МетеоПроменливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец Времето денес ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени. Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени. Во наредните денови, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на утрешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДСДипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДС, на кои единствен успех би им бил уставни измени за редефинирање на македонската историја.Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта неделава од Македонија испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската Агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од фронтранерите Црна Гора и Албанија. Македонија за првпат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за мандатниот период од 2027 до 2029 година. За првпат од независноста, ќе бидеме дел на едно од главните тела на системот на Обединетите нации. Ова е историски успех на македонската дипломатија. Успех на посветеност, на доверба, на работа која често се одвива далеку од очите на јавноста, но која носи конкретни резултати. Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, кој се однесува за периодот до ноември 2025 година, испраќа важна политичка порака, а тоа е дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава, посветена на реформите, регионалната стабилност како и стратешкото партнерство со ЕУ и НАТО алијансата. Имаме заедничка изјава со ЕУ во делот на одбраната и безбедносната политика. Пост-мониторингот со Советот на Европа е завршен со што ги исполнуваме сите демократски капацитети како држава. Имаме стратешки договори со Унгарија, Хрватска, Обединетото Кралство и САД. Но, исто многу важно во делот на дипломатијата конкретно во делот со Бугарија е дека по долги години потчинување, понижување и неработење од страна на тогашната влада предводена од СДС, сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша Ратификување на договор со Бугарија за Коридорот 8, што е од клучно значење за Европа, регионот како и самиот Балкан. Почитувани граѓани, Додека едните се сликаа на автопати со маички и си делеа провизии од анексите за работа на коридорите, додека другите потпишуваа бланко листови за да останат ден повеќе на власт на штета на македонските интереси, ВМРО-ДПМНЕ работи на евроинтегративниот процес, со реални ефекти, со реални резултати и со државнички однос кој денес го поздравуваат голем број на функционери од земјите членки на ЕУ. Затоа на СДС, дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им пречи. Затоа што за нив единствен успех би бил ставањето на Бугарите во Уставот за редефинирање на македонската историја. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКавадарци домаќин на Првата годишна средба на машинските инженери во МакедонијаКавадарци беше домаќин на Првата годишна средба на машинските инженери во Македонија, значаен настан кој обедини истакнати професионалци, академски кадар и претставници од индустријата. Средбата претставуваше платформа за размена на стручни знаења, искуства и современи практики, како и за продлабочување на соработката меѓу инженерската заедница и стопанството. Во текот на настанот беше нагласена клучната улога на машинските инженери во технолошкиот развој, индустриската конкурентност и поттикнувањето на иновациите. Ваквите иницијативи имаат особено значење за унапредување на инженерската професија и за создавање нови можности за професионален развој, соработка и одржлив економски напредок, напиша на својот профил на фејсбук градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСамит за родова еднаквост во спортотНа Самитот за родова еднаквост во спортот 15 федерации поддржани преку субгрантирање од МОК ги презентираа акциските планови за инклузивност.Денеска во Скопје се одржа Самитот за родова еднаквост во спортот, на кој беа презентирани резултатите од проектот „Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“. Настанот е во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), здружението „Sport Social Solutions“ и Параолимпискиот комитет на Македонија, а е реализиран со финансиска поддршка од Европската Унија. Како што беше истакнато на самитот, во рамките на овој проект, 15 национални спортски федерации добија суб-грантови во висина од по 6.700 евра. Овие средства се наменети за развој и спроведување на сопствени акциски планови за родова еднаквост, како и за имплементација на конкретни мерки со кои спортските организации треба да станат поправедни, побезбедни и поинклузивни. За време на настанот беа презентирани резултатите од досегашните активности на грантистите, при што беа споделени успешни практики, научени лекции и конкретни примери за улогата на спортските федерации како двигатели на позитивни општествени промени. Во рамки на самитот се одржа и панел-дискусија на која претставници на спортските федерации и на Параолимпискиот комитет дебатираа за предизвиците, можностите и за идните чекори потребни за поголема застапеност на жените, како на спортските терени, така и во процесите на донесување одлуки. Организаторите изразија задоволство од покажаното лидерство и посветеност на вклучените федерации, посочувајќи ги како пример за позитивни промени во македонскиот спорт и инспирација за идните генерации. Од самитот беше испратена порака дека еднаквите можности во спортот се заедничка одговорност и дека продолжува работата кон градење спортски систем кој е безбеден, инклузивен и достапен за сите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook