Промоција на книгата „Средба со Диоген“ од Христина Аслимоска - Канал 5

Промоција на книгата „Средба со Диоген“ од Христина Аслимоска

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „Средба со Диоген“ од Христина Аслимоска.

Промоција на книгата „Средба со Диоген“ од Христина Аслимоска
Промотори на книгата ќе бидат Татјана Гогоска и Филип Димкоски.

Христина Аслимовска завршила постдипломски студии од областа англиска книжевност на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Досега има објавено неколку дела: „Заорок“ (поезија), „Бисерни зборови“ (поезија), „Разделба со детството“ (поезија и проза), „Капка надеж“ (поезија), „Дневник на душата“ (проза).

Учествувала на повеќе семинари и е добитник на неколку награди и признанија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

Денеска Советот на јавните обвинители  треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Денеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и други

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапување

Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. 

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапување

Врховниот суд соопшти дека ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје во предметот против поранешниот градоначлник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и случајот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Кривичен го осуди Јакимовски за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект судот му изрече казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години. Тогаш Јакимовски рече дека пресудата е донесена без докази и дека е политички мотивирана. Со најновата одлука, Врховниот суд ги укинува првостепената пресуда од 2025 година и пресудата на Апелацискиот суд од 2026 година и предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер