Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд - Канал 5

Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд

 Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег во некои од повисоките места.

Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд

Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 9 степени.

Според прогнозата на УХМР, до крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни.

-До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гвардиола бара плата од 20 мил. евра на клупата на Италија

Според дел од италијанските медиуми, еден од најтрофејните тренери во Европа во историјата, славниот Пеп Гвардиола бара нето-плата од 20 милиони евра по сезона од Италијанската фудбалска федерација за да ја преземе италијанската репрезентација.

Гвардиола бара плата од 20 мил. евра на клупата на Италија

Според весникот *La Gazzetta dello Sport*, оваа сума веројатно би ги вклучувала и платите на дел од членовите на неговиот стручен штаб.

Шпанскиот тренер во својата кариера која трае 17 сезони бил на чело на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити, правејќи пауза од само една година.

Досега, во текот на својата тренерска кариера, тој заработил над 320 милиони евра бруто-плата, без да се сметаат бонусите за освоените трофеи.

вардиола го презеде својот прв сениорски тим во 2008 година, преминувајќи од резервниот тим на Барселона во првиот тим.

Во текот на првите две сезони, тој заработувал годишна нето-плата од 1,5 милиони евра. Бидејќи уште во таа прва сезона освоил шест трофеи, неговата реална заработка – зголемена со бонусите – веројатно била значително повисока.

Со првото продолжување на договорот во 2010 година, неговата плата се зголеми на околу осум милиони евра нето, а една година подоцна – на 10 милиони.

За време на четирите години во Барселона, тој заработи приближно 21 милион евра нето, односно околу 44 милиони евра бруто.

По заминувањето од Барселона, Гвардиола помина една сезона без тренерски ангажман. Во летото 2013 година, тој го презеде Баерн Минхен и потпиша тригодишен договор.

Баварскиот клуб му плаќаше 17 милиони евра бруто по сезона, што значи дека тој заработи вкупно 51 милион евра за време на трите години поминати во Германија.

Најголемата заработка ја направи со трансферот во Манчестер Сити во 2016 година.

Според првичниот договор, тој заработувал 19 милиони евра бруто по сезона. Подоцна, тој го продолжуваше договорот во 2018, 2020 и 2022 година, при што неговата годишна плата констатно се зголемуваше и достигна околу 23 милиони евра бруто.

По новото продолжување на договорот во 2024 година, таа сума се искачи на 25 милиони евра. За време на десетте години на чело на Манчестер Сити, тој заработил приближно 226 милиони евра во бруто-плати.

Вкупната заработка на Гвардиола од основните плати се проценува на над 320 милиони евра (бруто):

44 милиони евра во Барселона

51 милион евра во Баерн

226 милиони евра во Манчестер Сити.

Во оваа сума не се вклучени бонусите за бројните освоени трофеи, што значи дека неговата реална заработка е многу поголема.

Доколку ја прифати работата како селектор на италијанската репрезентација под наведените услови, тој би останал меѓу најплатените тренери во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никол Кидман видена со овој бизнисмен по разводот

„Случајна средба“ во Италија, холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман видена со овој бизнисмен по разводот

Никол Кидман видена со овој бизнисмен по разводот

Холивудската дива Никол Кидман беше забележана во друштво на инвеститорот Мајкл Рајнштајн, само неколку месеци откако го заврши бракот со Кит Урбан.

Холивудската актерка, 59 годишната Никол Кидман го привлече вниманието на јавноста откако беше забележана во Италија со Мајкл Рајнштајн, инвеститор во приватни капитални фондови, само неколку месеци по нејзиниот развод од музичарот Кит Урбан.

За време на викендот, актерката беше фотографирана пред хотел во Портофино, каде што разговарала со Рајнштајн.

На фотографиите објавени од „Page Six“, Кидман е прикажана во елегантен комплет од свила во крем боја, составен од топ и здолниште, додека бизнисменот бил облечен лежерно – во сина кошула, шорцеви и очила за сонце.

Двајцата изгледале опуштено и насмеано за време на разговорот, а Рајнштајн дури и се навалил кон хотелскиот прозорец низ кој разговарал со актерката додека си заминувал.

Иако фотографиите привлекоа значително внимание, природата на односот меѓу Кидман и Рајнштајн останува непозната, а претставниците на актерката не ја коментираа нивната средба.

Мајкл Рајнштајн е основач на глобалната компанија за приватен капитал „Реџент“ (Regent), која ја основал во 2013 година и во која ја извршува функцијата претседател и главен директор за инвестиции. Тој е и коосновач на американската телевизиска мрежа USN.

Никол Кидман моментално е слободна по разводот од Урбан. Двојката беше заедно речиси две децении, а официјално се разведе во јануари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хуман гест на КК ТФТ - Скопје -Донирана хуманитарна помош за Гостивар

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје со голем хуман гест се вклучи во акција за помош на загрозените граѓани по прогласената епидемија во Гостивар.

Хуман гест на КК ТФТ - Скопје -Донирана хуманитарна помош за Гостивар

Од ТФТ Скопје, преку својата новоформирана фондација, донираа вода за граѓаните на Гостивар како знак на поддршка и солидарност.

-Не секоја победа се освојува со кош. Некои победи се освојуваат со срце. [❤️] [💧]Во текот на вчерашниот ден, Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје, преку својата фондација TFT Cares, беше рамо до рамо со граѓаните на Гостивар и донираше вода како знак на поддршка и солидарност. Кога е најпотребно — стоиме заедно.
Заедно за Гостивар. [🤝] Повеќе од кошарка.
Повеќе од победа. [🏀] [❤️] #TFTCares #WeComeOne, истакнуваат од ТФТ -Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер