Променливо облачно, температурата до 18 степени - Канал 5

Променливо облачно, температурата до 18 степени

 Времето денеска ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната од 10 до 18 степени. 

Променливо облачно, температурата до 18 степени

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Веќе од утре под влијание на циклонска активност, се очекуваат нови врнежи од дожд. Променливото облачно и посвежо време ќе се задржи во текот на целата работна недела. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m², а на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури наместа ќе се спуштат и под нула, а дневните во четврток ќе достигнат максимум до 12 степен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на пратките

Невремето во Скопје предизвика проблеми и во Македонска пошта. 

Невремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на пратките

Поради обилниот дожд била оштетена серверската соба, односно електронскиот систем за распределба на пратките, поради што веќе три дена има доцнење во доставата.

Директорот на Македонска пошта, Куртиши, уверува дека проблемот се санира и очекува од утре доставата да се нормализира.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД продолжуваат со воздушните напади врз Иран

Соединетите држави ја завршија дванаесеттата последователна ноќ на воздушни напади врз Иран. 

САД продолжуваат со воздушните напади врз Иран

Цели биле иранските поморски капацитети, складишта за ракети и беспилотни летала, крајбрежни системи за надзор и објекти на противвоздушната одбрана.

Според ЦЕНТКОМ, операциите треба дополнително да ја намалат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и трговски бродови. Американската команда тврди дека, откако повторно почнала да ги блокира иранските пристаништа, пренасочила девет комерцијални бродови, а уште еден онеспособила. Дополнително за првпат Америка го употреби стратегискиот бомбардер Б-1 во нападите врз цели на Иран.

-Во моментов, ситуацијата е прилична едноставна. Бродови се обидуваат да минат низ теснеците и тие се напаѓани. Комерцијални бродови кои пловат низ теснеците се напаѓани. САД го штитат овој поморски сообраќај и, покрај тоа, ги гаѓаат местата од каде што се извршуваат нападите врз тие бродови, со цел дополнително да се намали способноста на Иран да напаѓа и да го загрозува глобалниот поморски сообраќај. Тоа сега се случува и на тоа сме сега фокусирани – изјави Рубио.

Со веќе препознатливата остра реторика, Трамп се закани дека САД ќе ја напаѓаат цивилната инфраструктура во Иран како одговор на секој напад врз брод во Ормускиот Теснец.

-Во овој судир што го имаме со Исламската Република Иран, и намерно ја нарекувам така, затоа што, да ви кажам, тие трпат нависнина силни удари и сакаат да постигнат договор. Но, јас велам дека се уште не се подготвени за договор. Затоа што секојпат кога ќе постигнеме некаков договор, тие сакаат да ги менуваат и слино. Не се подготвени. Но, ќе бидат подготвени многу наскоро. – изјави Трамп.

Во меѓувреме, Техеран ги нападна американските сојузници низ Блискиот Исток. Иранските државни медиуми јавија дека американски ракети погодиле цели во западниот дел на Иран. Во уште еден американски ракетен напад на границата со Ирак, биле убиени две лица.

Раководството во Техеран одговори со сопствени закани. Во случај на американски напади врз иранската инфраструктура, ќе следува масовна одмазда, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи на платформата Х. Тој посочи дека иранската одбранбена политика е јасна: „Око за око“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски вели дека правилата за боледување не се променети 14 години

Боледување заради одмор, патување или работа на друго место се дел од можните злоупотреби поради кои се отвора дебата за промени во системот. 

Клековски вели дека правилата за боледување не се променети 14 години

Министерот Сашо Клековски вели дека правилата за боледување не се променети 14 години, па Министерството за здравство почнува средби со сите засегнати страни за да се најде модел кој ќе ги заштити правата на пациентите, но истовремено ќе овозможи подобра контрола. На денешната средба биле презентирани искуства од Србија и Словенија. Србија има воведено електронско боледување, со дигитализирани податоци достапни и за пациентите и за работодавачите, додека Словенија вовела правила за движење за време на боледување и можност за контрола преку анонимни електронски пријави. Во случај на утврдени злоупотреби, словенечкиот модел предвидува и враќање на исплатениот надоместок од страна на работодавачот или фондот.Токму дигитализацијата, подобрата размена на податоци и поефикасните контроли се дел од решенијата кои, според Клековски, ќе се разгледуваат и за македонскиот систем.

-Ми беше интересно тоа што Словенците ги увиделе истите работи дека луѓе земале боледување за да работат на друго место, што го докажуваат преку приходи од друга работа Исто така, има случаи кога земаат боледување за да одат на одмор, кога не им го дава работодавачот. Затоа вовеле анонимни пријави, за да можат да се користат и фотографии од Инстаграм, на пример, како доказ дека некој не е болен, а се претставува како таков,- Сашо Клековски – министер за здравство.

Анализите покажуваат и раст на бројот на боледувања. Според податоците од системот „Мој Термин“во 2025 година имало над 300 илјади кратки боледувања, што е за 33% повеќе во однос на периодот по ковид-пандемијата. Иако бројот на корисници на боледување се зголемил само за 6 проценти, просечниот број боледувања по осигуреник пораснал од 1,8 на 2,3, а најчести причини се респираторни инфекции на горните дишни патишта како воспаленија на дигестивниот тракт... Паралелно според Клековски, растат и средствата што се исплаќаат за долгите боледувања. Од Министерството велат дека токму овие податоци се дополнителен сигнал дека системот треба да се преиспита, а работните средби ќе продолжат и во наредниот период.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер