Променливото време го зголеми бројот на мозочни удари - Канал 5

Променливото време го зголеми бројот на мозочни удари

Зголемен бројот на пациенти со мозочни удари на Клиниката за неврологија откако настапи промена на временските услови, вели директорот на клиниката Иван Барбов. 

Променливото време го зголеми бројот на мозочни удари

Тој вели дека наглата промена на времето влијае на крвниот пристисок, но пред се кај оние пациенти кои имаат хронични проблеми. Променети биле најтешки и за граѓаните со мигрена.

Метеопатијата станува голем проблем во состојбата кај здравјето кај лицата кои немаат здравствени проблеми чувстуваат општа слабост и болки во одредени делови на телото. Оние со хронични заболувања како висок крвен притисок, срцеви проблеми, дијабетичари луѓе со проблеми со мускулите и коските имаат влошување на состојбата. Но, многу е важно луѓето да не зборуваат многу често за промената на времето, бидејќи психичката состојба е многу важна, вели доктор Барбов.

Доктор Барбов вели дека најважно во периодот е да се внимава на храната да не се јаде масна храна да се има редовно движење, а вештачките суплемнети и витамни не можат да помогнат докплку не се храниме здраво и немаме физичка активност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен инцидент во Италија: Ученик избоде наставничка

Се обидел да го пренесува нападот во живо на социјалните мрежи.

Шокантен инцидент во Италија: Ученик избоде наставничка

Според неименувани извори, ученик во средно училиште во римската населба Ченточеле денес испрскал наставничка во лицето со спреј-бибер, а потоа ја избодел.

Наставничката добила итна медицинска помош. Иако нејзиниот живот не е во опасност, таа претрпела шок, наведуваат изворите, а пренесува агенцијата „ANSA“.

Напаѓачот, 13-годишно момче, се обидел да го пренесува нападот во живо преку својот мобилен телефон, користејќи ја апликацијата „Телеграм“.

Според изворите, друг ученик го спречил нападот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: „Шарен детски свет“ ќе го краси дворниот ѕид на градинката „Орце Николов“ во Карпош 4

Во детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 4 започна изработката на муралот „Шарен детски свет“, со кој просторот наменет за најмладите ќе добие нов, креативен и весел изглед.

О. Карпош: „Шарен детски свет“ ќе го краси дворниот ѕид на градинката „Орце Николов“ во Карпош 4

Автор на муралот е уметникот Драган Китановски – Драш, кој преку својата уметност ќе го збогати просторот каде што секојдневно растат, играат и учат најмладите жители на Карпош.

Во реализацијата на иницијативата денеска се приклучи и градоначалникот на

Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој на ѕидот ќе остави свој личен белег преку сопствена креација посветена на децата. Муралот има за цел да внесе повеќе боја, креативност и позитивна енергија во просторот на градинката, создавајќи пријатна и инспиративна средина за најмладите.

Општина Карпош продолжува со иницијативи за разубавување на јавните и детските простори, создавајќи средина во која децата растат со повеќе боја, креативност и радост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата во Ѓорче 2026.

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

Програмата ќе се одвива на Корзото, кај амфитеатарот и во Реонскиот парк, со музика, улични изведби, балет, хорско пеење, базар и детски работилници за посетители од различни генерации.

Вечерва, на 18 септември, програмата на Корзото и кај амфитеатарот започнува во 18:00 часот со „Баскерфест“. Во 18:30 часот ќе настапи „Ребис“ – балетско студио, а во 19:00 часот хорот „Фрида“.

Во рамките на „На Базар“, посетителите ќе можат да разгледаат што нудат поставените штандови, додека за најмладите ќе бидат организирани детски работилници.

Музичката програма на „Октоберфест“ ќе се одржи во Реонскиот парк. Во 20:00 часот ќе настапат „Суперхикс“, во 21:30 часот „Пауза за ракија“, а вечерта ќе ја заокружи DJ Галоски, со настап од 23:00 часот.

Програмата продолжува и во сабота, на 19 септември, во Реонскиот парк. The Crew ќе настапат во 19:00 часот, по што во 21:00 часот следува концертот на „Ареа“. Во 22:30 часот ќе настапат „Куку Леле“, а програмата ќе ја затворат трубачите „Левис“, со почеток во 23:30 часот.

Преку различните културни и музички содржини, „Звуците на културата во Ѓорче 2026“ ја збогатуваат програмата на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ и создаваат простор за дружење и забава за сите генерации.

Настаните се во организација на Општина Ѓорче Петров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер