3Научниците докажаа дека полифенолите од боровинките и брусниците го забавуваат стареењето на клетките
КултураПромоции, изложби, поетско-музички перформанси, почнува „Поетски слем Македонија“Националниот „Поетски слем Македонија“ 2026 годинава по 16-ти пат ќе се одржува во Прилеп и ќе трае од 8 до 11 октомври.16 ГОДИНИ НАЦИОНАЛЕН СЛЕМ. Промоции, изложби, поетско-музички перформанси, почнува „Поетски слем Македонија“ Националниот „Поетски слем Македонија“ 2026 годинава по 16-ти пат ќе се одржува во Прилеп и ќе трае од 8 до 11 октомври. Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница - Прилеп, а ќе се отвори утре во 18:30 часот во галеријата НУЦК „Марко Цепенков“ со изложба на ДЛУМ-Битола. На истата локација ќе се одржи и поетската монодрама „ Лидија или сѐ што знам за жените“, со почеток во 20 часот. Оваа година, за титулата национален претставник, ќе се натпреваруваат дваесетина учесници и учеснички од различни возрасти и со уникатни стилови на изразување и творење, кои доаѓаат од цела Македонија. Учесници се Бобан Богатиновски, Лиле Јовановска, Тања Кузманоска, Билјана Павлеска, Виктор Спасески, Жане Гудеска, Јулијана Маринковиќ, Маја Малиновска, Марија Грубор, Наталија Наумовска Велковска, Стефанија Граовац, Тони Павлески, Лилјана Сливоска, Елена Пренџова, Игор Трпчески. Годинава директно во финаленото влегоа Валерија Дамчевска, Матеј Петров и Јован Лешев, кои добија најмногу бодови на настанот по повод Светскиот ден на слемот, кој се одржа на 26 септември во Скопје. Специјални гости годинава се поетесите Елијане Лусија Леонардо Бутелане и Наташа Сокре од Мозамбик, Африка. На девети октомври во кафулето „Долапче“ со почеток во 18 часот ќе се одржи промоција на збирка поезија на хаику, хаига и задачи за креативно пишување од Елена Пренџова, а промоторка ќе биде Катарина Фиаменго од Србија. Потоа, во клубот „Дипломатик“ со почеток во 19 часот ќе се одржат промоции на две збирки поезија од авторките Александра Јуруковска и Сузана Мицевска, а промотор ќе биде Звонко Димоски. Во киното „Мис Стон’ со почеток во 20 часот ќе настапат специјалните гостинки од Мозамбик - Африка, Елијане Бутелане и Наташа Сокре, а после нивниот настап на истата локација ќе се одржи полуфиналето во слем. Третиот фестивалски ден ќе се одржат неколку поетски промоции на книги, како и главното слем-натпреварување. Промоција на збирка поезија од Марија Грубор, чија промоторка ќе биде Елена Пренџова, ќе се одржи во клуб „Дипломатик“ со почеток во 18 часот. Фестивалот свечено ќе се отвори со слем-караванот, кој ќе почне на прилепскиот плоштад (кај Саатот) и ќе се движи до НУЦК „Марко Цепенков“. Ќе се одржи и промоција на книгата „Како паѓаме јас и ти“ од Ненад Јолдески, а промотор ќе биде Ѓоко Здравески. Главното слем-финале ќе се одржи во киното „Мис Стон“ со почеток во 21 часот, по што следи концертна промоција на збирката „Пружини“ од Пијан Славеј (Бранислав Николов), заедно со „Хот џез оркестра“. Последниот фестивалски ден (11 октомври) учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец, каде што потоа ќе се одржи и поетско читање. Вечерта ќе е посветена на поезијата на Тихомир Јанчовски, настан што ќе се одржи во вилата „Ана Плетварска“ со почеток во 19:30 часот. „Поетски слем Македонија“ досега има испратено 11 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство, како и двајца претставници на Светското слем-првенство. Годинешниот победник ќе ја претставува Македонија на Европското слем-првенство, со можност и на Светското, а како подарок ќе добие часовник од брендот „11и11“. Дизајнотот на плакатот е на уметникот Владимир Лукаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноМу се суди за морничаво убиство- постави бизарен услов за да се изјасни за виновен (ВИДЕО)Во неочекуван потег, 74-годишен маж од Флорида обвинет за убиство го изненади судијата за време на рочиштето за изрекување на пресудата кога даде необична понуда за признавање на вина.Роберт Кеслер се појави на судот во Хилсборо во понеделник, 26 октомври, каде што е закажан избор на порота за судењето за убиство на Стефани Крон-Оверхолт (47) во 2021 година. „Не можам да давам храна“ Според објавеното видео, судијата му рекол дека може да се изјасни за виновен без претходно да преговара со обвинителството. Кеслер ја разгледал можноста неколку секунди. „Ќе признаам вина за еден чизстек, помфрит и Пепси“, одговорил Кеслер. Кога судијата го замолил да ја потврди понудата, Кеслер повторил дека сака „сендвич со стек и сирење, со кромид и мајонез, помфрит и пиперки“. Тој рекол дека е спремен да направи таков договор за да „им заштеди пари на даночните обврзници“. „Очигледно, не можам да им дадам храна на луѓето за да се изјаснат за виновни. Тоа би било многу погрешно. Можам да ви гарантирам дека ќе добиете ручек денес, но не можам да гарантирам каков ќе биде“, возврати судијата. Подоцна, Кеслер го праша судијата дали може да продолжи со изборот на порота. Делови од тело пронајдени во заливот „Не сакам да се изјаснам за виновен без договор. Само изберете ја поротата. Го сакам тој чизстек. Ако го добијам, можеби ќе се согласам, но нема да го добијам“, додаде тој. Според канцеларијата на окружниот обвинител на округот Хилсборо, Кеслер одлучил самиот да се застапува на судењето. Тој се соочува со обвиненија за убиство од прв степен и сквернавење на починато лице, според јавно достапните судски записи. Делови од телото на Стефани Крон-Оверхолт биле пронајдени во заливот Мекеј во ноември 2021 година. Судски документ тврди дека најмалку тројца сведоци виделе човек кој одговара на описот на Кеслер како фрла кеси за ѓубре во заливот, објавува People. Крон-Оверхолт престојувала кај Кеслер и неговата ќерка неколку дена пред да исчезне. Ќерката на Кеслер подоцна им кажала на истражителите дека ги видела како нејзиниот татко и жртвата се расправаат пред таа да исчезне. Според изјавата под заклетва, Крон-Оверхолт му побарала 200 долари за да си замине.Тагови: убиство виновен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНајчудна казна досега- Барселона е казнета со 602 евраШпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра за контакти со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, кој беше под истрага за сомневање за прекршување на прописите, објавија шпанските медиуми.На 30 јуни, Атлетико Мадрид поднесе официјални жалби до Шпанската фудбалска федерација и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), тврдејќи дека Барселона влегла во преговори со Алварез без претходно да достави писмено известување до неговиот клуб. Врз основа на жалбата, надлежните органи на Федерацијата покренаа дисциплинска постапка на 30 јули, чиј исход, според весникот „Мундо Депортиво“, беше во корист на мадридскиот клуб. По разгледувањето на случајот, надлежната комисија го окарактеризира утврденото прекршок како лесно. Затоа, Барселона беше казнета со 602 евра, што е највисокиот износ предвиден за таков прекршок според член 133 од Дисциплинскиот законик. Ова не е прв пат Барселона да се соочи со слични санкции по жалба од Атлетико Мадрид. Во 2019 година, каталонскиот клуб мораше да плати 300 евра за нелегален контакт со Антоан Гризман, кој во тоа време играше и за мадридскиот тим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМелони на удар на хакерите- нападнат е италијанскиот парламент ИТ-системите на Долниот дом на италијанскиот парламент беа цел на сајбер напад во последните денови, а на листата на цели беше и парламентарната е-пошта на премиерката Џорџија Мелони. Оваа информација ја потврди извор од парламентот, пренесува Ројтерс. Истиот извор не можеше да прецизира дали хакерите успеале да пристапат до е-поштата на премиерката, но истакна дека безбедноста не е загрозена бидејќи се активирани сите потребни заштитни мерки. Канцеларијата на премиерката Мелони подоцна разјасни дека ова не е адресата што таа ја користи за официјална комуникација на Владата. На удар се и други пратеници Според истите информации, нападот бил насочен и кон други претставници во Претставничкиот дом, како и кон други институции. Кибер нападите станаа почести во последните години низ цела Италија и Европа. Владите, инфраструктурата и компаниите често се цел, а ваквите инциденти предизвикуваат прекини во услугите и го покренуваат прашањето за заштита на податоците.Тагови: хакери Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter