Проклетството на „Златната топка“ продолжува! Дембеле без титула како Еузебио, Платини, Кројф, Меси, Роналдо ... - Канал 5

Проклетството на „Златната топка“ продолжува! Дембеле без титула како Еузебио, Платини, Кројф, Меси, Роналдо ...

Проклетството на „Златната топка“ продолжува! Дембеле им се придружи на светските фудбалски великани добитници на највредното признание, како Еузебио, Платини, Кројф, Меси, двајцата Роналдовци...

Проклетството на „Златната топка“ продолжува! Дембеле  без титула како  Еузебио, Платини, Кројф, Меси, Роналдо ...

Тоа е неславно друштво на великани кои, иако во тој момент биле актуелни освојувачи на „Златната топка“, сепак останале без светската титула.

Усман Дембеле нема да има можност да испише историја во светскиот фудбал!

Францускиот репрезентативец и актуелен освојувач на „Златната топка“ не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство, откако Франција беше поразена од Шпанија во полуфиналето со резултат 0:2.

Со тоа продолжи она што многумина го нарекуваат „проклетството на Златната топка“. Ниту еден фудбалер кој ја освоил оваа најпрестижна индивидуална награда во годината пред Светското првенство, не успеал истовремено да го подигне и трофејот наменет за светскиот шампион.

Дембеле имаше идеална можност да ја прекине таа неверојатна низа, но неговиот сон згасна во полуфиналето. На тој начин, тој се приклучи на елитното, но неславно друштво на великани кои исто така останаа без светската титула иако во тој момент ја поседуваа „Златната топка“.

Истата судбина пред Дембеле ја доживеаја и легендите: Еузебио во 1966 и Мишел Платини во 1986 година, кои со своите репрезентации беа запрени во полуфиналето на Светското првенство.

Чекор подалеку, но без титула останаа и : Џани Ривера го загуби финалето со Италија во 1970 година, Јохан Кројф со Холандија во 1974, Карл-Хајнц Румениге со Западна Германија во 1982, а Роберто Баџо со Италија во 1994 година; додека Роналдо Назарио да Лима, една година откако ја освои „Златната топка“, го доживеа болниот пораз на Бразил од Франција во финалето на Светското првенство во 1998 година.

На листата на оние што не успеаја да ја прекинат оваа необична клетва се и Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Аргентина, предводена од Меси, беше елиминирана во четвртфиналето во 2010 година, додека Португалија со Роналдо во 2014 година испадна уште во групната фаза, а четири години подоцна го заврши натпреварувањето во осминафиналето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Битола: Вежба за евакуација и противпожарна заштита

Денес беше реализирана вежба за евакуација и противпожарна заштита, која се одржа на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

О. Битола: Вежба за евакуација и противпожарна заштита

Вежбата беше изведена со цел практично да се провери степенот на подготвеност на вработените од институции, одговорните лица и останатите учесници за навремено, организирано и ефикасно постапување во случај на пожар и други вонредни ситуации.

Организатор на оваа вежба беше „Премиум Сејфти Солушн“, од каде велат дека реализацијата на ваква вежба има особено значење за објект од јавен карактер како што е стадионот, каде во услови на зголемена посетеност може да се најдат голем број лица на ограничен простор и каде брзината, организираноста и координацијата при евакуација се од суштинско значење за заштита на човечкиот живот.

Вежбовните активности ги проследи и градоначалникот на Битола Тони

Коњановски кој рече дека превенцијата е многу важна, не само во услови на пожари и други вонредни ситуации, туку воопшто во сите оние предизвици пред кои секојдневно сме исправени.

„Апелите се секојдневни, еве и во оваа прилика во екот на состојба со пожари, сакам уште еднаш да апелирам на совесно однесување во средината во која се движиме и која може да е потенцијално место за пожар или друга непогода, односно вонредна ситуација.

За да можеме да делуваме во било која ситуација, треба да сме свесни и рационално да размислуваме, без паника, туку смирено и разумно да реагираме.

Токму овој настан денеска, оваа вежба за евакуација и противпожарна заштита, ќе биде лекција за тоа како да постапуваме.

Како Општина секогаш даваме поддршка на унапредување на превентивното дејствување, безбедноста и подготвеноста за постапување при пожари или други вонредни ситуации“ истакна градоначалникот на Битола.

На прес конференцијата градоначалникот на Битола истакна дека во завршна фаза е новата противпожарна зграда во поранешната касарна, која ќе биде објект кој ги задоволува сите стандарди за ефикасна интервенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Чаби Алонсо имаше победнички старт на чело на Челси, со победа од 3:2 над Фулам.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Интересно е што и Фулам ја започна новата сезона со нов тренер, Алваро Арбелоа – токму тој го наследи Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што му даде нова димензија на односот меѓу двајцата поранешни соиграчи.

Заминувањето на Алонсо од Мадрид уследи по бурен период. Во тоа време, медиумите пишуваа за неговите несогласувања со одредени клучни играчи, меѓу кои особено се спомнуваше Винисиус Жуниор.

Легендата на Ливерпул и поранешен соиграч на Алонсо, Џејми Карагер, смета дека проблемите во Реал Мадрид првенствено не се должеле на работата на Алонсо, туку на односот со играчите.

„Чаби Алонсо ја загуби работата поради Винисиус Жуниор. Тој не беше задоволен од ситуацијата. Отиде да се пожали кај сопственикот, а се зборуваше и дека нема да потпише нов договор“, изјави Карагер.

На крајот, Реал Мадрид, како и секогаш, застана на страната на играчот, го смени тренерот, а потоа го доведе неговиот пријател, Алваро Арбелоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи.

Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи.

Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник.

САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер