Николоски: Нема политички договор со Бугарија, опозицијата има координација со одредени структури таму
2Николоски: Нема политички договор со Бугарија, опозицијата има координација со одредени структури таму
ЗдравјеПроменливото време гo зголеми бројот на телефонските повици во Брзата помошНајголем дел од повиците е од страна на луѓе кои биле со депресивно расположение, панични напади, а дел и решиле да си го одземат животот. Докторите апелираат во вакви ситуации да се побара психајтриска помош, а оние кои знаат дека имаат проблеми редовно да ја земаат терпијата. Од брзата помош велат дека проблеми имале и луѓето со крвниот притисок. Докторите со совет луѓето да ги остават телефоните да излезат да прошетаат и по дожд. Затвореноста и стресот кај луѓето прави уште потешко да се надиминат временските промени. И оваа недела ќе ни бидат потребни чадорите. Дождови и пониски температури од старот на работната недела. Темературите ќе бидат во мал пад, а на планините тие ќе се спуштат и до нулата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски: Избори не се возможни додека се во тек руските напади, нема да поднесам оставка Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нема да поднесе оставка и дека одржувањето избори во Украина во моментов е невозможно поради постојаните руски напади и безбедносните ризици.Во интервју за британскиот новинар Пирс Морган, тој исто така нагласи дека смета дека е негова должност да продолжи да ја води земјата додека војната продолжува и ја исклучи можноста да се повлече од претседателската функција. „Тоа е моја одговорност“, рече Зеленски. Зборувајќи за можноста за одржување избори во Украина, кои беа закажани за 2024 година, Зеленски изјави дека таков процес во моментов не е можно безбедно да се организира поради руските напади, вклучувајќи ги и ракетните и беспилотните летала. Тој исто така истакна дека голем број украински војници се на фронтот, додека милиони граѓани ја напуштиле земјата. „Не можеме да избереме претседател без војници, бидејќи тие даваат и ги дале своите животи. Тие мора да бидат првите што ќе гласаат и мислам дека тоа е фер“, рече украинскиот претседател. Кога беше прашан дали верува дека има поддршка од украинскиот народ, тој одговори потврдно, наведувајќи дека Украинците се обединети од заедничката цел за одбрана на земјата. „Сите сме Украинци и сите сме на иста страна. Имаме само еден непријател, а тоа е Русија“, рече Зеленски. Тој оцени дека е во интерес и на рускиот народ војната да заврши, но истакна дека Москва мора да го промени својот пристап за да воспостави траен мир. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата изјави дека Украина треба да добие нов претседател „кој може да склучи договор“, повторно критикувајќи го Зеленски за нападите врз руските рафинерии за нафта и нивното влијание врз глобалниот пазар на дизел.Тагови: Володимир Зеленски руски напади Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Нема политички договор со Бугарија, опозицијата има координација со одредени структури тамуНема договор со Бугарија за да се предаде Ива Михаилова, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното Само Интервју на Канал 5.Тој ги отфрла опозициските тврдења за политички договор со Бугарија.. Николоски случајот со Михаилова го гледа во контекст на претстојните избори кај нив а на жалбите на бугарската вд претседателка Јотова и до Обединетите Нации одговори дека тоа секако не оди во нивниот прилог, и си го нарушуваат сопствениот имиџ бидејќи се работи за бегство на осомничена за тешко кривично дело...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче од Брвеница му одговори на Мицкоски: СДСМ не можеш и нема да ја уништиш!„Мицкоски, нека не те лаже умот. Ние сме како пиреј. СДСМ нема да ја уништите!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Брвеница, одговарајќи му на Христијан Мицкоски по неговата изјава дека СДСМ треба да се уништи.„Пред неколку дена арамијата Мицкоски дојде во Брвеница, во Милетино, и на својот митинг кажа дека СДСМ треба да се уништи. Еве, да му одговорам од овде: Знам сѐ што правиш, Мицкоски. Знам дека сакаш да ја уништиш СДСМ. Знам дека сѐ што правиш е за да нѐ уништиш. Затоа што се плашиш. Се плашиш затоа што СДСМ не ти е под контрола. Затоа што сме единствената вистинска опозиција во земјата“, порача Филипче. Филипче посочи дека нападите врз СДСМ, црната кампања, навредите и ширењето омраза нема да ја сменат улогата на партијата како единствена вистинска опозиција. „Се плашиш затоа што знаеш дека ќе одговараш за криминалот пред Европското јавно обвинителство. Се плашиш затоа што ти паѓа поддршката, а СДСМ расте. Затоа ровариш. Затоа е црната кампања, затоа ме правите убиец на деца на вашите медиуми. Затоа се навредите, заканите, омразата – „талог“, „мочуриште“, „медиокритети““, рече Филипче. Филипче од Брвеница упати директна порака до Мицкоски дека СДСМ нема да се повлече и дека ќе продолжи да се бори за граѓаните и за Македонија. „СДСМ е народот, СДСМ се граѓаните. Работниците, земјоделците, пензионерите, младите што сакаат да останат во оваа земја. СДСМ е Европа, напредок, развој, патриотизам, државништво. СДСМ е искреност и вистинска љубов кон татковината и кон сите наши граѓани. СДСМ е соживот, почитување на различностите. СДСМ е поддршка за ранливите. СДСМ е партија што постои за народот и за Македонија. Не можеш да нè уништиш и нема да нè уништиш. Христијан, на крај ќе ти порачам една стара поговорка: кој на друг гроб му копа, сам во него паѓа. Доаѓа времето на вистината и правдата. Ќе одговарате! Сите до еден!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter