Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег - Канал 5

Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. 

Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

И во наредните денови ќе биде променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марко Рубио: Русија губи повеќе од 5.000 војници неделно во војната против Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Русија губи повеќе од 5.000 војници неделно во војната против Украина. 

Марко Рубио: Русија губи повеќе од 5.000 војници неделно во војната против Украина

Русија губи повеќе од 5.000 војници неделно во војната против Украина, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио, според извештајот на весникот „Гардијан“ од 23 јули.

Рубио рече дека Вашингтон добил нови информации за текот на војната кои укажуваат на исклучително висока стапка на жртви на бојното поле.

Тој посочи дека ова би можело да биде една од ретките војни во историјата во која бројот на војници загинати во борба го надминува бројот на ранети.

За претседателот Доналд Трамп, рече Рубио, централната цел била „да се запре умирањето на луѓето, да се запре нивното масакрирање“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преку Министерство за финансии се реконструира Поликлиниката „Идадија“

Преку Министерство за финансии се реконструира Поликлиниката „Идадија“ -  инвестиција вредна над 31 милион денари.

Преку Министерство за финансии се реконструира Поликлиниката „Идадија“

Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), кој го имплементира Проектната единица при Министерството за финансии, во соработка со Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Договорот за грант помеѓу Здравствен Дом Скопје и Министерство за Финансии беше потпишан во декември 2025 година по што беше спроведена постапка за јавна набавка и во март оваа година беше потпишан договорот со избраниот изведувач во вредност од 31.028.850 денари, по што започна реализацијата на градежните работи.

Со реконструкцијата објектот ќе добие современи енергетски ефикасни решенија, подобри услови за работа на медицинскиот персонал и поквалитетни услови за престој на пациентите.

Поликлиниката „Идадија“, изградена во 1975 година, повеќе од четири децении функционираше со застарена инфраструктура – без соодветна термоизолација, со дотраена фасадна столарија, неефикасен систем за греење и застарено осветлување. Таквата состојба резултираше со висока потрошувачка на енергија и зголемени трошоци за функционирање и одржување на објектот.

Реконструкцијата се спроведува врз основа на претходно изработена енергетска контрола и основен проект која опфаќа поставување нова термоизолациска фасада и кровна изолација, целосна замена на фасадната столарија, модернизација на системот за централно греење, поставување енергетски ефикасно ЛЕД осветлување, како и реконструкција на електроинсталацијата.

Со реализацијата на проектот се очекува значително намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија, пониски оперативни трошоци за функционирање на установата, подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна, побезбедна и поефикасна здравствена средина за илјадниците граѓани кои секојдневно ги користат услугите на Поликлиниката „Идадија“.

Реконструкцијата на Поликлиниката „Идадија“ претставува уште една значајна инвестиција во модернизацијата на јавното здравство и е дел од пошироките

заложби за унапредување на јавната инфраструктура преку енергетски ефикасни и одржливи објекти, кои обезбедуваат поквалитетни услуги за граѓаните и поефикасно користење на јавните средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски во паника - истрагата во Унгарија ја отвора Пандорината кутија

Истрагата што новиот унгарски премиер Петер Маѓар ја отвори за кредитот од една милијарда евра што Орбановата влада му го одобри на Мицкоски, не е обична финансиска проверка. 

СДСМ: Мицкоски во паника - истрагата во Унгарија ја отвора Пандорината кутија

Тоа е почеток на процес што директно води кон Мицкоски и неговата организирана криминална група.

Ова е истиот оној кредит кој Европа во своите извештаи го квалификуваше како "сомнителен заем од кинески пари".

Покрај кредитот, тука се и медиумите. Околу 40% од медиумскиот простор во Македонија е дел од Орбановата мрежа.

Само неколку дена по падот на Орбан, дел од сметките на таа мрежа во Македонија беа блокирани.

Финансирањето од Унгарија беше прекинато.

Мицкоски и Драган Павловиќ-Латас мораа итно да организираат ново финансирање.

Решението беше најдено преку Алта банка, која е во сопственост на браќата Вучиќ.

Парите одат преку маркетинг-агенции поврзани со ВМРО-ОКГ.

Алта банка веќе е под истрага поради сомнително потекло на средства.

Претходните истраги за перење пари од Словенија, поврзани токму со Орбановата медиумска мрежа, беа запрени од страна на Мицкоски и неговото контролирано обвинителство.

Сега Латас доби нова задача. Преку Ивона Талевска се подготвува Euronews Македонија.

Лиценцата е купена преку Вучиќ. Euronews Белград веќе работи, а интервјуто на Тимчо Муцунски во Брисел пред повеќе од месец дена беше организирано токму преку оваа врска.

Од Септември треба да почне со работа и скопската подружница. Веќе се ангажираат новинари од постојните телевизии.

Целта е јасна: целосен медиумски мрак и целосна контрола на информирањето на јавноста.

Во таква ситуација, скандалите како труењето на водата во четири града, прикривањето на анализите на водата и слични афери во иднина, едноставно нема да стигнат до јавноста.

Истрагите во Унгарија се само почеток. Кога ќе почнат меѓународните истраги за парите што завршија во Македонија, прашањето повеќе нема да биде политичко. Ќе биде кривично.

Мицкоски знае што го чека. Затоа и е во паника.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер