МетеоПролетно утро со темпeратури над нулата Утрово температурите во државата над нулата. На Попова Шапка, Mаврови Анови и во Лазарополе, 2 Битола, Берово, 4 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Прилеп, Kрушево, 5 Претор, Демир Капија, 6 Штип, Виница, Велес, Кавадарци, 7 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Струмица, 9 Гевгелија, соопшти УХМР. Во изминатите 24 часа до 08 часот врнежи од дожд од 1 l/m2 на Попова Шапка, каде има и снежна покривка од 32 см. Времето денеска сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен. Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 21 степен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваШпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалеротШпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула. Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона. „Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com. Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид. Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација. Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател ТрампИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, која, според Белата куќа, била „позитивна и продуктивна“.„Претседателот Трамп ги заврши средбите во Овалната соба со претседателот (на Украина, Володимир) Зеленски и со премиерот (на Израел, Бенјамин) Нетанјаху. Двете средби беа позитивни и продуктивни“, напиша портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, на платформата „Икс“ (X) по одвоените средби на Трамп со Нетанјаху и Зеленски, пренесува Си-ен-ен (CNN). Израелски функционер запознаен со средбата меѓу Нетанјаху и Трамп ги потврди оценките на Белата куќа, наведувајќи дека „средбата беше многу позитивна и се одржа во добра атмосфера, во присуство на високи претставници на администрацијата“. Тој додаде дека лидерите ја потврдиле својата заедничка цел – „на Иран во никој случај да не му се дозволи да поседува нуклеарно оружје“. Двајцата лидери разговараа и за партнерството меѓу Израел и Соединетите Американски Држави, кое е „посилно од кога било“, како и за разни можности на Блискиот Исток. Двете средби се одржаа без присуство на медиумите.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
АвтомобилизамБМВ го претстави продолжениот X5 за кинескиот пазарКина веќе не е „ветената земја“ ниту за BMW. Бројките на продажба опаѓаат, а баварскиот гигант се обидува да го сврти тој тренд. По неодамнешното претставување на кросоверот iX3 и седанот i3 со продолжено меѓуоскино растојание, сега и новиот BMW X5 доби верзија со продолжено меѓуоскино растојание наменета за кинескиот пазар. Овој луксузен SUV, кој е достапен со мотори со внатрешно согорување, како и во електрична варијанта iX5, се одликува со поголеми задни врати – резултат на продолжувањето на меѓуоскиното растојание за 130 мм (со што вкупната должина сега изнесува 3.165 мм). BMW исто така го измени дизајнот на предните светла; LED-светлата повеќе не ја формираат буквата „X“, форма што во кинеската култура носи негативни конотации. Покрај тоа што нуди повеќе простор за нозете на патниците одзади, овој X5 воведува и нова карактеристика: „Theatre Screen“ (театарски екран). Овој екран со дијагонала од 31,3 инчи и резолуција 8K – првпат виден кај Серијата 7 – е наменет и за работа и за забава, овозможувајќи видеоповици, стримување содржини и играње видеоигри. BMW целосно ги редизајнираше седиштата во верзијата на X5 со продолжено меѓуоскино растојание, која стандардно доаѓа и со адаптивна воздушна суспензија на двете оски. Кинеските купувачи сакаат екрани, па затоа не изненадува што покрај централниот инфозабавен систем со екран на допир од 17,9 инчи, поставен е и екран од 14,6 инчи наменет за совозачот. Системот „Panoramic Vision“, кој се протега низ целата ширина меѓу А-столбовите, сега е веќе познат елемент од опремата на BMW; тој вклучува три фиксни елементи во видното поле на возачот и до шест приспособливи виџети на десната страна. Што се однесува до опсегот на движење, моделот iX5 ќе може да помине 845 километри со едно полнење во Европа, според WLTP циклусот на тестирање. Во Кина, електричниот SUV ветува уште повеќе – до 1.000 километри – иако тоа првенствено се должи на кинеските стандарди за мерење, кои се значително поблаги, пренесува Motor1.com.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook