Производителите на нафта од Блиски Исток дополнително го намалија производството - Канал 5

Производителите на нафта од Блиски Исток дополнително го намалија производството

Најголемите производители на нафта на Блиски Исток дополнително го намалуваат производството, бидејќи клучниот Ормутски Теснец речиси е парализиран, што го нарушува глобалниот енергетски пазар.

Производителите на нафта од Блиски Исток дополнително го намалија производството

Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека четирите најголеми производители во регионот – Саудиска Арабија, Ирак, Обединети Арапски Емирати и Кувајт го намалија заедничкото производство дури за 6,7 милиони барели дневно, со што глобалната понуда на нафта е намалена за околу шест отсто.

Саудиска Арабија го намали производството на два до 2,5 милиони барели дневно, ОАЕ за 500.000 до 800.000 барели дневно, Кувајт за околу 500.000 барели дневно, додека Ирак го намали производството за околу 2,9 милиони барели дневно.

Поради нарушеното снабдување цената на нафтата вчера се искачи до 120 долари по барел, но откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека војната набрзо може да заврши, цените се намалија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Денес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без вода делови од Центар

Една информација за граѓаните од централното градско подрачје. 

Без вода делови од Центар

Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци

Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци и територијата на општината, проследено со силен ветер и обилни врнежи. 

Јанчев: Силно невреме попладнево го зафати Кавадарци

За среќа, нема повредени лица, а благодарение на добрата атмосферска канализација и навремено санираната инфраструктура, не се регистрирани материјални штети на инфраструктурните објекти.

На повеќе локации се регистрирани паднати дрвја и гранки, околу 10 поплавени подруми, како и проблеми со електричната и телекомуникациската инфраструктура. Паднати дрвја се регистрирани и на регионалните патни правци Кавадарци–Дреново и Кавадарци–Неготино.

Екипите на ЈП „Комуналец“ веднаш се мобилизирани и се на терен. Ангажирани се 12 работници од хигиена и зеленило, како и 15 работници од секторот Водовод и канализација, заедно со два трактора, две камиончиња и еден скип. Екипите работат на расчистување на наносите, решетките и јавните површини, како и на санирање на последиците од невремето.

На терен се и екипите на ТППЕ Кавадарци, како и екипи на Општина Кавадарци. Се интервенира на сите локации каде што има потреба, во координација со електродистрибутивните и телекомуникациските оператори, кои работат на санирање на дефектите.

Во координација со надлежните служби, Полициската станица Кавадарци ги обезбедува локациите каде што постои ризик или движењето е отежнато.

Сите надлежни служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за целосно расчистување и нормализирање на состојбата.

За сите пријави и информации од граѓаните, достапен е Општинскиот кол-центар на 13.300.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер