СветПролетна сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон Во градот Дејтон во американската сојузна држава Охајо денеска започнува четиридневната Пролетна сесија на Парламентарното собрание на НАТО.Во градот Дејтон во американската сојузна држава Охајо денеска започнува четиридневната Пролетна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, на која главни теми ќе бидат зајакнувањето на мирот на Балканот, обезбедувањето праведен и траен мир во Украина и засилувањето на Алијансата. Во пресрет на сесијата, претседавачот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело истакна дека покрај дебатата за овие три клучни приоритети, на сесијата ќе бидат усвоени и политички препораки за Самитот на Алијансата, што ќе се одржи кон крајот на следниот месец во Хаг. Тие препораки, според Перестрело, ќе бидат да се извлечат поуки од Дејтонскиот мировен договор, да се зајакне и ребалансира НАТО и да се потврди непоколебливата поддршка за Украина. Дополнително, предвиденото е членовите на Парламентарното собрание да дискутираат и за Нацрт-извештајот за Западниот Балкан насловен „30 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор“. В понеделник треба да биде усвоена и Декларација за зајакнување на одвраќањето и одбраната на НАТО, со која ќе се препорача засилување на воените, технолошките и индустриските капацитети на Алијансата и обезбедување пофер распределба на товарот на одбранбените трошоци. - На претстојниот самит во Хаг, НАТО мора да го прераспредели трансатлантскиот товар и одговорности, да ја зголеми отпорноста на сојузничките демократии и да обезбеди подобра одбрана од нападите врз нашите општества. Самитот мора да го зајакне и ребалансира НАТО, така што тој ќе остане суштински бедем што ги чува безбедни граѓаните на Европа и Северна Америка, додаде Перестрело. Според најавите, на заседанието, меѓу другото, ќе стане збор и за кибер заканите, справувањето со дезинформациите, пристапот на НАТО кон Русија, соработката со партнерите од Индо-пацифичкиот регион и за безбедноста на Вселената. Во работата на над 240-те пратеници од земјите членки и партнери на НАТО, вклучително и од Европскиот парламент, в недела и понеделник ќе им се приклучи и генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, кој ќе има обраќање на сесијата, а заедно со Перестрело ќе учествува и на панел-дискусија во рамки на заседанието. Како што соопшти Прес-службата на НАТО, предвидено е Руте на маргините на заседанието да се сретне со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, со министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ и со членови на делегацијата на американскиот Конгрес во Парламентарното собрание. Во пресрет на почетокот на Парламентарното собрание на НАТО, синоќа во Дејтон се одржа и свеченост по повод 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, со кој во 1995 година беше ставен крај на војната во БиХ. Шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, конгресменот Мајк Тарнер истакна дека Дејтонскиот мировен договор останува суштинска основа за стабилноста на Босна и Херцеговина и на Западниот Балкан. - Дејтонскиот мировен договор се роди како гарант на мирот што се одржува 30 години во се уште кревка структура, изјави Тарнер. Дејтонскиот градоначалник Џефри Мимс, пак, истакна дека духот на мировните договори потпишани во Дејтон треба да бидат инспирација за Парламентарното собрание на НАТО. - Сите се тука со единствена цел - да се осигураме дека комуницираме и разговараме за проблемите во светот и како можеме да го одржиме и воспоставиме мирот, изјави Мимс. Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсени се десет возачи- деветмина возеле без возачка, од кои двајца малолетнициЛишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца биле малолетници, а еден возач предизивикал сообраќајна незгода со материјална штета. Едно лице возело под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМаж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременостДваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била бремена во 34-та недела, е убиена синоќа во семејната куќа во селото Кервасари во близина на Малишево во Косово.Нејзиниот 26-годишен сопруг е осомничен за тешко убиство, потврди утрово Основното обвинителство во Ѓаковица. Сопругот е исто така тешко ранет од огнено оружје и е во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина. Тој е интубиран и поврзан на респиратор, а лекарите ја опишуваат неговата состојба како многу сериозна и нестабилна. Парот пронајден ранет во спалната соба Полицијата добила пријава за пукањето синоќа околу 23:20 часот. По пристигнувањето во куќата, полицајците ги пронашле сопружниците со прострелни рани во спалната соба. Двајцата биле пренесени во болница. Универзитетскиот клинички центар на Косово објави дека 25-годишна сопруга била донесена околу 00:15 часот без знаци на живот. И покрај обидите за реанимација, нејзината смрт е потврдена. Таа била бремена во 34-та недела. Нејзиниот сопруг е тешко повреден. Директорот на службите за итни случаи, Насер Сила, изјави дека мажот бил интубиран и поврзан со респиратор, како и дека се извршени потребните тестови. Обвинителство: Сопругот е осомничен за тешко убиство Основното обвинителство во Ѓаковица потврди дека 26-годишниот сопруг на убиената жена се води како осомничен во овој случај. Покрената е постапка за тешко убиство и неовластено поседување, контрола или поседување оружје. На местото на злосторството е пронајдено и огнено оружје за кое се сомнева дека е употребено во пукањето. По наредба на обвинителот, телото на убиената жена е пренесено во Институтот за судска медицина во Приштина за обдукција. Полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата за да ги утврдат сите околности на злосторството. Засега, официјално не е објавен можен мотив, ниту е потврдено како сопругот ги претрпел повредите. Членовите на семејството се збогуваат со убиената 25-годишна жена на социјалните мрежи. Косовски Клан објави дека нејзиното име е Јетлира Фониќи.Тагови: Косово сопруга Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на УкраинаСо оддавање почит кон загинатите и едноминутен молк, во Собранието се одржа сесија на интерпартиската парламентарна група за поддршка на кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook