Промоција на „„Посмртна венчавка“ од Паскал Гилевски - Канал 5

Промоција на „„Посмртна венчавка“ од Паскал Гилевски

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска, напладне, ќе биде промовиран романот „Посмртна венчавка“ од Паскал Гилевски, во издание на „Матица македонска“.

Промоција на „„Посмртна венчавка“ од Паскал Гилевски
За најновото дело на реномираниот македонски писател ќе говори проф. д-р Златко Жоглев, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола.

- Во романот „Посмртна венчавка“ писателот пишува за необичната судбина на двајца прогонети од родниот крај во Егејска Македонија, маж и жена, кои минуваат низ пеколот на крвавата Граѓанска војна во Грција, чувствувајќи ги врз своја кожа ужасите на делбите и преселбите. Нивната семејна драма ќе кулминира откако ќе почине сопругот, со што ќе се отвори уште еден јаз, уште една драма во драмата: прашањето за докажување на нивната брачна заедница, кое останатите членови на семејството ќе ги втурне во жестокиот вител на кафкински устроените судски инстанци, констатира Раде Силјан во рецензијата за ова дело.

Паскал Гилевски е автор на осум романи, пет збирки со раскази и на четири поетски книги. Има преведено над двесте книги од унгарски, грчки и француски на македонски јазик. За своето богато творештво добитник е на високи книжевни и општествени признанија, меѓу кои и на државната награда „23 Октомври” за животно дело.




Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“.

Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ.

Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти.

Според добро упатен извор, на Кричко и Секуловиќ им се ставени лисици поради нивните незаконски дејствија во случајот „Сењак“, како и поради претепување на одредени осомничени во тој случај, во полициската станица, за време на полициско испрашување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. Пелистер

Вечерва од 17-45 часот македонскиот ракометен храм Јане Сандански ќе биде центарот на домашниот спорт. 

Прво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. Пелистер

Шампионот вардар во првото македонско Ел класико сезонава е доаќи на најголемиот ривал Еурофарм Пелистер во рамките од 9 коло од Супер лигата.

Вардарци големиот ривал го очекуваат со максимален ефект, кој сакаат да го задржат и по големото дерби. Слични амбиции има и четата на Лино Червар од битола што значи дека во Јане Сандански ќе гледаме вистински ракометен спектакл.

Македонската ракометна јавност денеска ќе биде насочена кон СЦ „Јане Сандански“, каде што од 17:45 часот ќе се одигра првото сезонско дерби меѓу Вардар и Пелистер.

Сигурно „жешко“ ќе биде и на трибините бидејќи веќеодамна се продадени сите билети за трибините во Јане сандански.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3:1 во големото градско дерби на Милано одиграно во рамките на  10. коло од Серија А.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

„Нераѕурите“ важеа за благи фаворити во градското дерби, но „росонерите“ одиграа одличен натпревар и извојуваа голема победа, предводени од феноменалниот Диего Мореиро.

Стрелци на головите го големото миланско дерби беа Пулишиќ 3мин, Рабио 10 мин, и Мориера за Милан, единствениот гол за Интер го постигна капитенот Бастони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер