КултураПромоција на македонската култура во Париз, oвации за претставата „14 часа“ Изведбата на современата балетска претстава „14 часа“ со силен аплауз беше поздравена синоќа во преполната сала на театарот Ле Палас во Париз, Република Франција. Многубројните присутни, меѓу кои и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер, амбасадорот на Македонија во оваа земја, Агрон Буџаку, претседателот на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа, Јордан Плевнеш, дипломати, високи претставници на УНЕСКО и претставници на Францускиот институт од Париз, со овации го поздравија настапот на првениците и солистите на Македонската опера и балет. Како особено успешни, соопшти Министерството за култура, беа оценети уметничките креации на примабалерината Александра Мијалкова и првенецот Васил Чичијашвили, како и солистите кои се дел од оваа најизведувана македонска балетска продукција која во изминатиот период беше прикажана во неколку европски центрим меѓу кои Рим, Виена и во Сараево. Пред почетокот на изведбата на претставата, беше отворено и јубилејното, петто по ред, издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа „SEE a Paris”, кој од 12 до 16 април се одржува во француската метропола. На церемонијата на свеченото отворање, министерката Канческа-Милевска истакна дека фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа е успешен модел на соработка со која земјите од овој регион ги манифестираат своите заеднички заложби за отворена соработка и размена на културните вредности кои ги поседуваме како држави и кои се дел од европскиот културен мозаик. Таа пред присутните гости и претставници од филмските продукции на 12 земји од Балканот ги нагласи заложбите на Владата на Република Македонија и Министерството за култура за поддршка на филмската дејност и промоција на македонската кинематографија во меѓународен контекст. Информираше и за мерките за субвенционирање на филмските продукции кои ќе работат во Република Македонија и за кои е обезбеден поврат од 20 отсто на средствата вложени во реализацијата на филмските остварувања. На програмата на ова јубилејно издание ќе бидат прикажани и неколку македонски филмови на режисерите Игор Иванов, Сашко Потер Мицевски, Тамара Котевска, Вук Митевски, Ѓорче Ставревски, Кирил Каракаш и Марко Црногорски. На церемонијата на свеченото отворање, беа доделени и неколку почесни награди, меѓу кои наградата за најдобар актер во југоисточна Европа, која му беше врачена на светски реномираниот актер Раде Шербеџија. За време на престојот во Париз, министерката Канческа-Милевска, предвидено е денеска во седиштето на УНЕСКО да оствари работна средба со генералниот директор на оваа меѓународна организација, Ирина Бокова. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter