Промоција на книгата „Македонска љубовна лирика“ - Канал 5

Промоција на книгата „Македонска љубовна лирика“

Во чест на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски, издавачката куќа „Матица македонска“ вечер од 19 часот во Паркот на книгите на „Матица ексклузив“ ќе ја промовира книгата „Македонска љубовна лирика“.

Промоција на книгата „Македонска љубовна лирика“

Изданието е приредено од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновскии и е посветено на раѓањето на Андреевски - авторот на стихозбирката „Дениција“ за која „Матица македонска“ наведува дека е „македонска химна на љубовта, жената и татковината“.

-„Македонска љубовна лирика“ е книгата што ни ја враќа вербата дека и во нашево време може вистински да се љуби и македонската поезија да се чита со страст. Станува збор за најобемниот тематски избор од современата македонска поезија објавен досега, во кој на близу 500 страници се поместени близу 350 најубави љубовни песни од македонски современи поетеси и поети од сите генерации. Покрај канонските автори, во изданието се застапени и автори на коишто досега не им се посветило заслужено внимание, македонски автори што создаваат на други јазици, а чиешто творештво е препеано на македонски и автори од најновите генерации, информира „Матица македонска“.

На промоцијата на книгата, стихови ќе интерпретира актерот Роберт Вељановски, а ќе има и музичка програма на Драган Мијалковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сити не се откажува ниту од Енцо Фернандез

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити дефинитовно не се откажува ниту од Енцо Фернандез, Челзи бара околу 140 милиони евра.

Сити не се откажува ниту од Енцо Фернандез

Покрај Буади, Манчестер Сити ја остава отворена вратата за голем трансфер на Енцо Фернандез.

Весникот *The Times* денес пренесува дека аргентинскиот репрезентативец останува една од целите на Сити по заминувањето на Родри. Челзи го проценува играчот за врска на 120 милиони фунти, односно приближно 139 милиони евра.

Минатата недела Челзи постави краен рок за заинтересираните клубови, но не доби понуда што ги исполнуваше нивните барања, поради што очекуваат Фернандез да остане. Сепак, интересот на Сити не стивнува.

Енцо Мареска добро го познава Аргентинецот од времето кога соработуваа во Челзи, а реализацијата на овој трансфер дополнително би ја зголемила и онака огромната инвестиција на Сити во реконструкцијата на средниот ред.

Доколку Сити успее да ги ангажира и Буади и Фернандез, тоа би значело дека потрошиле 373 милиони евра за реорганизација на својот среден ред. Енцо Фернандез – 139 милиони евра, Елиот Андерсон – 135 милиони евра и Ајуб Буади – 99 милиони евра

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден: Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино

Општина Илинден целосно ги реконструираше спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино, со што жителите добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.

Општина Илинден: Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот истакна дека во рамки на проектот се реконструирани фудбалскиот и кошаркарскиот терен, а реализирани се и низа дополнителни активности за уредување и заштита на целиот спортско-рекреативен простор.

Фудбалскиот терен е целосно обновен на површина од 924 м2, поставена е нова вештачка трева, два нови гола и заштитна мрежа зад головите, со што се создадени значително подобри услови за игра, тренинг и рекреативни активности.

Целосна реконструкција е извршена и на кошаркарскиот терен, кој се протега на површина од 436 м2, каде се поставени нови ПП пластични плочки, а заменети се и двете кошаркарски табли и двата обрачи.

Во рамки на уредувањето на спортскиот комплекс, поставена е и нова пластифицирана заштитна мрежа и нова панелна 2Д заштитна мрежа на површина од 132 м2.

Со реализацијата на овој проект, Марино доби целосно обновен спортско-рекреативен простор со современи услови за фудбал и кошарка, наменет за активностите и потребите на сите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влезот на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство?

СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија.

СДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влезот на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство?

Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа“ групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира јавноста и да каже што презема Агенцијата да го заштити медиумскиот простор во земјата и демократијата.

Каква е неговата улога?

Дали е известен за промената на сопственичката структура?

Како ќе го објасни тоа кога знае за целосното сопствеништво и поврзаноста на компаниите кои влегуваат во Македонија?

Дали знае дека на овој начин се создава дополнителна концентрација на политичко и странско медиумско влијание?

Има и друго прашање на кое треба Трајчевски да одговори.

Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава?
Дали има бугарски пасош?

Ова е легитимно прашање од јавен интерес, особено во момент кога странски влијанија се шират во земјава а институцијата со која раководи Трајчевски има законски надлежности во постапките.

Јавноста има право да ги знае одговорите.

Скопје, 19.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер