Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд - Канал 5

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд

Врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде ќе наврнат од 20 до 30 литри на квадратен метар, а во останатите делови од 10 до 15 литри на квадратен метар. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во деновите на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а в недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црногорскиот суд ѝ одреди 30 дена притвор на Македонката која прегази куче во Улцињ

Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ ѝ одреди мерка притвор до 30 дена на северномакедонската државјанка Сашка С. (46).

Црногорскиот суд ѝ одреди 30 дена притвор на Македонката која прегази куче во Улцињ

Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ ѝ одреди мерка притвор до 30 дена на македонската државјанка Сашка С. (46) поради основано сомнение дека сторила кривично дело - убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, дознава „Вијести“.

Основното државно обвинителство (ОДТ) претходно ѝ одреди мерка притвор до 72 часа.

„ОДТ Улцињ ѝ одреди мерка притвор на државјанката на Македонија, С. С., до 72 часа и поднесе предлог до Основниот суд во Улцињ за притвор, поради основано сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, со прегазување и убивање на кучето на неговиот сопственик, раса „шарпланинац“, со патничко возило „Мерцедес“ во близина на булеварот Теута. Ве информираме и дека со одлуката на истражниот судија на Основниот суд во Улцињ на осомничената ѝ е одредена мерка притвор од 30 дена“, се вели во соопштението од ОДТ Улцињ, потпишано од портпаролот Милош Миљаниќ.

Македонската државјанка беше уапсена во петок, 24 јули, попладне, додека се обидуваше да избега од Црна Гора, откако претходно намерно прегази куче со својот автомобил, како што може да се види на снимките објавени на социјалните мрежи и во медиумите.

Управата на полицијата вечерта објави дека полицијата во Улцињ, преземајќи координирани мерки и дејствија, брзо ја идентификувала, лоцирала и, по наредба на државниот обвинител при Одделот за безбедност на Улцињ, ја уапсила С. С. (46), државјанка на Македонија, која со возило прегазила куче во Улцињ и го убила.

„По извршувањето на кривичното дело, таа имала намера да ја напушти територијата на нашата земја, но полицијата ја спречила во тоа“, се вели во соопштението.

Дежурната служба на Одделот за безбедност на Улцињ била известена од сопственикот на убиеното куче околу 15:15 часот во петок дека претходно непознато лице, управувајќи бел Мерцедес со скопски регистарски таблички, намерно го прегазило и убило кучето на улица.

„Полициските службеници веднаш излегоа на местото на настанот. Со преземање оперативни мерки и дејствија, дојдоа до идентитетот на лицето кое го управувало возилото. Веднаш беше започната потрага по лицето, а околу 16:40 часот беше пронајдена и запрена на заедничкиот граничен премин „Сукобин - Муриќани“, во обид да ја напушти нашата земја. Потоа С. С. беше донесена во полициските простории, каде што беше спроведена кривична истрага. За горенаведеното беше известен државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Улцињ, кој изјави дека инцидентот содржи суштински елементи на кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште и нареди С. С. да биде лишена од слобода“, соопшти полицијата тогаш. На местото на настанот е спроведена истрага. Според „Вијести“, државјанка на Македонија убила шарпланинец откако го каснала нејзиното куче во Улцињско Поле. Веднаш потоа, таа го блокирала тесниот пат помеѓу два блока згради, плачејќи и барајќи помош за своето милениче.“ Несвесна за претходниот брутален чин, на помош ѝ притрчала работничка од блискиот хотел, В. Б., која го зела ранетото куче во раце и го однела со себе до првата ветеринарна установа.

Меѓутоа, поради сериозноста на повредите и колапсот во сообраќајот, кучето не стигнало до ветеринарната клиника.

„Ќе го направев истото повторно, само да знаев, ќе се обидев да му помогнам на другото несреќно куче. Но, за жал, се чини дека немало начин ниту тој да се спаси. Па, поради нечија невнимателност и неразбирлив став кон животните, умреа две невини кучиња“, изјавила видливо потресена и во солзи В. Б. за „Вијести“ малку подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Температурните промени ги наполнија лекарските ординации

Температурните промени ги наполнија лекарските ординации. Вртоглавици, главоболки, осцилации на притисокот и влошување на хроничните состојби се најчестите причини поради кои граѓаните деновиве бараат помош... 

Температурните промени ги наполнија лекарските ординации

Температурните осцилации и наглите промени на времето ги наполнија лекарските амбуланти. Вртоглавици, главоболки, промени на крвниот притисок и влошување на хроничните состојби се најчестите тегоби поради кои граѓаните деновиве бараат медицинска помош. Најпогодени се пациентите со кардиоваскуларни заболувања и повозрасните граѓани, но лекарите забележуваат дека временските промени сè почесто влијаат и кај младите. Хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, да го следат крвниот притисок и да избегнуваат нагли промени во дневните навики, апелираат лекарите. При појава на посериозни симптоми, како изразена вртоглавица, болка во градите или нагло влошување на состојбата, препораката е навремена консултација со матичниот лекар.

„Тоа се пациенти коишто доста редовно си ја земаат својата хронична терапија. Значи, апел постојано да си ја земаат својата хронична терапија. И секако оние пациенти коишто во денот имаат некаков проблем, корекција на тензијата. Значи, доколку треба повторно да си измери, да се земе додатна терапија, консултација со матичниот. Ние сме барем премногу достапни за пациентите 24 часа и постојано се консултираме, било да се работи за телефон, било да се работи за преглед во амбулантата. Значи, кога нивната здравствена состојба ќе биде влошена, и покрај редовно земената терапија, сепак да се јават кара матичниот доктор.“

Нестабилното време со променливи температури, според прогнозата на УХМР ќе се задржи уште кратко. Од таму најавуваат дека по денешните врнежи и локални нестабилности, во наредните денови ќе следува период на стабилизирање на временските услови.

„Времето денес ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно, со повремен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме, проследено со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Од утре следува период на сончево, топло и стабилно време, со мала локална облачност. Тој период ќе трае до крајот на неделата.“

Со стабилизирањето на времето се очекува и намалување на ваквите тегоби, но метеочувствителните лица и хронично болните треба и понатаму да бидат внимателни при нови температурни промени. Остануваат препораките за внесување на доволно течности, избегнување директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот и постепено прилагодување при нагли промени на температурата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седницата за ребаланс на буџетот – за Владата развоен, за опозицијата доказ за промашени проекции

Почна седницата за ребалансот на буџетот... Од Владата велат дека очекуваат со него да се обебзедат повеќе средства за капитални инвестиции, додека од опозицијата обвинуваат дека прокециите биле промашени... 

Седницата за ребаланс на буџетот – за Владата развоен, за опозицијата доказ за промашени проекции

Повеќе средства за капитални инвестиции, за општините, социјалната заштита, земјоделство – се обезбедува преку Ребалансот на Буџетот смета министерката за финансии Кочоска која денеска го образложи пред пратениците. Според неа, со предлогот, во кој дополнително биле прифатени и амандамни во текот на комисиската расрава се зајакнува поддршката за граѓаните и развојните политики.

И покрај глобланата еконосмка незвесност Кочоска оценува дека македонската економија покажува отпорност и стабилност. Проектираната просечна инфлација од 4,5 % за годинава, според министерката главно е условена од надворешните ценовни притисоци и геополитичките случувања.

И додека за власта ребалансот е развоен, за опозицијата е само како што велат потврда дека првичните владини проекции биле промашени.

На првиот ден од собраниската расправа за ребалансот не изостана ниту жестока расправа меѓу пратениците од власта и опозицијата за актуелните случувања поврзани со последната владина одлука за позјамицата од МНАВ за сервисирање на обврски поврзани со изградбата на автопатите, како и за случајот со водата ов Гостивар.

Инаку со предлог ребалансот буџетскиот дефицит е за 110 милиони евра повеќе во однос на првичниот буџет, односно од сегашните 3,5 на 4,1% од БДП или изнесува околу 750 милиони евра... Економски раст пак е проектиран на 3,5%, додека инфлацијата се очекува да изнесува 4,5%, што претставува благо зголемување во однос на првичните проекции....

Вкупните приходи се проектирани на околу 6,16 милијарди евра, а расходите на околу 6,9 милијарди евра. Најголем дел од расходите според надлежните одат кон капитални инвестиции, кои се зголемуваат за околу 95 милиони евра, а ќе бидат насочени кон инфраструктурни проекти како изградба на коридорите 8 и 10 Д, железничката инфрастурктура, енергетиката, животната средина и локални проекти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер