Резултатите од ПИСА го вклучија алармот за квалитетот на македонското образование и досега спроведените реформи
2Резултатите од ПИСА го вклучија алармот за квалитетот на македонското образование и досега спроведените реформи
3Мицкоски: Во последните две години вкупното ниво на странски инвестиции е околу милијарда и 400 милиони евра
Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
1Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
БалканПроизводителите на млеко во Србија најавија протест и блокада на Ибарска магистралаСтотици производители на млеко од централна Србија, незадоволни од цената, откупот и неконтролираниот увоз на млеко, денеска со трактори ќе ги блокираат делови од Ибарска магистрала Тие исто така планираа да истурат стотици литри млеко, со барање државата да воведе прелевмани (заштитни такси) со цел да се намали увозот на млеко и млечни производи и да се заштити домашното производство. Блокадата ќе биде од 13 до 15 часот. Во изјава за српски медиуми тие нагласуваат дека состојбата со производството на млеко е „десет пати полоша отколку во 2023 година, кога беа воведени прелевмани“. Производителите бараат итно воведување квоти и давачки за увоз на млеко и млечни производи и нивна контрола на границата и продолжување на откуп од млекарниците каде што е прекинат. Тие се подготвени да разговараат за проблемот со премиерот Ѓуро Мацут доколку тој покаже интерес за тоа. Претседателот на Здружението на одгледувачи на добиток на Централна Србија, Милија Паламаревиќ, изјави дека околу 300 производители на тоа здружение ќе го блокираат патот со трактори на патот Крагуевац - Краљево околу 13:00 часот. Според него, производителите ќе истураат млеко пред компанијата, која е голем увозник на млеко и млечни производи. Паламаревиќ рече дека некои купувачи плаќаат помалку од 20 динари за литар млеко. Млекарите од Србија долго време се борат за опстанок, а на крајот на јануари 2025 година ги блокираа регионалните патишта 24 часа.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеДве недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска трескаМинистерот Клековски денеска потврди дека на Инфективната клиника во моментов се лекуваат шестмина пациенти од западно нилска треска од кои двајца се критични.. Стивнува западнонилската треска – Втора недела по ред надлежните регистрираат по само два нови случаи на вирусот. На Инфективната клиника во моментов се наоѓаат шест пациенти, од кои двајца се критични.Министерот Клековски вели дека сега со стивнувањето на епидемијата клучно е да се види дали се научиле лекциите од оваа сезона за поподготвени да ја дочекаме следната. Министерот Клековски денеска ја претстави и ажуририраната листа на лекови, обновена прв пат по 11 години. Станува збор за листа, поддржана од СЗО, неопходна за здравствените работници во третманот на најширок можен дијапазон на болести. Воведени се неколку позначајни новини, на пример кај антибиотиците, кои се поделени во три групи со цел да се воспостави нивна рационална употреба. Воведени се и нови терапевтски области за повеќе болести, како мултипла склероза, цистична фиброза, ХИВ, онколошки терапии. „А што е ново во листата? Таа е систематизирана во 28 терапевтски области, дефинирана во подгрупи, фармацевтски форми итн. Ново не е само што имаме 109 нови лекови (активни супстанции) на оваа листа, од вкупно 372 лека кои се на оваа листа, туку новина е дека е сменет и терапевтскиот пристап.“, изјави Клековски. Министерот појасни дека есенцијалната и позитивнита листа на лекови се две различни листи, односно, есенцијалната ги опфаќа лековите што треба да ги има во земјата, меѓутоа не се неизбежно дел од позитивната листа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на затворот Скопје поднесе оставка- Утковски вели заминува од лични причиниДиректорот на затворот Скопје Бобан Утковски, поднесе оставка, а како што и самиот потврди за Канал 5, оставката била поради лични причини.. Утковски не сакаше да открива повеќе детали. Од Владата потврдуваат дека Утковски ја доставил оставката и информираат дека истата ќе биде предмет на разгледување на некоја од наредните седници, а јавноста ќе биде информирана откако ќе биде назначен негов наследник. На седница на Влада предлог за нов директор на затворот во Шутка ќе треба да достави директорот за извршување на санкции Александар Пандов, кој за Канал 5 изрази надеж дека наследникот на Утковски ќе биде избран во најкус можен рок. Утковски беше именуван за в.д. Директор на скопскиот затвор во јули 2024 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРезултатите од ПИСА го вклучија алармот за квалитетот на македонското образование и досега спроведените реформиТри од четири деца тешко разбираат што читаат, ова е еден од погубниоте резултати од минатогодишноот истражување на ПИСА, што го вклучи алармот за ефектите од досега спроведените образовни реформи.. Новите ПИСА резултати повторно го вклучија алармот за македонското образование и го отворија старото прашање – зошто учениците тешко го применуваат она што го учат во училишните клупи? Експертите посочуваат дека надлежните итно треба да реагирааат за овие состојби а според нив причината не треба да се бара само на едно место, туку во целиот образовен систем – од наставните програми и квалитетот на наставата, до честите реформи кои ги спроведуваат министрите но и начинот на кој се проверува стекнатото знаење. Коментирајќи ги најновите податоци од меѓународното тестирање ПИСА, но и состојбите во образованието воопшто, професорката Викторија Кафеџиска вели дека резултатите на ПИСА се одраз и на пошироките состојби во општеството. -Кај нас постои една трка за оценки, тука е притисокот и врз наставниците, кој доаѓа од родителите и по секоја цена се бараат високи оценки. Нашите одделенија во просек ако ги земете, сите имаат висок просек над 4 над 5 зборувам, резултатите во самите одделенија. И сега ако се дозволи реалното оценување тука и наставникот и детето ќе се најдат некаде, дека треба да се подобри, дека треба нешто повеќе да се прави, оценува професорката. Кафеџиска лоцира уште еден проблем кој според неа можеби е најбитен кога станува збор образованието на младите. -Со вештачката интелигенција сега со што се е можно да направите, да пишувате есеи да решавате математика инт. Затоа треба да се најде некој баланс, меѓутоа овие резултати се поразителни – потенцира Кафеџиска. Професорката во пензија решението во проблемот го гледа во копирање на успешните решенија кои ги примениле земјите од ЕУ но и оние во регионот. -Можеби Србија, Словенија покажуваат за нијанса подобри резултати и тука ние можеби треба да ги бараме и решенијата, тоест да ги копираме. Ако тие навистина имаат подобри резултати, тука сме на Балканот па да ги копираме тие решенија бидеќи на многу пати досега сме копирале решенија од други – објаснува Кафеџиска. Од МОН вчера информираа дека резултатите од ПИСА повторно се многу лоши, а причините ги лоцираат во реформите и образовните политики од претходниот период. Оттаму велат дека ефектите од реформата што во моментов се спроведува во македонскиот образовен систем не можат да се очекуваат веднаш и дека првите позначајни резултати ќе бидат видливи за околу десет години. Последното тестирање ПИСА, кое не го проверува само наученото, туку и способноста на учениците да го применат знаењето и да решаваат проблеми во реални ситуации, покажа дека македонските ученици постигнуваат резултати под просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и природни науки, како и во делот на решавање проблеми во дигитална средина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook