Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ЖивотПроизведена е последната чоколадна бонбона „Моцарт“- по 127 години се затвора фабрикатаФабриката Mirabel-Werk во Грудиг, во близина на Салцбург, каде што ги произведуваше познатите Моцарт топчиња (Моцарткугел) повеќе од еден век, се затвора.На 5-ти декември е произведена последната чоколадна бонбона Мирабел Моцарт, завиткана во златна фолија, спакувана во кутија и на тој начин ова чоколадно топче од 17,1 грама со јадро од фстаци-марципан-нугат од Салцбург стана историја. Засекогаш се затвора фабриката во Грудиг, каде што компанијата „Salzburg Schokolade“ го произведуваше „Real Salzburg Mozartkugle“. Корпорацијата Mondelez, сопственик на сите права на овој симбол на австриската традиција, одлучи да го прекине производството во Австрија. Планот е производството да се пресели во Полска или Чешка, но деталите остануваат нејасни. Одлуката предизвика незадоволство, како кај вработените, така и кај локалната заедница. - Тоа беше постепен крај - вели Катарина Линднер, менаџер за квалитет, која работела во фабриката речиси десет години. Пред две години таму биле вработени 160 работници, а сега ги има само 40, а од работа ќе си заминат на 31 декември. Во јуни, по неколку турбулентни години, беше најавено конечното исклучување на локацијата и компанијата. - Тие што сакаа да си заминат, си заминаа. Но, сите во производството сакаат да ја доведат оваа ера до крај - вели Линднер. Салцбург Шоколаде, компанијата која досега правеше топчиња Моцарт за Монделес, не се опорави од банкротот во 2021 година. Како причини се наведуваат поскапувањата на суровините, енергијата и транспортот. Зградата на фабриката најверојатно уште долго ќе остане празна, додека опремата ќе се продава или демонтира. Со ова завршува една 127-годишна традиција, а Салцбург губи еден од своите најпознати гастрономски симболи, пишува австриски Куриер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
ЗабаваИ овој викенд „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“ во Кисела ВодаОпштина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Република Македонија и со “Киноверзум”, и овој викенд ја организира манифестацијата „Кино на отворено“. Настанот ќе се одржи на 19 и 20 септември, сабота и недела, во паркот „Македонија“ во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“. Програмата носи внимателно селектирана филмска содржина за сите генерации. Вечерите почнуваат со детски филмови, по што следуваат култни македонски филмови. Во сабота, на 19 септември, со почеток во 19:00 часот ќе се прикаже детскиот анимиран филм „Клинци Каубојци“, синхронизиран на македонски јазик. Во 20:35 часот следува македонскиот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска, која има две номинации за наградата Оскар, а во продукција на Јорданчо Петковски и Ана Хамши. Овој филм е откупен од National Geographic Documentary Films и ја доби Наградата на Музата за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција. Во недела, на 20 септември, од 19:00 часот на програмата е детскиот анимиран филм „Таинствената шума“, исто така синхронизиран на македонски јазик. Веднаш потоа, во 20:25 часот ќе следи проекција на култниот македонски филм „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, еден од најуспешните македонски филмови, кој е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција и уште четири номинации од кои најзначајната е секако номинацијата за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1995 година. Ги покануваме сите граѓани овој викенд да присуствуваат и да уживаат во филмската програма во Општина Кисела Вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСВР Скопје ја откри и санкционираше жената која фрлаше отпадоци во ЛепенецПо преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето, кое е повикано во полициската станица и со него е извршен службен разговор, информираат од СВР Скопје. Денеска (17.09.2026) во 11:45 часот, во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикана М.И.Б.(38) од Скопје, во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како непознато женско лице со патничко моторно возило „порше“, на улица „Скупи“, кај мостот на реката Лепенец, фрла отпадоци во реката. По преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето, кое е повикано во полициската станица и со него е извршен службен разговор. По документирање на случајот, на лицето му е изготвен платен налог согласно член 14 став 1 од Законот за јавна чистота, поради фрлање амбалажа надвор од места определени за таа намена, како и записник со платен налог согласно член 63 став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради непрописно паркирано патничко моторно возило на коловозна лента.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин ВикВо рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC.Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори. Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и отворање нови перспективи за инвестиции во Македонија, особено во стратешки области како енергетиката, високите технологии и современата инфраструктура. Нашата цел е преку силното стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави да создадеме нови можности за економски развој, привлекување инвестиции и подобар стандард за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter