Промоција на книгата ,,Гледна точка'' на Јани Бојаџи - Канал 5

Промоција на книгата ,,Гледна точка'' на Јани Бојаџи

Во Кинотека на Македонија вечерва ќе биде промовирана книгата „Гледна точка“ на македонскиот режисер, продуцент и сценарист Јани Бојаџи.

Промоција на книгата ,,Гледна точка

- Книгата „Гледна точка'' навидум зборува за работи за кои зборуваат, повеќе или помалку, на овој или оној начин, и сите многубројни учебници по режија и слични прирачници: основите на филмската режија, работата на режисерот, соработката со кинематограферот, со продуцентите, актерите итн. Но, она што ја прави оваа книга посебна, специфична, е тоа што таа е сосема лично видување на авторот на сите овие процеси, кое произлегува од неговото образование и досегашното работно искуство на филмот и телевизијата. Оттаму, и јазикот на книгата е искрен, отворен и авторот без задршки, храбро, анализира многубројни теми кои влегуваат во неговиот фокус, изнесувајќи сосема лични ставови и констатации. Оттаму, не случајно и книгата завршува со ставот на авторот: „Ова е мојата гледна точка!“, наведува д-р Атанас Чуповски во рецензијaта.

Водител на настанот ќе биде Александар Русјаков, а искуства ќе споделат и неколку актери, директори на фотографија и монтажери, соработници на Бојаџи.

Авторот најавува и специјално изненадување за сите кои ќе дојдат на промоцијата и ќе бидат дел од забавата. Ќе биде покажан трејлер од долгочекуваниот нов проект „Утре наутро“!

Јани Бојаџи е македонски режисер, продуцент и сценарист, кој зад себе има повеќе од десетици филмски и телевизиски проекти. Тој е доктор на науки, професор по филмска и телевизиска режија на Интернационален Универзитет Europa PRIMA, а од 2019 година е директор на Телевизија Алфа. Во 2013 година, се вработил во Канал 5, каде бил режисер, сценарист и извршен продуцент на серијалот „Македонски народни приказни“ и играни и документарни филмови, каде работел до 2017 година. Во март 2023 година, Бојаџи станува основач на платформата „Кинемое" која е наменета за македонска продукција за филмови и серии. Директор е на Фестивалот „Преку езерото“, што од 2023 година се одржува еднаш годишно во Дојран. Има напишано повеќе од 50 колумни за весникот „Нова Македонија“, за театар и филм.

Книгата „Гледна точка“ може да се купи во книжарницата „Или-или“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Атрактивната италијанска ТВ водителка  Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското  фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа.

Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал.

Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси.

Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Ѕвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар  го пропушта и дуелот од 2 коло  против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата.

Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство.

Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт.

Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. 

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ...

Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан .

Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер