КултураПромоција на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан БужаровскиДенес, со почеток во 20 часот, во КСП Центар-Јадро ќе се одржи промоција на тукушто излезеното издание на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан Бужаровски.Монографијата ја издаде Темплум, а графичкото уредување беше на авторот. На настанот ќе говорат рецензентите: проф. д-р Димитрије Бужаровски м-р Владимир Таневски, а ќе биде прикажано и кратко видео кое ќе се движи низ страниците од монографијата покрепено со аудио од изворна музика од регионот. Монографијата на 347 страни започнува со географските податоци за Галичник и регионот, за потоа да го обработи потеклото на Мијаците, и да премине на формирањето на Галичник во предосманлискиот период. Следуваат делови кои го прикажуваат Галичник во османлискиот период преку прегледи на податоците од турските дефтери. Посебно детално се обработени XIX и XX век до 1945 година, со голем број податоци за животот, економијата, занимањата, трговијата, учеството на галичаните во војните од овој период итн. Не помалку интересни се и прилозите за арамиството во истиот период, мијачкиот дијалект и таен јазик, биографиите на илинденци, членови на МРО од Галичник и учеството во НОБ. Во бројните прилози е и списокот на галичките презимиња, како и речникот на турцизми, архаизми и помалку познати зборови. Се' на се' една извонредно богата монографија со редок библиографски и фотографски материјал. Дамјан Бужаровски работи во архивското одделение на Народна банка на РСМ, има магистрирано на Економскиот факултет (монетарна економија) и Филозофскиот факултет (историја), каде во моментов е на докторски студии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
ЖивотМладите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов ЗеландПратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
Македонија64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар 64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30