Промена на изборниот модел во една изборна единица со или без консензус

 Премиерот Зоран Заев опстојува на идејата за промена на изборниот модел од постојните шест во една изборна единица, што беше и едно од изборните ветувањаа на СДСМ. 

Иницијативата за промена на изборниот модел, која тој ја поддржа, а која деновиве ја туркаат 15 пратеници од помалите парламентарни партии, на шест месеци од предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, сепак нема поддршка од партнерот во владината коалиција ДУИ, ниту од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Заев вчера изрази надеж дека ќе биде постигнат консензус за промена на Изборниот модел со една изборна единица, повторувајќи дека со тоа губат големите партии, ќе загуби и СДСМ, но ќе се отстрани можноста за какво било авторитарно однесување во иднина. Одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на „Граматиката на современиот ромски јазик", тој нагласи дека е добро во државата вакви важни прашања, како промена на Изборен модел, да се носат со консензус.

-Ние, пак, не можеме поинаку, ние им ветивме на граѓаните уште во кампањата во 2016 година дека сме за една изборна единица. Тоа е дел од нашата изборна програма, а и ние веруваме во тоа, рече Заев додавајќи дека тоа освен што ќе биде придобивка за помалите партии, ќе биде придобивка и за сите граѓани.

-Ако дојде до гласање во Парламентот јас се надевам, дека тоа ќе биде консензуално, но ако не е консензуално на кој било друг начин социјалдеморкатите ќе гласаат за оваа измена. ДИК е подготвена, институциите се подготвени, постапката е едноставна, рече Заев.

Тој нагласи оти смета дека постои поддршка за овие измени. – Мислам дека имам поддршка, јас не сум иницијатор вака кога кажувам. Најголемата политичка партија од помалубројните етнички заедници е ДУИ, мислам дека има вкупно 23 Албанци во Парламентот, а ДУИ има 10 пратеници, каде се другите помалубројни заедници. Дали се согласуваат ќе видиме на гласањето, да направиме чекор, а ако не успееме, што се надевам дека нема да се случи, ќе се направи притисок за тоа за следните избори, рече Заев, кој верува и дека овие измени ќе ги привлече оние граѓаните, кои не се заинтересирани за избори да го тестираат новиот изборен модел.

Пратеникот Артан Груби од ДУИ, пак, претходно неделава изјави дека политичките партии усогласиле измени на Изборниот законик, во кои не се предвидува промена на изборниот модел. Тој тркалезната маса што се одржа во вторникот во Собранието на иницијатива на 15 пратеници од помалите парламентарни партии ја оцени како неформална средба на ентузијасти, и подвлече дека е апсурдно да се дискутира за промена на изборен модел на пет месеци пред предвремени избори.

-Ние остануваме на формалниот состав кој што дискутира промени на изборниот законик и тоа е во рамките на Министерството за правда. Неделава имавме сите средба, и политички партии, невладините организации и меѓународни организации и веќе сме усогласиле текст на предлог-закон кој што во себе ги инкорпорирта сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР од последните три изборни циклуси претседателски, локални избори и референдум и во тој предлог не се дискутира околу изборен модел, изјави Груби.

Коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Заев дека СДСМ не се откажуваат од идејата за нов изборен модел, па дури и за претстојните предвремени избори и оти би ја поддржале евентуалната иницијатива за тоа и без консензус, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, оцени дека дури и да се донесе измена, би било неодговорно таа да се имплементира на претстојните предвремени избори. Не ја затвараат вратата за промена на изборниот модел, но, рече, остануваат на ставот за 120 изборни единици, и оти кој модел и да се договори што ќе биде применлив после изборите на 12 април „треба да биде апсолутно и никако на друг начин освен со консензус на големите партии".

-Нашиот предлог е мнозински модел со 120 изборни единици и секако дури и сега да се донесе имплементација после изборите на 12 април, бидејќи е многу неодговорно да се влезе во измена на изборниот модел на неколку месеци пред избори. Тоа ќе отвори проблеми како во самата постапка за спроведување на изборите така за политичките партии или за граѓаните во однос на запознавањето со истиот како тој ќе функционира и сите останати работи кои што доаѓаат со промена на изборниот модел. Значи не ја затвораме вратата за промена на изборниот модел, нашиот предлог е тој кој што го кажав, мнозински со 120 изборни единици, бидејќи на тој начин ќе се покаже најголема транспарентност, најголема отвореност, ќе им се даде на граѓаните едноставно буквално за личноста да гласаат, меѓутоа ќе можат на најдобар начин да дадат отчетност од пратениците на тој начин.

Петнаесет пратеници кои доаѓаат од помалите партии како и независни пратенции кои застанаа зад иницијативата за промена на изборниот модел со една изборна единица наместо сегашните шест, најавија дека во најскоро време ќе поднесат закон за измени на Изборното законодавство во кој ќе се имплементира нивното барање. Од Иницијативата предлагаат и отворени листи што би се вовеле од следните локални избори, како и еднаква родова застапеност, односно по 50 проценти мажи и жени.

За промена на Изборниот законик потребно е апсолутно мнозинство од 61 пратеник и „Бадентерово мнозинство", односно мнозинство од припадниците на заедниците.

Бритни Спирс жестоко се скарала со момчето, полугола ја изнеле од хотелот

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six.

Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес.

До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “.

Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“.

Во август 2023 година, Спирс се шпекулираше дека се „зближува“ со Солиз, нејзиниот поранешен куќен помошник, но упатените во тоа време рекоа дека се загрижени за неговото криминално минато. Судските записи покажуваат дека тој бил обвинет за повеќе прекршоци, па дури и кривично дело затоа што поседувал огнено оружје.

За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари. Парот се разведе во август минатата година по 14 месеци брак. „Бритни врти нова страница“, изјави извор за Page Six претходно, додавајќи дека разводот бил финализиран „пријателски“ со „строг предбрачен договор“.

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски  денеска беше во Тетово.

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска беше во Тетово, каде што со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 6, Небојша Захариески и останатите кандидати, ја промовираа програмата на Движењето за претстојните парламентарни избори „Проглас за достоинствена Македонија“. Димитриевски во изјавата за медиумите рече дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се етаблираше како нова политичка сила на македонскиот] политички простор токму со поддршката на граѓаните.

„Ја претставуваме програмата и ја бараме поддршката за нашите кандидати за пратеници предводени од господин Небојша Захариески во ИЕ 6.

Јас знам дека никогаш повеќе ЗНАМ нема да дозволи нештата во државата да бидат исти. Ќе бидеме коректив на идната власт, но и на идната опозиција.

Нашиот број секојдневно се зголемува, а и поддршката од граѓаните е се поголема и верувам дека заедно ќе успееме да ја вратиме државата таму каде што припаѓа, во рацете на граѓаните“.

Тој ги повика граѓаните масовно да ја дадат својата поддршка на Движењето ЗНам – За наша Македонија, на носителот на листата во ИЕ 6, Захариески, како и на сите кандидати за пратеници.

„Со тоа, рече Димитриевски, - Граѓаните го даваат својот глас од граѓанин за граѓанин. Ние сме политички субјект кој расте токму со граѓанската поддршка. Продолжуваме понатаму со позитивни промени во државата, со позитивни промени во Македонија“.

Изјава за медиумите даде и носителот на листата во ИЕ 6, Небојша Захариески, кој рече дека со она што го нудат во Програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ сакаат да ги вратат илинденските и асномските темели на државата.

„Сакаме да ја направиме државата самоодржлива, со што ќе биде и самостојна. Сакаме да градиме стабилни меѓуетнички односи, а Тетово е симбол за добар соживот“, рече Захариески.

Тој додаде дека нивна цел е добро владеење, правна држава, како и запирање на клиентелизмот, непотизмот и корупцијата, со што, како што рече, ќе го дадат својот максимум за Македонија.

Сектор за односи со јавност

Падна цената на златото, нафтата по долго време под 79 долари за барел

Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, цените на златото и пченицата паднаа, додека нафтата од типот „брент“ се продава за помалку од 84 долари за барел.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 17.955,35 поени, лондонски FTSE 100 на 8.193,91 поени, француски CAC 40 на 7.945,20 поени, а московски MOEX на 3.446,04 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 38.225,66 поени, S&P 500 на 5.064,20 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 15.840,96 поени.

Според податоците од берзата, цената на суровата нафта паднала на 79.198 долари, а на нафтата од типот брент на 83.903 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 30.900 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2298,79 долари за унца, а на пченицата на 5,9581 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07296, што е приближно исто како вчера.

притисни ентер