Промоција на монографија за архитектурата на Скопје - Канал 5

Промоција на монографија за архитектурата на Скопје

„Арс Либрис" вечер ќе ја промовира монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)" од Ерина Богоева

Промоција на монографија за архитектурата на Скопје

По повод 74 години од ослободувањето на Скопје, „Арс Либрис" вечер од 19 часот во книжарницата „Литература.мк" ќе ја промовира монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)" од Ерина Богоева која содржи 80-ина фотографии.

Во фокусот на авторката се 30 објекти од јавен и резиденцијален карактер, меѓу кои: Управата за хидрометеоролошки работи, Телекомуникацискиот центар, Градски ѕид (блоковите и кулите), Студентскиот дом „Гоце Делчев", Домот на Армијата, Соборниот храм „Св. Климент Охридски", Католичката црква „Пресвето срце Исусово"…

– Модерната архитектура е основна тематска преокупација во новиот циклус фотографии на Богоева. Како и во претходниот, таа продолжува да се инспирира од истакнатите примери на модернистичкото архитектонско наследство на Скопје, што за неа претставува посебен творечки предизвик. Преку своите најнови фотографии на кои се прикажани триесетина градби изградени во втората половина на 20 век, гледано од архитектонска перспектива, Богоева нè навраќа на најважниот период од историјата на развојот на градот – периодот на интензивната постземјотресна обнова, наведува издавачот „Арс Либрис" – дел од „Арс Ламина публикации".

Проектот е поддржан од Град Скопје, како дел од конкурсот за проекти од областа на културата кои би го застапувале или збогатиле културниот живот на градот. Фотографиите се направени во период од 10 месеци, во различни временски услови.

Ерина Богоева (Скопје, 1988) дипломирала на Катедрата по англиски јазик на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески", а потоа образованието го продолжила на Универзитетот „Нотингам" во Обединетото Кралство каде што магистрира на студиската програма Филм, телевизија и екранска индустрија. Напоредно со студирањето таа самостојно се изградува како фотограф и активно учествува во голем број групни изложби, помали самостојни проекти во Македонија и во странство, учествува во жирирање на конкурси. Досега има остварено четири самостојни изложби. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови смарт-табли во ООУ „Блаже Конески“ за целосно современа настава

Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење.

Нови смарт-табли во ООУ „Блаже Конески“ за целосно современа настава

Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава.

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и средина во која учењето ќе биде поинтересно, поинтерактивно и поблиску до современиот начин на живот.

Со ова, ООУ „Блаже Конески“ се издвојува како едно од најмодерно опремените основни училишта во земјава – училиште кое ги следи современите образовни трендови и создава подобри услови за своите ученици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинезите направија тоалет што доаѓа кај вас кога ви е потребен

Кинеската компанија YUEBAN претстави робот-тоалет што доаѓа кај корисникот секогаш кога е потребно. 

Кинезите направија тоалет што доаѓа кај вас кога ви е потребен

Уредот, наречен Xiaoban, се движи низ домот, се паркира покрај креветот или фотелјата, се чисти по употребата и се враќа на својата станица.

Иако звучи како реквизит од некоја бизарна епизода на научно-фантастична серија, зад уредот стои многу практична идеја. Xiaoban е дизајниран да им го олесни одењето до тоалетот на постарите лица и на луѓето со ограничена подвижност, за кои тоа често претставува голем физички напор или ризик од пад. YUEBAN го претстави роботот на Меѓународниот саем во Шангај во 2026 година, посветен на грижата за стари лица, помагалата и рехабилитациската медицина. Уредот е претставен како помагало наменето за постари лица, неподвижни лица и оние што закрепнуваат од операции или повреди.

Корисникот го повикува роботот преку далечински управувач со големи копчиња или со гласовни команди кои функционираат и без интернет, така што нема потреба од користење паметен телефон или каква било апликација.

Кога е активиран, Xiaoban користи комбинација од LiDAR, ласерски и ултразвучни сензори за да го мапира просторот, да ги избегнува пречките и да го пронајде патот низ станот, препознавајќи мебел, врати и скали.

Самиот уред е многу пософистициран од обична тоалетна школка. Xiaoban поседува вградено биде, систем за сушење со топол воздух и механизми за контрола на непријатни мириси. По употребата, роботот автоматски се чисти и дезинфицира, а УВ-стерилизацијата и затворениот простор за складирање отпад ја намалуваат потребата од рачно чистење.

Откако ќе заврши, Xiaoban самостојно се враќа на станицата за приклучување, која може да се поврзе со домашната водоводна и канализациска мрежа. На тој начин, роботот го празни отпадот, се чисти себеси, ја дополнува водата и ја полни батеријата, а вградениот механизам за мелење треба да спречи затнување.

Доколку станицата нема поврзување со канализацискиот систем, роботот може самостојно да отиде до тоалетот и, со помош на механизам на извлекување, да го префрли отпадот во обична тоалетна школка.

Во Кина, „Xiaoban“ се продава по цена од 28.999 јуани, што изнесува меѓу 4.000 и 4.300 долари, во зависност од девизниот курс. Засега не е познато дали уредот ќе биде достапен надвор од кинескиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите и модернизацијата на УХМР

Денеска имавме можност да се запознаеме со сето она коешто изминатиов период е направено во Управата за хидрометеоролошки работи. 

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите и модернизацијата на УХМР

Тоа што го кажа директорот е навистина импресивно. Мојата поддршка е апсолутно тука неограничена, бидејќи нè инспирира работата на луѓе коишто се мотивирани да создаваат, да институциите коишто ги раководат ги модернизираат процедурите, техниките внатре и така натаму.

Она кое што претставува предизвик, не само во оваа институција, туку и во голем број други институции, е кадарот, се разбира, стручниот кадар, тоа е нешто коешто е многу важно. Се надевам дека во периодот којшто следи покрај овој прв предуслов, а тоа е опремата којашто веќе е инсталирана, да обезбедиме кадар којшто ќе може да работи на таа соодветна опрема и ќе може да добива соодветни резултати, коишто на нас ни се потребни за да креираме стратегии и политики.

Уште еднаш сакам да му честитам на директорот, на тимот на вработените, бидејќи без нив сам никој ништо не може.

Како институција мислам дека функционираат одлично, сега за сега. Се надевам дека ќе продолжат уште подобро и во периодот којшто следи да функционираат, а ние како Влада ќе продолжиме како што кажав, во рамките на можностите, да ги поддржуваме проектите и амбицијата на директорот и на раководството на самата институција, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер