Промоција на книгата „Молитва за прошка“ на Јелена Бачиќ -Aлимпиќ - Канал 5

Промоција на книгата „Молитва за прошка“ на Јелена Бачиќ -Aлимпиќ

Српската писателка Јелена Бачиќ -Алимпиќ денеска ќе биде гостинка на „Клуб Матица“ и ќе ја промовира книгата „Молитва за прошка“. Таа е последна од трилогијата „Казна за гревот“ во која претходно беа објавени романите „Ноќта кога дојдоа сватовите“ и „Книга на спомените“.

Промоција на книгата „Молитва за прошка“ на Јелена Бачиќ -Aлимпиќ
„Молитва за прошка“ е роман за пресудните години, за занемените вистини, лагите и гревовите и за љубовта како последно засолниште, информира „Матица“.

- Многу сум возбудена и среќна поради издавањето на „Молитва за прошка“, третата книга од трилогијата „Казна за гревот“, затоа што со неа заокружувам една обемна и повеќеслојна приказна, а со тоа и деветмесечна исцрпувачка работа. Одвај ја чекам реакцијата на читателите. Сe надевам дека нема да ги изневерам, и дека крајот на трилогијата ќе ги исполни нивните очекувања, изјави Бачиќ-Алимпиќ./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тој вредеше 30 милиони евра. Сега оди во затвор поради сексуален напад

Кариерата на 30 годишниот фудбалер Санти Мина кој своевремено беше проценет на 30 милиони евра – практично е завршена по конечната судска пресуда.

Тој вредеше 30 милиони евра. Сега оди во затвор поради сексуален напад

Поранешниот напаѓач на Селта и Валенсија мора да отслужи четиригодишна затворска казна за сексуален напад, со што се става крај на повеќегодишниот правен процес.

Првичната пресуда беше донесена во пролетта 2022 година, но адвокатите на Мина поднесоа жалба. Шпанските медиуми известуваат дека Високиот суд на Андалузија сега ја потврдил пресудата за вина и ја отфрлил жалбата против затворската казна. Единствената измена се однесува на отштетата досудена за жртвата, која е намалена од првичните 50.000 евра на 25.000 евра.

По отфрлањето на жалбата, Мина е должен да ја отслужи казната.

Случајот потекнува од настан што се случил на 16 јуни 2017 година, додека Мина бил играч на Валенсија. Според судските документи, нападот се случил околу 4:30 часот наутро во близина на ноќен клуб во Мохакар, во провинцијата Алмерија. Инцидентот се случил во возилото на друг фудбалер, Давид Голдар.

Во времето на нападот, Мина важеше за еден од најперспективните млади фудбалери во Шпанија. Својата кариера ја започна во младинската школа на Селта Виго, а за првиот тим дебитираше на 17-годишна возраст. По две сезони премина во Валенсија, за по четири години да се врати во Селта.

Поради тековните правни постапки, една сезона помина на позајмица во саудискиот клуб Ал-Шабаб, а професионалната кариера ја заврши во јули 2023 година.

Одигра вкупно 268 натпревари во шпанската Ла Лига, при што постигна 63 гола и забележа 25 асистенции. Исто така, постигна два гола на осум натпревари во Лигата на шампионите.

Иако беше редовен член на младинските репрезентации на Шпанија, никогаш не заигра за сениорскиот тим. Неговата пазарна вредност достигна 30 милиони евра во 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, затоа нека се посвети малку на консолидирање

Венко Филипче и актуелното раководство секој ден се противат на сè што води кон економски раст и подобар животен стандард.

Петрушевски: Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, затоа нека се посвети малку на консолидирање

Секој ден се противат на нешто и најавуваат блокади. Филипче вели дека СДС ќе го блокира отворањето на нови рудници. СДС е и против нови индустрии и дата-центри.

Исто така, секој ден вели дека нема да дозволи распродажба на Македонија, а токму Зоран Заев даде сè што можеше да даде, и со речникот на Филипче, распродаде.

Со речиси секојдневните јавни настапи Филипче изгледа очајно, а очигледно има една цел, да се задржи на политичката сцена и ништо повеќе, бидејќи партијата му е во изумирање.

Со ова Филипче покажува дека нема капацитет разумно да расудува и да размислува.

А има само еден факт и тој е јасен – токму криминалите и распродажбата на државата го сместија СДС во длабока опозиција.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина до Филипините: „Веднаш прекинете ги провокациите“

Кина ги повика Филипините да ги прекинат провокациите откако тие испратија брод за снабдување до воен брод што е незаконски „насукан“ во близина на кинескиот гребен Рен'аи Џиао, изјави денеска портпаролот на Кинеската крајбрежна стража, Ган Ју.

Кина до Филипините: „Веднаш прекинете ги провокациите“

Ган изјави дека, кршејќи ги своите обврски и игнорирајќи ги предупредувањата на Кина, филипинската страна презела провокативни дејства за време на кинески празник и го преувеличала инцидентот, со што сериозно ја прекршила Декларацијата за однесувањето на страните во Јужното Кинеско Море и тешко ги загрозила мирот и стабилноста во регионот, пренесува „Глобал тајмс“ (Global Times).

Тој истакна дека Кинеската крајбрежна стража презела мерки против филипинскиот брод за снабдување во согласност со законот, вклучително и надзор на лице место и усни предупредувања.

Кинеската крајбрежна стража ќе продолжи да спроведува активности за заштита на правата и спроведување на законот во областа на островите Нанша – вклучувајќи ги Рен'аи Џиао и соседните води – во согласност со законот, и одлучно ќе го штити територијалниот суверенитет на Кина, како и нејзините поморски права и интереси, рече портпаролот. Филипинската крајбрежна стража претходно денеска ја обвини Кина за попречување на мисијата за снабдување на трупите стационирани на насуканиот воен брод од времето на Втората светска војна во Јужното Кинеско Море, наведувајќи дека опасните маневри на кинеските бродови „го довеле во опасност филипинскиот персонал“ и го спречиле завршувањето на мисијата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер