По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
2По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
КултураПромоција на книгата – омаж „Јанко Николовски, по-етика на животот“Во организација на списанието „Комун@“, во Скопје е одржана промоцијата на книгата –омаж „Јанко Николовски , по-етика на животот“, која ја приредија м-р Жељко Рутовиќ и д-р Мирко Јаковљевиќ.Книгата, чиј издавач е „Комун@“, е посветена на публицистичко - научниот труд на Јанко Николовски - македонски новинар, теоретичар на културата и медиумските политики, интелектуалец и автор на забележани книги. Делото го сочинува збирка текстови, напишани од интелектуалци, професори, медиумски теоретичари и пријатели на Јанко Николовски од регионот, кои со него подолго време соработувале на тематски проекти посветени на слободата на изразување, меѓу кои и проф. д-р Ратко Божовиќ, проф. д-р Ведада Бараковиќ, проф. д-р Љиљана Булатовиќ, д-р Зулфо Ахметовиќ... Во книгата, од различни аспекти се осветлува ликот, делото и научниот допринос на Николовски, искрено посветен вљубеник во историјата, културата и природните убавини на Црна Гора. Тука се поместени и неговите научно-културолошко-есеистички текстови, кои ги објавувал во научни списанија, како и во печатените медиуми и портали во Црна Гора. Во име на издавачот, за книгата говореше директорот и главен уредник на списанието „Комун@“, м-р Амер Рамусовиќ, кој истакна дека Јанко бил искрен пријател на Црна Гора и дека при честите средби со пријателите во Црна Горасекогап се висхитувал на силата на слободата која, како што истакнувал, ја имаат Црногорците. „Пишуваше за бројни печатени и електронски медиуми во регионот, и секако и за нашето списание „Комун@“, кое неизмерно го почитуваше и сакаше, користејќи ја секоја прилика, на искрен и оригинален начин да го констатира тоа со своите писма од Македонија. Ја сакаше Црна Гора толку, што му беше чест што Црногорците му се пријатели, како и нам, кои дружењето со него го доживувавме како привилегија која ни го оснажнува умот, слушајќи го мудриот збор, која го осветлува трновитиот пат, од кој треба да се ослободиме. А слободарската искра на Црногорците толку го обземаше и кон неа покажуваше восхитување, кое го истакнуваше кога и да му се укажеше прилика.“, меѓу другото истакна Рамусовиќ, додавајќи дека Јанко ги нарекувал Црногорците митски народ и често повторувал дека не сакале да стават цена на слободата. „Ја разбираше црногорската потреба, како што ги разбираше и обидите да им се замени слободата на Црногорците со трагична линија на губење на идентитетот, па ревносно пишуваше за врските на македонскиот и црногорскиот народ и во „Комун@“, рече Рамусивиќ. Рамусовиќ на крајот потсети дека Јанко со внимание следел што се случувало во Црна Гора. “Не можеше да сфати, ниту да разбере, дека има луѓе кои би ја предале сопствената држава на друг: „Колку сте вие Црногорците среќни што имате ваква држава, со ваква историја и традиција. Вие сте митски народ, бидејќи слободата и честа знаевте да ја цените повеќе од сопствениот живот. Затоа сте и големи и затоа ви се восхитуваат и оние кои надираат на вас. Џабе им е. Нема да можат да го победат славниот црногорски народ. Во тоа не успеале ни посилни од овие денес кои се окомиле на нејзините вредности.“, Рамусовиќ го цитираше Јанко Николовски, бурно поздравен од присутните. Рутовиќ, голем пријател на Јанко, благодарејќи на чија иницијатива е реализирана оваа книга, рече дека “Николовски бил интелектуалец во изворното значење на зборот, достојник и угледник на јавниот збор, ерудит со поливалентно образование, кој припаѓа на оној круг на ретки луѓе кои со мерка, критички и аргументирано ги промислува и анализира светот, луѓето и настаните... Не го прави тој тоа поради реклама, ниту за да некому ја докаже својата супериорност на духовното богатство, туку напротив – тоа го чини по мерка на античките мудрости, во вид на провокација и прашалник на филозофска сентенца, за чии мисли вечно трага, не доаѓајќи до крајниот и финален одговор.“, истакна Рутовиќ. Тој додаде и дека „Јанко, налик на ренесансните интелектуални пустолови и посветеници на духот, ја преиспитува секоја точка, нејзината постојаност и отпорност на сите (не)можни имитации, логични и нелогични, волни и неволни (не)очекувани пресврти, во рамките на чија космогонија точка забрзано ги менува своите места, улоги, значења и вредности. Драган Митов Ѓуровиќ, генералниот секретар на Здружението на црногорските новинари и еден од авторите на текстовите во книгата, истакна дека „на мостот на пријателството меѓу македонскиот и црногорскиот народ, кој е стар повеќе од десет векови... од љубовта на кнезот Владимир Дукљански и македонската убавица Кошара... преку заедничката борба за слобода, кога во борбата а Крушевската република, пред 120 години, на помош на Никола Карев доброволно пристигнале Црногорци, предводени од Никола Андријин Вукмировиќ, подоцна војвода Крушевски, татко на Боро Вукмировиќ, народен хероја и соборец на херојот Рамиз Садику...“ „Пред 110 години, кога на Брегалница заедно гинеа Црногорци и Македонци, па во текот на Втората светска војна, кога Блажо Јоков Орландиќ и Светозар Вукмановиќ Темпо дигаат востание и за време на повоеното пријателство и изградбата со посебно место за Матеја Матески и витезот на македонската книжевност, Сретен Петровиќ – во поново време посебно место му припаѓа на незаборавниот пријател на Црна Гора, Јанко Николовски, публицист, политичар и борец за слободната новинарска и политичка мисла, добитник на Плакетата на почитта, највисокото признание на Здружението на црногорските новинари, на големиот борец за вистина и правда и пријателство меѓу народите„, рече Ѓуровиќ, говорејќи за Јанко Николовски. За делото на Јанко Николовски и заедничкото дружење, говореше и неговиот долгогодишен пријател, другар од студентските денови и адвокат, Никола Поленак. „Јанко беше извонреден соговорник, кој се истакнуваше со своите мудри, објективни, логични и критички ставови за сите општествеин настани и појави.“ „Нашето дружење стана поинтензивно за време на студиите на Правниот факултет во Скопје, кога сите испити заедно ги учевме и полагавме, а Јанко во тоа време се истакнуваше со особини како одлично меморирање на факти, разликување на важни од неважни работи, логицирање, реторика, а, иако го заврши Правниот факултет, кај Јанко сепак се створи љубов кон новинарството, каде направи и успешна кариера како новинар, уредник на актуелни политички емисии, есеист и публицист, а подоцна и најголем стручњак во Македонија за слободно изразување во медумите, кога стана прд претседател на Комисијата за слободен притап до информации„, истакна Поленак. Благодарност до црногорските пријатели упати и неговата ќерка, Цветанка Николовска Гегај, која рече дека е одушевена – прво од тоа што во Црна Гора е издадена книга за нејзиниот татко, но и од тоа што слушнала толку убави зборови за него и за пријателството меѓу црногорскиот и македонскиот народ,кои треба да ги негуваат и продлабочуваат наредните генерации. Ѓуровиќ на Николовска Гегај, постхумно, за Јанко Николовски, и врачи Плакета од Здружението на црногорските новинари, за придонес во развојот на слободната новинарска и политичка мисла. Рамусовиќ, во име на издавачот на книгата и врачи примероци од изданија на „Комун@“, со објавени текстови од Јанко под наслов „Писма од Македонија“, како и репрезентативна монографија „Владетелите на Црна Гора“, од авторот Живко Андријашевиќ и Милан Шчекиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнатиНенадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово, предизвика големи штети во непалскиот округ Горка. Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации. Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче. Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи. Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаПо повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во КумановоТемелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава. СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар. „Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка. Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP). Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook