3На денешен ден пред 19 години загина македонскиот славеј Тоше Проески, неговите песни живеат и денес
ЖивотПромена во сезоната на парењена пингвините поради климатските промениАнтарктичките пингвини се размножуваат до две недели порано како резултат на климатските промени, покажа ново долгорочно истражување.Набљудувани се 37 колонии на Антарктичкиот Полуостров и други делови на „Ледениот Континент“ од 2012 до 2022 година. е покажало дека Антарктичкиот Полуостров драматично се затоплува. Истражувачите од Универзитетот Оксфорд и Оксфорд Брукс, кои ги проучуваат пингвините на Јужниот Пол, откриле дека промените се случуваат со „рекордна“ брзина и предупредуваат дека тие би можеле да го загрозат пристапот на птиците до храна и да го зголемат ризикот од судири и „колапс на поширок екосистем“ на Антарктикот. Промените може да доведат и до поголеми опасности при обидот за одгледување младенчиња, коишто може да станат подостапна цел на грабливците, според британските научници. Најголемата промена била онаа кај генту-пингвините, чија сезона на размножување се помести за 13 дена во просек, а во некои колонии и до 24 дена. Кај видот аделје и тн. брадести пингвини, размножувањето почнува околу 10 дена порано. Според научниците, поместувањето на времето за размножување кај видот генту е рекордна промена во фенологијата забележана кај која било птица, а можеби и кај кое било 'рбетно животно, до денес. Водечкиот автор д-р Игнасио Хуарез Мартинез од Оксфорд изјави дека истражувањето „покажува дека веројатно ќе има победници и губитници од климатските промени“ за овие видови пингвини. - Поточно, сè посупполарните услови на Антарктичкиот Полуостров веројатно им одат во прилог на гентуата... Пингвините играат клучна улога во синџирите на исхрана на Антарктикот, а губењето на разновидноста на пингвините го зголемува ризикот од колапс на широк екосистем, истакна тој. Д-р Фиона Џонс, од истиот Универзитет, додаде: - Бидејќи пингвините се сметаат за „предвидувачи на климатските промени“, резултатите од оваа студија имаат импликации за видовите низ целата планета. Потребно е натамошно следење за да се разбере дали овој рекорден напредок во сезоните на размножување на овие видови пингвини влијае на нивниот успех во размножувањето. Мерењето на температурата, пак, покажа дека местата на колониите пингвини се затоплуваат за околу 0,3 Целзиусови степени годишно - четирипати повеќе од континенталниот просек од 0,07 степени. Истражувањето е објавен во „Журналот за животните и екологијата“ (Journal of Animal Ecology) по повод Денот на свеста за пингвините, којшто се одбележа вчера. Тагови: климатски промени пингвини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на Пленарната сесија од Годишните средби на ММФ и Светска банкаВо услови на глобална неизвесност фискалната дисциплина и структурните реформи се клучни за одржлив раст.Фискалната дисциплина, ефикасното управување со јавните расходи и забрзувањето на структурните реформи се клучни за зачувување на економската стабилност и обезбедување одржлив раст во услови на зголемена глобална неизвесност. Глобалната економија и натаму покажува отпорност, но повторените економски шокови ги намалуваат расположливите фискални и енергетски резерви, додека инфлациските притисоци остануваат предизвик за голем број земји. Во вакви услови, внимателното водење на макроекономските политики е од суштинско значење за зачувување на ценовната стабилност и спречување на дополнително засилување на инфлацијата. Ова беа клучните пораки на Пленарната сесија од Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествуваше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. На Пленарната завршна сесија на Годишните средби во Бангкок се обратија генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, претседателот на Групацијата на Светската банка, Аџај Банга, и претседателот на Годишните средби и гувернер на Централната банка на Парагвај, Карлос Карваљо Спалдинг. „Во услови на глобална неизвесност и повторени економски шокови, одговорното управување со јавните финансии е основа за стабилна економија. Нашиот фокус е на фискална консолидација, поефикасно користење на јавните средства и спроведување структурни реформи што ќе ја зголемат продуктивноста, ќе ги поттикнат инвестициите и ќе ја зајакнат конкурентноста на домашната економија. Целта е да обезбедиме одржлив раст и подобри перспективи за граѓаните и компаниите“, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во рамки на Годишните средби кои се одржуваа во Бангкок изминатата недела, министерката Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на ИФЦ за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на Светската банка за Конституенцата во која членува нашата земја, Јуџин Ругенат. На средбите беше истакната важноста на забрзувањето на реформите, реализацијата на стратешките инвестиции и поддршката на приватниот сектор како двигател на економскиот раст. Министерката исто така оствари средби и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај. Во фокусот на средбите беа фискалната консолидација на среден рок, одржувањето на фискалната дисциплина и спроведувањето реформи за зајакнување на отпорноста на јавните финансии, со истовремена поддршка на инвестициите и економскиот раст. Учеството на Годишните средби овозможува размена на мислења и искуства со претставници на меѓународните финансиски институции и носители на економските политики, како и согледување на глобалните економски трендови и нивното влијание врз националните економии. Пораките од средбите ја потврдуваат важноста на доследни и одговорни економски политики, одржливи јавни финансии и континуирани реформи како основа за долгорочна стабилност, конкурентност и економски раст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"ЈП „Лајка" – Скопје оваа година одбележува шест години од своето постоење, а по тој повод, во сабота, 17 октомври 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Мамбо – Авионче, организира роденденски настан под мотото: „6 години Лајка – Не славиме бројка,Настанот има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната работа на претпријатието, но и да ја отвори пошироката тема за одговорноста на поединците и заедницата во справувањето со проблемот со бездомните кучиња. Во рамки на програмата, која официјално започнува во 12:30 часот, ќе бидат реализирани неколку активности: „Десет кучиња. Десет погрешни човечки одлуки." – претставување на десет кучиња од прифатилиштето, преку чии индивидуални приказни ќе се укаже на последиците од напуштањето, неодговорното сопствеништво и негрижата за животните. Ревија на вдомени кучиња – настан на кој вдомените миленици ќе бидат претставени преку нивните животни приказни, наместо според изгледот, расата или потеклото. За учесниците се обезбедени признанија и награди со поддршка од нашите спонзори. Креативна работилница со Luna Pet Shop – интерактивни активности во кои децата и нивните миленици ќе имаат можност за заедничко творење и дружење. Изложба на детски цртежи – учениците од ООУ „Блаже Конески" и ООУ „Кузман Јосифовски – Питу" преку своите цртежи ги претставија кучињата од Лајка, испраќајќи порака за одговорно сопствеништво и ветување дека никогаш нема да ги напуштат своите миленици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ШишаркиВо петок (09.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Соња Манасиевска КоневскаСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. корнфлекс од какао 250 гр. маргарин 200 гр. чоколадо за готвење 150 гр. шеќер во прав 150 гр. сусам 150 гр. сецкани ореви 8 големи лажици мед Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26