Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
2Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде
2Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде
КултураПромените на климата закана за културното наследствоСкопскиот Аквадукт, локалитетите Стоби и Плаошник во Охрид до неодамна беа под лупа на германски експерти. Тие извршија проценка за влијанието на климатските промени врз културното наследство.Мајкл Шмит и Брита Рудолф од Институтот за културно наследство од Германија во два наврати изминатово лето беа заедно на терен со нивните македонски колеги. Деновиве во Скопје на стручната јавност и понудија Извештај од шеесеттина страници кој велат дека е добра основа за идните преземња во однос на спречување на ранливоста на кулутрното наследство под закана на климатските промени. Во Студијата за трите локалитети Аквадукт, Стоби и Плаошник се вели дека може да се очекуваат појави кои ќе предизвикуваат значителни оштетувања, предизивикани или забрзани од климатските промени. Градбите градени пред векови и во други климатски услови ќе имаат потреба од адаптивни мерки. Претпоставка е дека во следниве децении ќе се зголемува влажноста, а со тоа и ризиците од влага, кондензација, и распаѓање на дел од материјалите. Дождовите и поплавите опасност за Аквадуктот, Стоби и Плаошник Врз Аквадуктот лоциран крај реката Серава и на рид во близина на Скопје се очекува климатските промени најмногу да влијаат на статиката и структурниот интегритет на споменикот. Мрзнењето и топењето, пообилните врнежи и поплави и се почестата заситеност на почвата од вода во иднина ќе бидат главен непријател на градбата. Слична судбина го очекува и археолошкиот локалитет Стоби. Реките Вардар и Црна уште од антитчко време го поплавувале просторот. Тепературите околу нулата, зголемените количини од дожд и непредвидливите поплави ќе влијаат на структурната стабилност на арехолошките остатоци како и врз градежните материјали. На пример сивецот како најзначаен материјал за градење во Римскиот период е најранлив на климатските промени и се манифестира со негово лижење и распаѓање.Археолошкиот локалитет Плаошник во Охрид е под влијание на природните водени струи. Екстремните временски настани од минатото оставиле оштетувања од ветерот и ерозија. Под нормални услови Плаошник не би бил изложен на потенцијални закани од климата. Но, очекуваните климатски промени ќе го започнат процесот на разложување, како последица од екстремните дождови. Шмит и Рудолф во извештајот објавен и на интернет страницата на Министерството за животна средина со резерва гледаат на истекувањето на дождовницата на локалитетот Плаошник кој моментално е големо градилиште. Градбите сигурно ќе ја изменат автентичноста на локалитетот заштитен од УНЕСКО „Особено истекувањето на дождовницата предизвикува загриженост при предвидување на последиците предизвикани од климатските промени, бидејќи новите градби ги блокираат претходните решенија за нејзин одвод. Најконтроверзниот аспект кој влијае врз заштитата е изградбата на Универзитетот на Свети Климент, дополнителните градби и новиот манастирски комплекс. Обемот на проектот е голем и зачудувачки е што овој проект добил одобрение од Центарот за светско наследство на УНЕСКО.“ На авторите на студијата им се чини дека проектот исто така значително ќе ја измени и автентичноста и интегритетот на локалитеот заштитен од УНЕСКО. „Дел од археолошките остатоци биле отстранети, а дел од нив ќе бидат покриени со новите бетонски градби. Сегашната црква Свети Климент и Свети Пантелејмон ќе биде опкружена со масивни градби од по три ката од секоја страна, а крстот на црквата ќе биде само малку повисок од конференцискиот центар во идниот универзитет“, пишува во Извештајот. Потребен е сериозен пристап кон климатските промени Експертите од Германија признаваат дека и покрај несебичната помош од нивните колеги од Заводот и Музеј од Охрид и вкупната документација која им ја дале на увид, поради кусото време тешко им било да го оценат влијанието на инфраструктурните зафати за изградба на нови градби – особено на цевките за довод и одвод, како и на темелите на новата градба врз арехолошките остатоци кои се уште се закопани под Плаошник.Но заминале со впечаток дека бетонските темели се на длабочина од најмалку 2 метри и дека голем број претходно ископани арехолошки остатоци морало да бидат отстранети за да се овозможи изградбата, како и тоа дека проектот е очигледен обид да се задржат многу од археолошките остатоци во холот на музејот и на приземјето. Недоволните претходни истражувања и познавања за состојбата на почвата, како и стратиграфија на почвата и подземните водени тела на локалитетите ја намалиле можноста истражувачите да проектираат конкретни мерки за адаптација – особено во однос на идниот развој на Плаошник и враќањето на реката Серава во природното корито. Па му препорачуваат на Министерството за култура и на органите надлежни за културното наследство да продолжат со набљудување на климатските промени на локалитетите подолг временски период, за да се проверат наодите претставени во нивниот Извештај. Македонија е дел од меѓународниот проект: „Приспособување кон климатските промени на Западниот Балкан“ кој е резултат на соработката на Германското друштво за меѓународна соработка и ресорните министерства од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора. Токму регионалниот пристап е патот за заштита на културното наследство и од климатските промени. Германските експерти ги дадоа насоките, излезните решенија, но ги наведоа и фондовите, до кои се доаѓа само преку издржани проекти. /Преземено: DW/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Шоу бизРијана позира во провокативна долна облека за новата божиќна колекција (ФОТО)Пејачката Ријана (38) претстави нова празнична колекција на долна облека за нејзиниот бренд „Savage X Fenty“ и повторно се најде во центарот на вниманието во кампањата.Таа сподели серија провокативни фотографии на Инстаграм кои го привлекоа вниманието на нејзините следбеници, пренесува „The Sun“. Позира во чипкасто боди и танга Ријана позираше опкружена со елки и подароци, носејќи црвено-црно чипкасто боди со длабоко деколте и танга. Изгледот го надополни со високи чорапи и црни чевли со високи потпетици. На една од фотографиите, таа му сврте грб на фотоапаратот за да ја покаже својата заднина. „Бидејќи заслужувате нешто посебно оваа празнична сезона“, напиша таа покрај објавата. View this post on Instagram A post shared by SAVAGE X FENTY BY RIHANNA (@savagexfenty) Ги воодушеви своите следбеници Фотографиите предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, а обожавателите не престанаа со комплименти во коментарите. „Прежешка си!“ напиша еден следбеник. „Среќен Божиќ, мама!“ додаде друг. „Навистина си многу, многу убава жена, љубов моја“, искоментира трет. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Изградба на успешно деловно царство Ријана го лансираше брендот за долна облека „Savage X Fenty“ во 2018 година, а денес тој се проценува на над една милијарда долари. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Една година претходно, таа го основаше козметичкиот бренд „Fenty Beauty“, кој исто така постигна голем успех. Според претходните извештаи, брендот остварил приход од приближно 100 милиони долари во текот на првите 40 дена од работењето. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Иако во последните години повеќе им се посвети на деловните проекти и на своето семејство, Ријана продолжува да привлекува големо внимание од јавноста.Тагови: долна облека Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ФудбалБелградска „Маракана“ вториот најопасен стадион во светот, меѓу 10 најопасни е и „Максимир“ Престижниот италијански весник „Кориере дело Спорт“ објави листа од 10 стадиони ширум светот каде што гостувачките екипи минуваат низ вистински пекол.Изборот на познатиот спортски весник „Кориере дело Спорт“ опфаќа култни фудбалски арени, познати по своите фанатични навивачи, екстремниот притисок од трибините и историјата на насилство. Меѓу нив се најдоа два стадиона од територијата на поранешна Југославија – белградската „Маракана“, односно стадионот „Рајко Митиќ“, го зазеде високото второ место, додека загрепскиот „Максимир“ се најде на десеттата позиција. 1. Бомбоњера („Бока Јуниорс“, Буенос Аирес) Едноставно нема конкуренција. Некогашниот дом на Дијего Армандо Марадона е дефинитивно стадион каде што главната цел е да се извлече жива глава; освојувањето на трите бода паѓа речиси во втор план. Капацитет од 49.000 седишта, трибини толку стрмни што предизвикуваат вртоглавица и публика која е, најблаго кажано, непријателски настроена. А кога се игра дербито против Ривер Плата, стадионот се претвора во вистински пекол. Официјалното име му е „Естадио Алберто Х. Армандо“, но за сите тој е „Ла Бомбоњера“. 2. Маракана (Црвена ѕвезда, Белград) Стадионот што го носи името на Рајко Митиќ – славниот поранешен играч на „Црвена ѕвезда“ и првата вистинска ѕвезда на овој српски клуб – е познат под прекарот „Маракана“, кој очигледно е инспириран од култниот стадион во Рио де Жанеиро. „Вечното дерби“ против „Партизан“ нема рамно на себе во Европа според нивото на непријателство, а пред сè – на насилство. Иако тимот веќе не е на нивото од времето кога – со играчи како Дејан Савиќевиќ, Дарко Панчев, Роберт Просинечки, Владимир Југовиќ и Синиша Михајловиќ – го освои Купот на европските шампиони во 1991 година во Бари, победувајќи го „Олимпик“ од Марсеј, и иако „Маракана“ донекаде ја има изгубено својата некогашна магија, таа сè уште важи за едно од најтешките гостувања во светот. 3. „Де Кајп“ (Фејенорд, Ротердам) – Името „Де Кајп“ (De Kuip) во превод значи „Кадата“, а тоа е токму местото каде што гостинските екипи мораат да вложат максимални напори за да „останат на површина“. И овде трибините се исклучително стрмни, особено зад головите, каде што навивачите на Фејенорд, познати како „Хет Легион“ (Легијата), никогаш не престануваат да пеат. Кога ќе ја запеат својата химна „Рака под рака“ (Hand in Hand), вревата станува заглушувачка. 4. Стадион „Али Сами Јен“ (Галатасарај, Истанбул) Со години, Турција беше земја во која доминираше кошарката, предводена од Ефес, Улкер, а подоцна и Фенербахче. Денес, фудбалот целосно го презеде приматот, а домот на Галатасарај е најнепријателскиот терен во земјата. Тој може да прими околу 55.000 гледачи кои навиваат од првата до 90-тата минута. Дербито против Фенербахче е заокружено со црвено, или подобро кажано – означено со црвен крст... Ниту локацијата не помага: домот на „Галата“ се наоѓа во еден од најмалку атрактивните делови на Истанбул. Поради спонзорски права, стадионот сега официјално се нарекува „Рамс Парк“. 5. Ден (Милвол, Лондон) Темните години на англискиот фудбал, одбележани со хулигани, се одамна зад нас. Навивачката група на домашниот тим беа „Милвол Бушвакерс“ (Millwall Bushwhackers), озлогласени по немирите во Лутон во 1985 година и во Бирмингем во 2002 година. Денес атмосферата е сосема поинаква, но излегувањето на теренот на стадионот „Дена“ сè уште предизвик. 6. Вестфалија (Борусија Дортмунд, Германија) Кој не знае за славниот „Жолт ѕид“? Тој дури послужи и како инспирација за новиот стадион на Милан, кој има за цел да ја реплицира стрмноста присутна на „Сигнал Идуна Парк“ – домот на Борусија Дортмунд – на двете трибини зад головите. Станува збор за трибина на која речиси исклучиво се стои (на крајот на краиштата, кој воопшто и седи таму?), што создава ефект на вистински, жив ѕид од кој се „скршиле“ многу противници. 7. „Мохамед V“ (Раџа Казабланка, Мароко) Дербито во „Ботола Про“ лигата – највисокото ниво на мароканскиот фудбал – против градскиот ривал „Видад“, е еден од оние натпревари што мора да се доживеат барем еднаш во животот. Стадионот во Казабланка, кој локално е познат како „Донор“, има капацитет од 48.000 гледачи. „Грин Бојс“ (Green Boys) и „Иглс“ (Eagles) – локалните ултрас навивачки групи – се меѓу најмоќните и најорганизираните во светот. 8. Меѓународен стадион во Каиро („Ал Ахли“ и „Замалек“, Египет) Рекордната бројка од 120.000 гледачи на финалето на Африканскиот куп на нации во 1986 година претставува африкански рекорд кој веројатно никогаш нема да биде соборен. За Африканскиот куп на нации во 2006 година – настан што исто така се одржа во Египет и на кој Египет победи – капацитетот беше намален на 75.000 места, но атмосферата остана исто толку вжештена. Стадионот го делат два од најуспешните египетски клубови, Ал Ахли и Замалек, меѓу кои постои длабоко вкоренета нетрпеливост. По трагедијата на стадионот „Порт Саид“ во 2012 година (за време на натпревар меѓу Ал Масри и Ал Ахли), беа воведени строги ограничувања за присуство на гледачи на натпреварите од домашното првенство, поради што таа некогашна интензивна енергија донекаде избледе. 9. Стадион на полската армија („Легија“ Варшава, Полска) Стадионот на Полската армија, кој официјално го носи името на маршалот Јозеф Пилсудски, е дом на една од најжестоките и најрадикалните навивачки групи во Европа. Домашните натпревари на „Легија“ се проследени со бројни инциденти на насилство и редовни санкции од УЕФА поради расизам и нереди. Не дозволувајте капацитетот од „само“ 30.000 места да ве измами – притисокот што го создаваат домашните навивачи е огромен. 10. Стадион „Максимир“ (Динамо Загреб, Хрватска) Откако влезе во историјата поради немирите во 1990 година на натпреварот меѓу Динамо и Црвена ѕвезда – настан одбележан со ударот што Звоне Бобан му го зададе на полицаецот, среде тензиите што набргу доведоа до војната на Балканот и распадот на Југославија – „Максимир“ денес го има изгубено дел од својот некогашен (изопачен) шарм. Причината лежи и во фактот што трибината спроти главната е сè уште затворена поради оштетувањата претрпени во земјотресот од март 2020 година. Капацитетот е намален од приближно 35.000 на околу 25.000 седишта. Така, одржувањето на факторот на заплашување и непријателската атмосфера остана исклучиво во рацете на нивните ултрарадикални навивачи – „Бед блу бојс“ (Bad Blue Boys).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКрави го узурпираат центарот на Крива Паланка – општината бара итно вклучување на ВладатаРеакциите на граѓаните не стивнуваат ниту оваа вечер: крави го узурпираат центарот на Крива Паланка – општината бара итно вклучување на владата. Крави слободно се движат низ централното градско подрачје на Крива Паланка, узурпирајќи ги јавните и зелените површини. Видеоматеријалите што ги доставуваат сограѓаните ја документираат состојбата и ја нагласуваат потребата од итно постапување. Граѓаните апелираат за конечно решавање на овој горчлив проблем, се наведува во информацијата што до нашата редакција ја испрати жителка на Крива Паланка. Кравите слободно се движат и во околината на крива Паланка, каде ги уништуваат насадите на нивите и во градините на жителите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00