Промоција на монографија и документарен филм за „Копачката“ - Канал 5

Промоција на монографија и документарен филм за „Копачката“

Патот на орото „Копачка“, од соборот во Драмче преку многубројните домашни и светски фестивали, па се до УНЕСКО, доби своја монографија и документарен филм.

Промоција на монографија и документарен филм за „Копачката“
По повод двегодишнината од впишувањето на „Копачката“ во УНЕСКО, денеска во Спомен-домот АСНОМ во Делчево пред многубројна публика и гости од Министерствто за култура, беа промовирани овие два значјани документи кои ќе останат да сведочат на идните генерации за живото оро „Копачка“ кое со векови се игра на овие простори. Авторот на монографијата Димитар Узунски, кој 58 години ја води „Копачката“ на фолклорната сцена, своите спомени, стари фотографии, згоди и незгоди, ги преточи во првата монографија за Копачката.

- Посебно сум горд што успеав да истраам и да ги сочувам и документирам сите мои спомени поврзани од Копачката. Уште во 1960 година, кога зпрв пат ги видов старите играорци како ја играат Копачката на една свадба во селото Драмче, и како одекнуваа тапаните од околните ридови, бев сигурен дека таа уметност на тапанџиите и на играорците заслужува добра промоција и дава перспектива да излезе орото „Копачка“ и надвор од Пијанец, рече Узунски.
Тој додаде дека грижливо ги чувал сите фотографии од нивните настапи, сите натписи во весници, а на монографијата работел цел живот.

Монографијата и документарниот филм се докумети кои остануваат на идните генерации, потенцираа рецензентите на монографијата м-р Ивона Опетчевска-Татарчевска од Управата за заштита на културното наследство и д-р Велика Стојкова-Серафимовска, од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.

- Од посебно значење е монографијата на авторот Димитар Узунски, бидејќи го претставува неговиот животен пат со „Копачката“, од неговото запознавање со „Копачката“ и до ден денешен она што го поминува со неа. Станува збор за исклучително богата монографија со многу прецизно водена архива и ние сме исклучително среќни што имаме мжност да ја промовираме, истакна м-р Ивона Опетчевска- Татарчевска.
За д-р Велика Стојкова-Серафимовска од Институт за фолклор„ Марко Цепенков“ и двата производи и филмот и книгата се од огромно значење за архивирање на целиот процес на впишување на Копачката во УНЕСКО.

- Ние сме горди на „Копачката“ и на Делчево, бидејќи се сфати вредноста на овој чин на впишување во УНЕСКО. Тоа може да се види и во самиот филм кој претставува на еден начин видео документиран материјал за целиот процес кој траеше од 2010 година, но и многу порано од кога се роди иницијативата. Овој филм може да ни го покаже моментот на упорност, посветеност и љубов, дека она што се предлага за УНЕСКО е заслужно и вредно да влезе на оваа репрезентативна листа, рече Стојкова-Серафимовска.

Копачката сега е пред предизвик да се докаже одржливоста на орото, истака Перса Стојановска, секретар на Здруженето „Копачка“.
- Ние и годинава со поддршка на Минситерството за култура ќе работиме на низа проекти со кои докажуваме дека орото „Копачка“ е живо оро. Еден од нив е и „Копачката и соборите“, каде на терен ќе ги следиме сите модофикации на орото по што планираме да издадеме уште една публикација, рече Стојановска.

По повод двегодишнината од Копачката во УНЕСКО, на поединци и фирми поддржувачи на „Копаката“ им беа доделени благодарници. Благодарница доби и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!

Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните.

ЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!

Додека премиерот шири розева пропаганда за наводен просперитет, суровата реалност и најновите PISA резултати покажуваат поразителна слика за Македонија: загрижувачка елементарна и функционална неписменост кај младите и целосен слом на образовниот систем. Оваа општествена хаварија директно се пресликува и во судството, каде што одлуките станаа целосно неразбирливи за обичниот човек. Во оваа држава, за ситен криминал се одговара експресно, додека за најголемите коруптивни процеси постапките немаат завршница или завршуваат со ослободителни пресуди за кои дури и не се објавуваат пишани образложенија, како што е случајот со „Талир 2“ и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. За да се види каде завршиле искрадените пари од џебот на граѓаните, не треба замислување или правни филозофии — доволно е само да се отворат очите во центарот на Скопје и да се погледнат онаа огромна камена палата со толку спратови и целиот плоштад пред неа.

Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните. Власта новата учебна година ја започна со скандалозно преображение на наставните програми и слушање црковни писма наместо наука, додека прославата на независноста ја претвори во коруптивен спектакл со приватизација на државни функции. Генералната неказнивост гарантирана преку Кривичниот законик, законите заглавени со месеци, и трагичниот, животозагрозувачки недостиг на лекови на Онкологија се само потврда дека системот е целосно заглавен. По истиот овој коруптивен модел денес на сите им е јасно зошто бегаме од европските правила и зошто по истиот принцип паѓаат економијата, здравството и образованието.

Во вакви катастрофални околности, Либерално-демократската партија (ЛДП) констатира дека, спротивно од празниот оптимизам на премиерот, иселувањето од Македонија не само што нема да запре, туку драматично ќе се интензивира во наредните години како директна последица на ова лошо владеење. Кој нормален човек, млад професионалец или родител би останал да живее во земја каде што ги нема основните услови за здравје, правда и заштита на сопствените деца? Единствените кои со задоволство ќе останат во ваква заглавена држава се луѓето од партиската елита на ВМРО-ДПМНЕ, кои се и единствените кои ја градат сопствената иднина врз грбот на оние кои си заминуваат.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде дрога во Љубаништа, лишено од слобода едно лице

При извршениот преглед кај лицето биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета.

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде дрога во Љубаништа, лишено од слобода едно лице

Вчера (12.09.2026) во 22:20 часот, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад-Охрид, во рамки на преземените мерки и активности во врска со недозволена трговија со дрога, кај Автокамп „Љубаништа“ извршиле контрола и преглед над А.Ш.(43) од Прилеп.

При извршениот преглед кај лицето биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета.

Лицето било лишено од слобода, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови улици, училишта, спортски содржини и зголемена поддршка за семејствата, Илинден се развива со дела

За период од една година Општина Илинден со посветена работа и јасна визија продолжува да се сразвива и да создава подобри услови за живот на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови улици, училишта, спортски содржини и зголемена поддршка за семејствата, Илинден се развива со дела

Во изминатиот период во Општина Илинден се реализираа бројни проекти кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.

Општина Илинден продолжува со силни инвестиции во инфраструктурата. Реконструирани и изградени се повеќе локални улици и патишта во Илинден, Кадино, Мршевци Дељадровци и населбата Јака, а во тек се и нови инфраструктурни проекти.

Посебен фокус е ставен на иднината на децата. Започната е изградбата на новата училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“, со 10 училници и современи услови за настава. Во училиштата низ општината продолжуваат реконструкциите, опремувањето и создавањето подобри услови за учениците.

Грижата за семејствата останува еден од приоритетите. Еднократната финансиска поддршка за новороденчињата е зголемена на 6.000 денари, а од учебната 2026/2027 година е воведена и поддршка од 3.000 денари за секое прваче, покрај бесплатните ранци и прибор.

Се инвестира и во спортот. Се гради нова трибина на фудбалскиот стадион во Илинден со капацитет од околу 1.100 гледачи, додека спортската сала „Гоце Делчев“ се реновира по речиси две децении. Реконструирани се и спортски игралишта во Мралино и Марино.

Инвестициите во животната средина и комуналната инфраструктура продолжуваат. Изградени се повеќе километри канализациска мрежа во Кадино, започнат е голем проект за канализација во Миладиновци, продолжува проширувањето на водоводната мрежа, а во рамките на проектот „Зелена Општина Илинден“ засадени се над 1.000 нови садници.

Ова се само дел од проектите кои се реализирани.

Општина Илинден продолжува со уште посилно темпо, за современа инфраструктура, подобри услови за живот, повеќе можности за младите и сигурна иднина за секое семејство.

Илинден продолжува да се развива и да се менува на подобро.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер