Промените во урината откриваат дали боледувате од опасна болест! - Канал 5

Промените во урината откриваат дали боледувате од опасна болест!

Во зависност од тоа што јадеме и пиеме, урината ја менува бојата.

Промените во урината откриваат дали боледувате од опасна болест!

Стручните лица предупредуваат дека преку неа можеме да видиме дали внесуваме доволно течност во организмот, дали сме дехидрирани и колку сме изложени на ризик од некои болести.

Д-р Шри Дејта од една клиника во Лондон напоменува дека бојата на урината може лесно да се одреди ако имаме чиста бела тоалетна школка. Таа наведува дека урината носи жолт пигмент и дека оваа боја значи дека сме доволно хидрирани. Светло жолта бистра урина, значи дека внесуваме доволно течност во телото, додека пак ако урината е портокалова, за тоа може да постојат повеќе причини. Најчестите од нив може да се класифицираат во 5 категории.

Одредена храна

Бојата на урината зависи од нејзиниот состав. Ако почесто јадете храна богата со бета каротен, портокали, кајсии или сладок компир, урината може да има портокалова боја. Овие пигменти особено се ослободуваат ако таква храна јадеме во големи количини. Сепак, експертите препорачуваат, во случај бојата на урината да не е поврзана со промени во исхраната, да закажете преглед кај лекар.

Дехидрација

Ако не пиеме доволно течности во текот на денот, ако сме дехидрирани или ако сме конзумирале премногу алкохол, тогаш секако дека урината ќе има потемна боја, објаснува д-р Дејта. Понекогаш многумина од нас постојаната жед ја поврзуваат со дехидрација, но тоа може да биде знак за предупредување дека сте изложени на ризик од дијабетес тип 1 или 2, па во тој случај потребно е да се обратите кај лекар.

Земањето лекови

Терапијата што ја земаат некои пациенти би можела, според експертите, да влијае на промената на бојата на урината. Стручњаците од клиниката Мајо наведуваат дека тоа се најчесто лекови против туберкулоза, но и некои лекови за болки во уринарниот тракт, како и лаксативи. Лековите за хемотерапија, како и некои лекови за намалување на оток и иритацијата, може да ја направат вашата урина потемна отколку што е.

Додатоци во исхраната

Одредени витамини што ги земаме како додатоци во исхраната, на пример, витамините А, Ц и Б12, може да доведат до промена на бојата на урината. Ова се случува затоа што телото не може да ја апсорбира содржината на витамини од суплементите, па тие се ослободуваат во урината. Секако дека е потребно да се провери дали дозата е точна и дали случајно не консумирате поголема доза од препорачаната.

Проблеми со црниот дроб

Д-р Рена Малик, уролог и карличен хирург од САД, напоменува дека портокаловата урина може да укажува и на проблеми со црниот дроб. Оваа состојба е позната како холестаза.

Ова нарушување потенцијално може да се развие за време на бременост, односно доаѓа до блокирање на протокот на дигестивната течност, односно жолчката, помеѓу црниот дроб и тенкото црево. Во овој случај во телото може да се акумулира билирубин, ензим на црниот дроб, и да се ослободува преку урината предизвикувајќи таа да изгледа темно жолто. Ако се работи за проблеми со црниот дроб, тогаш најверојатно ќе бидат присутни и други симптоми, како што се болки во стомакот, гадење, чешање и замор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува!

Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор.

Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност?

Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“!

ЛИДЕМ бара итно:

* Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето.

* Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство.

* Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита.

* Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците.

* Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата.

Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат!

Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума!

ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште!

Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ?

СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО!

Либерално-демократска младина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните.

Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази.

На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска, а властите се загрижени за можно повторување на нивото на насилство видено минатиот викенд.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека масовното присуство на полицијата треба да спречи насилство и грабежи. Тој рече дека 70.000 полицајци и жандармериски персонал ќе бидат распоредени низ цела Франција.

Нуњез додаде дека имало бројни повици за насилство и грабежи, кои, според него, биле пораки од демонстрантите.

Голем број протести беа забранети, а рутата на маршот беше променета во Париз

Министерот за внатрешни работи рече дека голем број демонстрации веќе се забранети. Собирите ќе бидат дозволени ако организаторите обезбедат обезбедување, „и под услов, се разбира, тие да не се одржуваат на места каде што може да има грабежи, нарушување на јавниот ред и слично“.

Во Париз, маршот што го објавија синдикатите беше дозволен, но рутата беше променета. И покрај ограничувањата на демонстрациите во саботата, полицискиот час во чувствителните области на градовите остана на сила, рече Нуњез.

Младите луѓе протестираат со недели барајќи подобри услови во училиштата. Во текот на изминатиот викенд, други групи им се придружија на нивните протести во бројни градови, вклучувајќи ги и оние против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни конфликти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер