3Ангелов апелира дека поради високиоте температури граѓаните треба да внимаваат,оти е можна појава на пожари
3Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија
НБАПромена на правилата на НБА- Во иднина сигурно повеќе ќе се шутира од центарот на теренотКошаркарите од НБА лигата во иднина сигурно ќе упатуваат повеќе шутеви од центарот на игралишето пна крајот од четвртините. НБА кошаркарите сега ќе можат безгрижно за својата статистика да упатуваат шутеви од далечина на крајот од четвртините, бидејќи овие обиди повеќе нема негативно да влијаат на нивната лична статистика. Лигата одобри промена во статистичкото следење на ваквите удари, потег за кој се надеваат дека ќе поттикне поатрактивни удари од далечина во последните секунди, објавува NBA.com. Одлуката, која беше финализирана на состанокот на Управниот одбор, веќе беше тестирана за време на Летната лига. Според новото правило, секој удар направен во последните три секунди од првите три четвртини од растојание поголемо од 11 метри (36 стапки) ќе се смета за тимски обид, а не за индивидуален обид. Досега, многу играчи избегнуваа вакви обиди за да го зачуваат својот процент на шутирање. Податоците од „SportRadar“ покажуваат дека минатата сезона само околу 4 проценти од ваквите шутеви биле прецизни, а најуспешни биле Стеф Кари со четири и Никола Јокиќ со три пресекувања.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ирина Шајк во врска со НБА ѕвездаСпоред дел од американските медиуми, руската убавица, манекенката Ирина Шајк има нова љубов, а нејзиниот избор изненади многумина.Заводливата манекенка Ирина Шајк најверојатно е „слаба“ на спортисти и познати актери. 40 годишната Ирина сега повторно е зафатена, а според странските медиуми, нејзиното срце го освоил многу помлад спортист, 29 годишната НБА-ѕвезда Девин Букер. „Сè уште е почеток, но навистина си се допаѓаат“, откри извор близок до парот, додавајќи дека се запознале преку заеднички пријатели пред неколку месеци и дека се обидуваат да поминуваат што е можно повеќе време заедно во текот на летото, пред тој да почне со подготовките за новата сезона. „Очекувајте да ја видите Ирина на некои од неговите натпревари“, додаде изворот. „Таа навистина се приврза кон него.“ Во неделата, профилот „Deuxmoi“ објави фотографија од Букер, снимен одзади додека го напушташе „Tutto Caffé“ во Ист Хемптон, а повеќе извори наведуваат дека тој и Ирина биле видени заедно во Хемптонс. Devin Booker was seen at Delilah’s Chase party alongside Irina Shayk. The source claims Irina was frequently seen with Booker throughout the night and appeared to be “all over him.” However, the eyewitness also alleges that Booker was seen being affectionate with two other… pic.twitter.com/RtLirMtEMR — CantGuardBook (@CGBBURNER) July 27, 2026 Инаку, и Ирина и Девин имаат врски со познати личности. Од 2015 до 2019 година, Ирина беше во врска со актерот Бредли Купер, со кого ја има деветгодишната ќерка Леа. Во 2021 година, таа накратко беше поврзувана со Канје Вест (49), а во 2023 година со Том Брејди, претходно имаше долга врска и со свестката фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо. Ирина и поранешната ѕвезда на НФЛ раскинаа по помалку од четири месеци врска, а по тоа Ирина немаше сериозна врска, иако беше поврзувана со бројни познати мажи. Што се однесува до ѕвездата на НБА лигашот феникс, Девон Букер, тој беше во бурна долгогодишна врска со манекенката Кендал Џенер од 2020 до 2022 година. Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Нова провокација од Синди СвиниНа интернет кружат нови фотографии од сексапилната актерка Сидни Свини. Градникот едвај ѝ ги држи градите.Нови провокативни фотки од популарната актерка со бујни облини Синди Свини. Позната по своите бујни облини и витката фигура, актерката Сидни Свини повторно предизвика бура од реакции меѓу своите обожаватели на социјалните мрежи. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа сподели компилација од атрактивни изданија, но во малку поопуштен стил. За да го промовира својот бренд SYRN и најновата колекција на долна облека „Small Town Girl“, актерката објави неколку селфи-фотографии. Очекувано, вниманието на фановите беше вперено во прекрасните облини на убавата актерка, особено во нејзините гради, кои веднаш паѓаа во очи. Тагови: Синди Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаСДСМ: Пола Македонија отруена а одговорни сè уште немаНеофицијално, хемикалија за производство на детергенти ги побелела Лепенец и Вардар.А од Државниот инспекторат за животна средина велат дека сè уште ги немаат податоците кои треба да ги споредат. Колку дена поминаа откако Орце леташе со дрон? Колку дена се потребни за да се докаже што ја отру водата? Дали ова се прави намерно? Пола Македонија е отруена. Седум градови и неколку села немаат вода за пиење. Во Гостивар епидемија на жолтица што Мицкоски сака да ја прикрие. А одговорен сè уште нема. Ниту еден. Министерствата и Владата молчат. Мицкоски и Клековски - секој со своја приказна. Едниот вели дека од петок може да се пие. Другиот вели дека има нова бактерија. Мицкоски стана бактериолог, а Клековски не е ништо, освен задолжен за напади на професори и доктори. Тошковски се занимава со хиперхлорирање, бидејќи корупција и криминал не може да гони - би морал да се уапси себеси, Мицкоски и целата организирана криминална група ВМРО. Затоа стана полицаец-водоводџија. Сè ова би било смешно да не е во прашање здравјето на граѓаните и да не се меша вода за пиење со фекалии. Затоа е многу сериозно. На Мицкоски и ВМРО им е важен само рејтингот. Здравјето на граѓаните - не. Уште малку, кога ќе тргнат Орбановите медиуми со засилување од Србија - со „Ало“ и „Информер“, плус Еуроњуз со лиценца од Вучиќ што ја водат Латас и Ивона - граѓаните повеќе нема ни да чујат дека водата е отруена. Македонија е изолирана. Во медиумски мрак. Без вода за пиење. А во позадина минуваат криминалните тендери. Така изгледа програмата на ВМРО-ОКГ и на Христијан Мицкоски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter