Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
2Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
3 По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите
Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
2Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
БалканПромени во правилата за патување во Грција, потврдата за прележан Ковид-19 важи три месециЗа вакцинираните и невакцинираните, правилата остануваа исти и непроменети, за првите потребен е сертификат за вакцинација, а за вторите негативен ПЦР или рапид тест како и тестирање при влезот во Грција.Предусловите за патување во Грција се продолжени за уште една седмица, а единствената промена се однесува на оние кои прележале Ковид-19 и потврдата повеќе не важи од 30 до 180 дена туку од 30 до 90 дена по првиот позитивен тест, согласно новата министерска одлука што утрово стапи во сила, а се однесува и на државјаните на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. За вакцинираните и невакцинираните, правилата остануваа исти и непроменети, за првите потребен е сертификат за вакцинација, а за вторите негативен ПЦР или рапид тест како и тестирање при влезот во Грција, а за сите, за патување кај јужниот сосед, задолжителен е и PLF формуларот. Грчката Влада донесе промени и го скрати времетраењето на потврдата за прележан Ковид-19 од шест на три месеци, одлука која се одразува и важи и за туристите, како што вчера објави МИА, по објаснувањето од владиниот портпарол Јанис Иконому. Иконому објасни дека за потврдите се дава временски период до крајот на јануари, нешто што е вклучено и во министерската одлука, односно „остануваат во сила потврдите издадени од 15 јули 2021 година до 31 октомври 2021 година додека важи оваа заедничка министерска одлука". Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19", веќе е објавена во Службен весник на Грција стапи во сила утрово и важи до следниот петок 17 декември 2021 година во шест часот наутро, а МИА детално ги пренесува сите правила за патување кај јужниот сосед. Сите посетители „независно од државјанството и начинот на влез во земјата" имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а нема промени ни во однос на граничните премини и како и досега, за влез од Македонија, отворени се сите и работата 24 часа. Првата опција се однесува на вакцинираните за кои потребно е да имаат сертификат за вакцинација и да се поминати 14 дена од примената втора доза. Сертификатот за вакцинација може да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени. Втората можност е со негативен тест: или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот. За оние кои патуваат со негативен тест „независно од државјанството и начинот на влез во земјата, а во Грција пристигнуваат од: Египет, Албанија, Аргентина, Македонија, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција", предуслов за влез е да добијат негативен резултат од задолжителното тестирање со ПЦР/ рапид тест на влезните точки во Грција. Задолжителното тестирање не важи за патниците кои имаат валиден сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од втората доза или потврда за прележана болест во изминатите шест месеци. Третата опција се однесува на оние кои прележале Ковид-19 и во овој дел се новите промени од денеска. Потврдата за прележана болест е по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а се издава 30 дена по првиот позитивен резултат и неговата важност е до 90 дена подоцна. Во периодот додека е во сила конкретната министерска одлука, валидни се и сите потврди издадени од 15 јули 2021 година до 31 октомври 2021 година. Европскиот дигитален Ковид сертификат е четвртата алтернативна можност за влез во Грција. Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години. Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), што треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција. Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот. Тестирањата, за вакцинираните и за оние кои прележале Ковид-19 се по случаен избор, а за оние кои патуваат со негативен тест, тестирањето е задолжително. Во случај на позитивен резултат, предвиден е десетдневен карантин во соодветен простор укажан од надлежните органи, а доколку се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена. На последниот ден од карантинот, оние кои биле позитивни, без разлика дали се вакцинирани или не, потребно е да направат ПЦР тест. Лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на оние кои се позитивни на Ковид-19, имаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов да добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во рок од 24 часа и за време на патувањето да носат N95 маска. Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или немаат прележано Ковид-19 во изминатите три месеци, тогаш треба да бидат во 14-дневна изолација по последниот контакт со позитивното лице, без да се тестираат или седум дена карантин и на седмиот ден да направат ПЦР тест. Доколку блиските контакти се вакцинирани или прележале Ковид-19 во последните три месеци, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат со ПЦР тест при влезот во земјата. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра. За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот, а од Турција преку Кастањес и Кипи, дозволен е влез на 1.500 лица седмично. Од Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време. Мерките за Грците важат и за туристите во земјата Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата. Документот за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест или негативен ПЦР/рапид тест, задолжителни се и за влез во затворените објекти во Грција, со исклучок на супермаркетите, продавниците за храна, бензинските пумпи и аптеките со оглед на тоа дека мерките во земјата, како за грчките граѓани, важат и за туристите. Во одредени простори во земјата, влезот е целосно забранет за невакцинираните лица. Од понеделни, во Грција стапуваат во сила нови мерки, а се однесуваат на оние над 60 години кои не примиле трета доза, а се поминати седум месеци од вакцинацијата. Нивниот сертификат повеќе нема да биде валиден, нема да можат да влегуваат во затворените простори и нема да ги имаат привилегиите што ги имаат вакцинираните. Како што вчера објасни портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, оваа мерка, важи и за туристите и посетителите на земјата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
НаукаШто гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert. Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот. Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта. Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата. На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови. Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал. Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја. Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи. Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид. Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола. Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив. Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.Тагови: научниците смртта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаКарикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра. Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата. Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години. Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“. Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил. Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување. Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.Тагови: карикатура Мароко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЕвропаТелефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен. Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните. Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews. Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.Тагови: телефоните софтвер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter