Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час
1Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час
ЖивотПроклет автопат: Духови го опседнуваат местото каде што загинаа Тоше и Долорес ?!На оваа делница од автопатот на возачите им се покажуваат разни привиденија, а жителите од овој крај за сево ова ги обвинуваат подземните води.Хрватската актерка Долорес Ламбаша загина вчера во 6:30 часот во сообраќајна несреќа на автопатот А3 кај Велика Копаница. На истата делница, на оддалеченост од 60 километри во правец кон Загреб во 2007 година загина и Тоше Проески. Исто беше октомври и беше 6:20 часот. И двајцата спиеле на совозоачкото седиште кога дошло до кобниот удар. Жителите кои живеат во блиизна на оваа делница сметаат дека тој пат е проколнат и за се ги обвинуваат подземните води и мрачните сили. Токму на тоа место возачите се жалат на халуцинации и на необјасниви појави. Еден од пострашните настани датира од 1978 година кога возач кај Нова Градишка видел перница со бебе. Нагло закочил и излетал од патот, а кога се наведнал да ја подигне, перницата со бебе исчезнала, пренесуваат хрватските медиуми. На тој дел од патот на возачите им се покажувале и духови. Небричен маж, во парталава облека кој води мал коњ впрегнат во старинска кола паралелно со автопатот е еден од духовите кои возачите често го сретнуваат. За седум години, од 2006 до 2013 година на истата делница во 2.293 несреќи загинале 54 лица, а тешко се повредени 180 патници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/часНа 22.11.2026 во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗасилени инспекциски контроли во Општина БутелДенес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани. Општина БутелКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓаниСо вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто. Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата. Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години. Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат. Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.Тагови: сезонски грип Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter