Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага
1Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага
КултураПромоција на монографија „Македонска поетика и стилистика“ во МадридИзданието првенствено има за цел да ја афирмира македонската книжевност и култура во славистичките кругови, но и пошироко, пред европската културна јавност. Во рамките на Меѓународната научна конференција посветена на Иво Андриќ, инаку 17. Симпозиум како дел од научно-истражувачкиот проект „Андриќ-Иницијативи: Иво Андриќ во европски контекст (https://www.gralis2.at/gralis/) под раководство на емеритус проф. д-р Бранко Тошовиќ, што се одржа во Мадрид од 2 до 5 октомври беше промовирана колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“. На Конференцијата учестуваа повеќе од 80 универзитетски професори од Европа. Од Македонија учество зедоа д-р Весна Мојсова-Чепишевска, д-р Славчо Ковилоски и м-р Марина Цветаноска кои остварија и средба со македонскиот амбасадор во Кралството Шпанија, Едмонд Адеми. Промоцијата на колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ се одржа во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид (Universidad Complutense de Madrid) и се надоврза на редицата претходни промоции (тие на Универзитетите во Задар, Бања Лука и Париз, како и на УКИМ во Скопје). Промотор беше д-р Славчо Ковилоски, кој заедно со д-р Бранко Тошовиќ воедно е и редактор на монографијата. Изданието првенствено има за цел да ја афирмира македонската книжевност и култура во славистичките кругови, но и пошироко, пред европската културна јавност. Уште со насловната страна изработена од д-р Бранко Тошовиќ се даваат симболични одговори за значењето и местото на Македонија во светската култура. На неа се претставени Охридското Езеро како знак за препознавање на земјата, Блаже Конески како најзначајниот македонски филолог и истражувач и стара книга која го претставува почетокот на словенската писменост во Македонија и пошироко преку Охридската книжевна школа создадена од Св. Климент Охридски во 886 година. Имајќи предвид дека таа е наменета за странската читателска публика, во неа се обработени главните поетолошки и стилски движења во македонската книжевност почнувајќи од средниот век, па сѐ до денес. Таа не претставува книжевна историја, туку може да се чита како „компримирана историја“, како што во една прилика има истакнато д-р Венко Андоновски. Бидејќи целта не е да се претстават сите македонски автори кои твореле низ вековите, врз репрезентативни примери се дадени основните насоки низ кои се движела македонската литература во минатото и денес. Исто така, книгата е сочинета од богат библиографски показалец со цел на идните македонисти побрзо да им се овозможи преглед на македонската теориска литература. Изданието е работено според методологијата и насоките укажани и прифатени од Комисијата за стилистика на Меѓународниот славистички комитет и Институтот за славистика на Универзитетот „Карл Франц“ во Грац, Австрија, кои воедно се јавуваат и како издавачи. Автори на монографијата се Славчо Ковилоски, Марина Цветаноска, Билјана Рајчинова-Николова, Славица Петровска-Ѓорѓевска и Ема Лакинска, професорите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“: Весна Мојсова-Чепишевска, Иван Антоновски и Трајче Стамески, сите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и Бранко Тошовиќ од Универзитетот во Грац.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМладите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрагаДенес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички.Сега нè напаѓаат јавно - со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи. ВМРО на прес-конференција објави податоци од документи од Полициската станица Струмица. Податоци до кои немаат право на пристап. Податоци што се водени како службена тајна. Тоа не е политика тоа е кривично дело. Бараме од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да поднесе кривична пријава против: • Полициски службеници од Полициската станица Струмица, кои неовластено извадиле и предале доверливи полициски податоци, • Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, кој како прв човек на МВР сноси одговорност за злоупотребата на полицијата, • Валентин Манасиевски, кој јавно ги објавил тие податоци и ги искористил за јавен линч врз младите. Истовремено бараме Внатрешната контрола на МВР итно да утврди кој им овозможил пристап на функционери на ВМРО до службена тајна и кој ставил потпис. За што ќе бараме и посебно вештачење. Ако институциите не постапат, ние ќе поднесеме кривична пријава. За сите. Погрешивте што дигнавте рака на младите. Погрешивте што направивте уште едно кривично дело за да нè замолчите. Не успеавте во Ново Село. Нема да успеете ниту сега. Ние не се плашиме. Вистината е на наша страна. И доаѓа време кога сите ќе одговарате. Центар за комуникации на СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИзложба „Дома“ во ПрилепВо преполната Ликовна галерија од ЦК"Марко Цепенков" во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата на фотографии и дигитални дела "Дома" од прилепските уметници Александра Ацеска и Илија Ацески.Изложбата ја отвори Филип Димкоски, кој посочи дека станува збор за поставка на фотографии и фотоманипулации, кои носат спој на две различни уметнички перцепции. "Илија Ацески е конкретен, прецизен и рационален. Ја застапува аристотеловата теорија дека објектот постои само во онаква форма каква што ја гледа набљудувачот. Спротивно на таа прагматичност, за Александра Ацеска, водата не е само вода, ниту пак планината е само планина. Таа во водата ја бара длабочината, а по планинските височини трага до врвот на мудроста. Овде имаме спротивставеност на машката и женската енергија, на визијата на таткото и визијата на ќерката, на мудроста на искуството и на полетноста на младоста, на цврстината на коренот и на силата на крилјата...Слободата со која се создавани делата, им дава слобода и на посетителите делата индивидуално да ги толкуваат и да извлечат свои пораки, поенти и заклучоци, но упатува на тоа дека домот не е конкретен простор, туку специфична состојба на духот. Добредојдовте дома" - рече Димкоски на отворањето на изложбата. Академската уметница Александра Ацеска живее и работи во Кина, има реализирано повеќе самостојни и групни изложби, а Илија Ацески долги години се занимава со фотографија. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа на ул. РадишанскаПо преземени мерки и активности, СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско.На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Додека, со телесни повреди се здобил возачот С.Б., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените. По дополнително преземени мерки, околу 19:40 часот во с.Арачиново, скопско, пронајдено е возилото и возачот С.О.(46) од с.Арачиново. Тој е лишен од слобода, спроведен е во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Радишани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook