Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина
2Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина
МакедонијаПромоција на противпожарни возила во Криволак На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе бидат презентирани противпожарни возила. На промоцијата, како што е најавено ќе присустува и премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски, на почетокот на јуни годинава најави дека во пресрет на најавениот топлотен бран и зголемениот ризик од шумски пожари во текот на летниот период, повеќе од 50 возила кои се дел од застарената и магационирана опрема на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари. – Дел од застарената и магационирана опрема, како што се БТФ70/80, старите хермалини и слично, кои што беа во магацините на Министерството за одбрана и МВР се модернизираа и обработија, им се инсталираа посебни резервоари за вода, се купија пумпи кои што работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени. Она што ни беше многу важно навечер кога, како што велат стручно, оганот спие да може да му пристапиме и изгаснеме за да не се распламти преку денот. Возилата се подготвуваат и многу скоро денеска ќе бидете сведоци на показна вежба, како од ништо направивме нешто. Очекувам 50-60 вакви возила да бидат подготвени со различно инсталиран волумен на вода до шест тона, така што очекувам да ги пречекаме пожарите подготвени, рече Мицкоски, на настан за промоција на нова инвестиција на производствените капацитети на компанијата „Реплек“. За тоа колкава сума пари е одвоена за оваа пренамена на возилата, премиерот рече „многу малку и тоа е пред сѐ е работа завршена на волонтеристичка база и општествено одговорни компании, Буџетот не го чини воопшто“. Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаОпштина Илинден додели еднократна парична помош за набавка на велосипедиГрадоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, потпиша 67 Решенија за доделување еднократна парична помош за набавка на велосипеди.И оваа година Општина Илинден ја реализира мерката за субвенционирање на велосипеди, со цел да се поттикне нивно почесто користење како еколошко и здраво превозно средство, како и да се промовираат здравите животни навики кај граѓаните. Преку оваа мерка, општината продолжува активно да придонесува за заштита на животната средина и намалување на загадувањето. Мерката е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2026 година. По завршувањето на јавниот повик, кој траеше до 30 април, право на финансиска поддршка остварија 67 граѓани кои ги исполнија утврдените критериуми и доставија комплетна документација. Финансиската поддршка изнесува 50 проценти од вредноста на набавениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по корисник. Се известуваат граѓаните кои го оствариле правото на субвенција да ги подигнат Решенијата од архивата на Општина Илинден, со цел да се реализира исплата на одобрените средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во ЦаринаБогоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина вреден 300 илјади евра.Богоев осомничен за местење на тендер во Царина вреден 300 илјади евра, притоа примил мито во вредност од 2.000 евра за да влијае на исходот на постапката. Детето на Заев, Стефан Богоев продолжи по неговите стапки. Како првиот, така и другиот. Едниот бараше евро за брат му, овој за себе. Александар Спирковски – Џемо, поранешен претседател на ОО на СДС во Прилеп, од јавно достапните информации, заедно со поранешниот потпретседател на СДС, Стефан Богоев, договарале која фирма треба да го добие тендерот за одржување на хигиена на граничните премини и терминали, а со тоа директно овозможиле правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари. Но, тука не завршува приказната. Богац по стапките на Заев, си побарал и подарок за себе, а Џемо истиот му го овозможил. Затоа, поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, се товари и за примање на награда за противзаконито влијание, вредна околу 2.000 евра. Почитувани, Со тоа што е побаран притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, јасно е дека има цврсти докази за ова кривично дело. Богац е дете на СДС, поточно на Заев. По се изгледа одлучил да чекори по неговите стапки. Тоа е во матрицата на СДС. Криминали, тендери, афери, рекети. Очекуваме од надлежните институции, дека овој пат ќе ги разгледаат сите докази со кои располагаат и ќе го седнат на обвинителната клупа, несудениот наследник на Заев, Стефан Богоев. Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
БалканМал авион се урна во Хрватска Помал авион се урна во областа Медулин во Хрватска. Во 11:25 часот, истарската полиција добила пријава за пад на помал авион во областа Медулин. „На 4 јуни во 11:18 часот, пристигна пријава за пад на мал авион во областа Кампанож (во близина на аеродромот Медулин). Пријавата е потврдена, сите служби за итни случаи (полиција, брза помош и пожарникари) се на терен и преземаат мерки и активности во рамките на нивната надлежност“, соопшти полицијата. Според првите неофицијални информации, загинале неколку лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook