми од интерес на бизнисот и економскиот амбиент, имајќи го предвид фактот дека дел од актуелните амбасадори се враќаат во своите земји на други владини позиции што остава простор за натамошно продлабочување на соработката со Македонија и со земјите од Западен Балкан.

Денеска е денот на рударите, 28 август. Претседателот Азески упатува искрени честитки до сите вработени во рударскиот сектор, компании, институции, науката и академската заедница. Комората во својата организациона поставеност ја има Македонската асоцијација за рударство – МАР која ги обединува најголемите и најзначајните компании кои учествуваат во креирање на Бруто домашниот производ и кои иднината на развојот на секторот ја гледаат преку креирање безбедно, модерно, одговорно користење на природните ресурси со конкретни придобивки за локалните заедници и целокупната економија.

„Рударството е значаен дел од македонската економија, но неговиот иден развој мора да се темели на јасни правила, засилен институционален надзор, поголема безбедност, современи технологии и конкретни придобивки за средините во кои се врши експлоатацијата”, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Во 2025 година во Македонија се произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, додека рударството учествуваше со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот македонски извоз.

Македонија има и Стратегијата за минерални суровини, со која по повеќе децении оваа област треба да добие јасна и долгорочна развојна насока.

Во име на Стопанска комора, а и во свое лично име, претседателот Бранко Азески, на верниците од православната вероисповед го честита празникот 28 август Успение на Пресвета Богородица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, утрото на 28 август го започна со видео-честитка до граѓаните, по повод  празничните денови кои имаат особено духовно, историско и традиционално значење за Крива Паланка.

Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството

Во својата порака, Митовски упати честитки по повод Успение на Пресвета Богородица – 28 Август, како и во пресрет на 29 Август – празникот на Св. Јоаким Осоговски, светителот чие име и духовно наследство со векови се нераскинливо поврзани со Крива Паланка и Осоговието.

„Ова се денови што имаат посебно место во срцето на секој кривопаланчанец, денови на верата, традицијата и духовноста, кои нè обединуваат и нè потсетуваат на вредностите што ги наследуваме и ги пренесуваме на идните генерации. Нека празничните денови донесат здравје, мир, благосостојба и радост во секој дом“, порача Митовски.

Градоначалникот воедно упати честитка и по повод Денот на рударите, нагласувајќи дека Крива Паланка, како рударски крај со долга традиција, со особена почит им оддава признание на луѓето чиј труд, храброст и истрајност се значаен дел од развојот и стопанскиот идентитет на општината.

„На сите рудари им го честитам празникот со искрена благодарност за нивниот труд и посветеност. Ви посакувам пред сè добро здравје, безбедна работа и многу професионални и лични успеси. Крива Паланка го почитува и вреднува трудот на своите рудари“, истакна градоначалникот.

Со празничната видео-порака, Митовски го најави почетокот на двата значајни празнични дена – 28 и 29 август, кога Крива Паланка традиционално живее во духот на верата, традицијата, гостопримството и почитта кон своите вредности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер