СДСМ: Без табуа, со знаење - младите заслужуваат предмет каде ќе се учи на промоција на здравје, здравствени навики и сексуално образование
1СДСМ: Без табуа, со знаење - младите заслужуваат предмет каде ќе се учи на промоција на здравје, здравствени навики и сексуално образование
КултураПромоција на Избраните дела на академик РистовскиПо повод 85-годишнината од раѓањето на академик Блаже Ристовски во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи промоција на неговите Избрани дела во десет томови, што ги објави книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.Воведен збор ќе има претседателот на МАНУ Владо Камбовски, а делата ќе ги промовираат Георги Старделов, Катица Ќулафкова, Димитар Пандев, Симо Младеновски и Раде Силјан, кој е главен уредник на изданието. Покрај тоа ќе биде организирана изложба на објавените дела на Ристовски, која ќе ја отвори академик Витомир Митевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВенеција воведе нова мерка за наплата на влез за туриститеВенеција, една од најпопуларните европски туристички дестинации, следната година ќе го зголеми бројот на денови во кои ќе наплаќа влезница, објавија денеска градските власти. Во согласност со одлуката на градскиот совет, еднодневните посетители ќе мора да платат такса до 10 евра за вкупно 72 дена - во периодот од Велики петок до средината на август следната година. Оваа година, тој број беше 60 дена. Градските власти досега се воздржаа од значително зголемување на цената, иако претходно се дискутираше за воведување такса од 30 евра или дури и повеќе. Музејски пристап Во април 2024 година, Венеција стана првиот град во светот што воведе влезница за еднодневни посетители. Оние кои направиле резервација најмалку три дена однапред, можеа да платат 5 евра оваа година. Но, секој што чекал подолго морал да плати 10 евра. Посетителите обично го преземаат QR-кодот на своите мобилни телефони за оваа намена, иако многумина успеваат да избегнат плаќање. Оваа година, повеќе од 650.000 посетители ја платија таксата, со што градската каса донесе повеќе од 5 милиони евра. Гостите што преноќуваат во градот се ослободени од плаќање на оваа влезница, но се должни да платат данок за престој. И во овој случај, постојат исклучоци за одредени групи. Градската администрација постојано нагласува дека целта не е да се генерира приход, туку подобро да се управува со протокот на посетители. Токму затоа се разгледуваше воведувањето значително повисоки влезници. Но, одлуката не е исклучиво во рацете на Венеција - зголемувањето на таксата за посета на овој историски град, основан во 5 век, мора да биде одобрено и од националната влада во Рим. И покрај таксата, бројот на посетители останува висок Воведувањето на таксата досега не резултираше со намалување на бројот на посетители. Венеција е веќе скапа. Еднократен билет за возење со воден автобус, популарното вапорето, чини 9,50 евра, додека получасовно возење со гондола чини најмалку 90 евра. Градот заработува многу пари од туризмот, но и многу страда од него. Денес, градот има значително повеќе хотелски кревети отколку жители. Во центарот на градот денес живеат помалку од 50.000 луѓе, што е бројка што далеку заостанува зад втората бројка - милионите туристи што го посетуваат секоја година од целиот свет. Според проценките, повеќе од 25 милиони луѓе ја посетуваат Венеција годишно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаСДСМ: Без табуа, со знаење - младите заслужуваат предмет каде ќе се учи на промоција на здравје, здравствени навики и сексуално образованиеНа младинската трибина на СДММ „Без табуа, со знаење - младите и сексуалното образование“, учесниците порачаа дека младите имаат право на научно засновани информации, здравствена заштита и образование.На младинската трибина на СДММ „Без табуа, со знаење - младите и сексуалното образование“, учесниците порачаа дека младите имаат право на научно засновани информации, здравствена заштита и образование што ќе им помогне да носат одговорни одлуки и да градат здрави и ненасилни односи. На трибината се обратија претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, проф. д-р Ана Данева, претседателка на Комисијата за здравство на СДСМ и гинеколог, Даниела Николова, пратеничка и членка на Комисијата за образование и наука, доц. д-р Стефан Васев, член на Комисијата за труд и социјална политика и член на Европската асоцијација на сексолози, и Стефанија Кузмановска, претседателка на СДММ. Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека образованието мора да се темели на научно засновани факти и да им обезбеди на младите квалитетно знаење и соодветна институционална поддршка, посочувајќи дека денес Владата наметнува политики спротивни на потребите на младите и го ограничува нивниот пристап до едукација за здравјето, психофизичкиот развој и градењето здрави меѓучовечки односи. „Образовниот систем мора да се темели на знаење, наука и факти а младите имаат право на квалитетно образование и институционална поддршка. За жал, денес имаме Влада која, како и сè друго во државата, го узурпираше и образовниот систем, креирајќи политики спротивни на потребите на младите и ограничувајќи го нивниот пристап до едукација за теми од значење за нивното здравје, правилниот психофизички развој и градењето здрави и одговорни меѓучовечки односи. Образованието е важен дел од здравствената превенција и им помага на младите да го разбираат сопственото здравје, да препознаваат ризици и да носат одговорни одлуки“, рече Филипче. Проф. д-р Ана Данева се осврна на здравствените придобивки од сексуалното образование, особено во превенцијата на несакани бремености и сексуално преносливи инфекции, како и во развивањето здрави навики и одговорен однос кон сопственото тело. „Сексуалното образование е важен дел од здравствената превенција. Младите треба да имаат точни медицински информации за сопственото тело, репродуктивното здравје и начините на заштита, за да можат навремено и одговорно да се грижат за своето здравје“, истакна д-р Данева. Даниела Николова ја истакна потребата сексуалното образование да биде дел од образовниот систем, нагласувајќи дека неговата цел е младите да развијат самосвест, критичко размислување и почитување на сопствените и туѓите граници. „Сократовото ‘Спознај се самиот себеси’ нè потсетува дека не можеме свесно да управуваме со сопствениот живот ако не ги разбираме своите мотиви, чувства и граници. Сексуалното образование не треба да им диктира на младите кога, како и со кого да живеат, туку да им помогне да се спознаат себеси и да знаат што можат да очекуваат од другите“, посочи Николова. Доц. д-р Стефан Васев презентираше податоци за малолетничките бремености и раните бракови, посочувајќи дека Македонија мора посериозно да се посвети на превенцијата и сексуалната едукација. „Според податоците што ги презентираме, стапката на малолетнички бремености во Македонија за 2024 година изнесува 15,7 на 1.000, наспроти европски просек од околу 6 на 1.000. Особено загрижувачки е податокот за евидентиран абортус кај девојка на само 13 години. Овие бројки се сериозно предупредување дека младите имаат потреба од навремено образование, проверени информации и институционална поддршка“, истакна Васев. Тој посочи дека во повеќе европски земји сексуалното образование е задолжително или интегрирано во образовните програми и нагласи дека Македонија треба да ги следи научните сознанија и позитивните практики. Стефанија Кузмановска, претседателка на СДММ, ја потврди определбата на младите социјалдемократи за образование што ќе им овозможи на младите да ја разбираат сопствената сексуалност, да препознаваат ризици и да градат безбедни односи засновани врз почитување. „Младите заслужуваат образование што ќе им даде знаење, самодоверба и вештини за одговорно донесување одлуки. Не смееме да ги оставиме без одговори на прашања што директно влијаат врз нивното здравје, безбедност и иднина. Наместо табуа и предрасуди, потребни се знаење и поддршка“, порача Кузмановска. Од трибината беше упатен повик до Министерството за образование и наука да продолжи со концептот за воведување сексуално образование, а не да го попречува патот кон знаењето. Ако навистина сакаме да излеземе од темнината на незнаењето, мора да им овозможиме на младите пристап до образование засновано врз наука, факти и почитување. Без табуа, со знаење, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
ЕвропаХеројски потег: Возач на автобус спаси 35 деца од ужасен пожар во возилото (ВИДЕО)Огромни пламени го зафатија автобусот на Мерцедес, а пожарникарите не беа во можност да го спасат возилото.Сепак, вистинскиот херој стоеше настрана - возачот на автобусот успеа навреме да ги извлече сите 35 ученици од основно и средно училиште од возилото, пишува Bild.de. Автобусот се движел по Индустриштрасе во Хиршшајд, во округот Бамберг, во германската сојузна покраина Баварија, околу 7:20 часот утрово. „Децата на задниот дел од автобусот одеднаш почувствуваа мирис на чад. Веднаш го известија возачот“, изјави портпаролот на полицијата Александар Крап (49) за германскиот весник Bild. Како што додаде, возачот реагирал брзо, го запрел автобусот, ги отворил вратите и им помогнал на сите деца да излезат од возилото. #Bamberg (Bayern) – Riesige #Flammen verschlingen den Benz-#Bus . Die Feuerwehr hat keine Chance, irgendetwas zu retten. Der wahre Retter steht abseits der Szenerie. Der #Busfahrer holte 35 Grund- und Mittelschüler rechtzeitig aus dem Fahrzeug.#Held 🔗 https://t.co/tE5VtMOdI2 https://t.co/d6JKDyMzy2 — GoscheUff (@GoscheUff) October 16, 2026 Сите 35 ученици спасени од запалениот автобус Само неколку моменти подоцна, пламенот почнал да избувнува од задниот дел на автобусот, а потоа брзо се проширил на целото возило. Кога пожарникарите пристигнале на местото на настанот, автобусот на Мерцедес веќе бил целосно зафатен од пламен. Пожарникарите дозволиле возилото да изгори на контролиран начин. Материјалната штета е проценета на околу 20.000 евра. Децата биле однесени во училница во блиското основно училиште, каде што биле прегледани од лекар од итната помош. „За среќа, ниту едно од 35-те деца не е повредено“, заклучи портпаролот на полицијата Кр ап. Истрагата за причината за пожарот е во тек.Тагови: автобус возач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter