Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава
1Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава
3Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
КултураПромоција на книги од Санде Стојчевски, Елена Пренџова и од Стефан МарковскиПромоција на книгите „Болката на јаболкото" од Санде Стојчевски, „Мини прирачник за поезија" од Елена Пренџова и „Хипербог" од Стефан Марковски, ќе бидат промовирани вечерва во Салон 19:19, во Културно-информативниот центар – Скопје.Како што најавија од КИЦ-Скопје, книгите ќе ги промовира Филип Клетников, а извадоци ќе читаат авторите. Санде Стојчевски е реномиран македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга" – Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија. Елена Пренџова (1985, Скопје) е поетеса и слемерка. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. На книжевната сцена е присутна една деценија, како авторка на шест поетски збирки, од кои четири се наградени со национални награди, и има една коавторска двојазична збирка, во препев на српски. Денес е една од уредниците на најстарото книжевно списание „Современост" и активна членка на ДПМ од 2012 год. Последните неколку години организира слем-натпревари во градовите низ Македонија. Стефан Марковски е роден и израснат во Гевгелија, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал на Катедрата за компаративна книжевност при Филолошкиот факултет и Институтот за филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, а магистрирал Сценарио за филм и ТВ на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Марковски е член на Друштвото на писатели на Македонија, македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт и други здруженија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаИталија сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 13 годиниЗа малолетниците на возраст од 13 до 15 години, користењето ќе биде дозволено само доколку нивните профили се поврзани со профилот на родител.Италија се приклучи на растечката листа на земји кои планираат да го ограничат пристапот на малолетниците до социјалните мрежи – следејќи го примерот на држави како Австралија, Бразил и Грција – при што се очекува парламентот до крајот на годината да одобри владина уредба за ова прашање. На децата помлади од 13 години ќе им биде забрането да имаат профили на социјалните мрежи. За малолетниците на возраст од 13 до 15 години, користењето ќе биде дозволено само доколку нивните профили се поврзани со профилот на родител. Малолетниците ќе можат да имаат самостојни профили дури откако ќе наполнат 16 години. Амандманот има поддршка од владејачката коалиција Овие мерки се дел од амандман на уредба за безбедност, која моментално е предмет на парламентарна расправа и се очекува да биде усвоена до крајот на декември. Амандманот – во кој увид имаше агенцијата „Ројтерс“ – сè уште не е официјално претставен, но ја ужива поддршката на десничарската коалиција на премиерката Џорџа Мелони. Според парламентарни извори, неговото усвојување е речиси сигурно. „Овој амандман би можел да биде пресвртна точка за сите родители кои се соочуваат со дигиталната зависност кај своите деца, како и за самите малолетници“, изјави Фабио Рампели, пратеник од партијата на премиерката Џорџа Мелони, „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia). Платформите за социјални мрежи ќе мора да ја проверуваат возраста на корисниците Според актуелниот предлог – кој сè уште може да претрпи измени за време на парламентарната расправа – образовните апликации се изземени од забраната. Извори наведуваат дека од компаниите што управуваат со социјалните мрежи ќе се бара да ја проверуваат возраста на своите корисници, во согласност со насоките што ќе ги изготви италијанскиот регулатор за телекомуникации (AGCOM) во рок од девет месеци од стапувањето на прописот во сила. Од компаниите за социјални мрежи ќе се бара да ги променат своите алгоритми, со оглед на растечката глобална загриженост дека нивните платформи придонесуваат за криза во менталното здравје кај децата. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПанова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинаваПратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во своето излагање се осврна на делот за правосудниот систем.Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во своето излагање се осврна на делот за правосудниот систем, при што истакна дека за судската власт во 2027 година се планирани 3,352 милијарди денари, а како што кажа тоа е зголемување од 15,3 проценти, додека пак, за јавното обинителство се предвидени 965 милиони денари, или 8,9 проценти повеќе од 2026 година. Според неа, правдата треба да се обезбеди навремено и неселективно, а во таа насока пратеничката се осврна на Академијата за судии и јавни обвинители и Управата за извршување санкции. ,,Кога правосудна институција бара дополнителни средства, да каже колку предмети очекува повеќе да заврши, кои слабости ќе ги отстрани и како јавноста ќе го види напредокот. Не ни треба натпревар кој погласно ветува правда. Ни требаат институции коишто ќе донесат правда. Токму затоа сакам да ја издвојам Академијата за судии и јавни обвинители. За 2027 година за нејзината програма се предвидени приближно 130 милиони денари. Оваа програма сега е прикажана во рамките на Министерството за правда, додека претходно била евидентирана во разделот Судска власт. Таа промена е важна за да не споредуваме несоодветни буџетски ставки и да не извлекуваме погрешни заклучоци “, рече Панова и додаде: ,,Во тие средства се предвидуваат околу 58 милиони денари за плати и надоместоци и околу 65 милиони за стоки и услуги, вклучувајќи ја обуката и договорните услуги. А зошто е ова важно? Затоа што професионален, стручен и независен судија не се создава со партиска изјава. Се создава со квалитетно образование, сериозна селекција, континуирана обука и личен интегритет. Истото важи и за обвинителите. Инвестирањето во Академијата треба да значи вложување во професионалноста, не во нови формални процедури без резултат. Затоа очекуваме резултати. Не помалку важна е Управата за извршување санкции. За неа се планирани 2,020 милијарди денари, 16,7 проценти повеќе од претходната година. Панова посочи дека капиталните расходи растат од 26,8 на 276,3 милиони денари, повеќе од десеткратно ниво, со најголем дел за градежна инфраструктура. ,,Во 2027 се предвидени активности за нови и реконструирани капацитети во КПД Идризово, вклучувајќи притворско и затворено одделение. И тука мојата порака е јасна: законитото извршување на санкциите е дел од владеењето на правото. Безбедност за персоналот, човечки услови, контрола врз установите и програми за ресоцијализација не се спротивставени цели. Тие се делови од еден ист систем. Државата мора да биде доследна во спроведувањето на правосилните одлуки, а истовремено да ги почитува законските и меѓународните стандарди“, вели таа, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Сотир КостовВо понеделник, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир КостовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter