Прогресoт на Русија во развој на напредно вселенско оружје предизвикал загриженост во САД - Канал 5

Прогресoт на Русија во развој на напредно вселенско оружје предизвикал загриженост во САД

Ако биде распоредено, таквото оружје-убиец на сателити може да ја уништи граѓанската комуникација, набљудувањето од вселената и воено-командните операции на САД и сојузниците. 

Прогресoт на Русија во развој на напредно вселенско оружје предизвикал загриженост во САД

Тврдењата за сериозни закани по националната безбедност на САД се однесувале на прогресот на Русија во развој на ново вселенско нуклеарно оружје дизајнирано да направи штети на распространетата американска сателитска мрежа, објави синоќа „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на сегашни и поранешни службеници.

Ако биде распоредено, таквото оружје-убиец на сателити може да ја уништи граѓанската комуникација, набљудувањето од вселената и воено-командните операции на САД и сојузниците. Леон Панета, поранешен директор на ЦИА, за Си-Ен-Ен синоќа истакна дека во таков случај тоа би претставувало итна закана по националната безбедност на САД.

Доверливите информации за „дестабилизирачки странски воени капацитети“ што синоќа ги објави републиканскиот конгресмен Мајкл Тарнер не поставувале серизни прашања дали Русија се подготвува да излезе од Договорот за подалечна вселена од 1987 година, според кој се забранува нуклеарно оружје во орбитата.

Во протечените документи се вели „Русија се чини е далеку од распоредување на такво оружје“, така што тоа не претставува итна закана, заклучуваат некои службеници.

Тарнер, кој претседава со Комитетот за разузнавање во Претставничкиот дом, вчера преку е-пошта објави енигматско предупредување за итна закана по националната безбедност, се создала тивка паника по што некои конгресмени се послужиле со тајните излези од зданието. Тој побара од администрацијата на Џо Бајден да ја декласифицира таа информација без да каже за што станува збор.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави на новинарите во Белата куќа дека денеска се среќава со групата составена од двајца лидери на двата дома на Конгресот и уште неколку конгресмени задолжени за разузнавање и безбедност да ги брифира за напредокот на оваа руска нуклеарна програма.

Доверливите податоци веќе две години биле споделувани со оваа група.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фудбалерите на Реал и нивниот тренер Мурињо добија нови БМВ, вредни речиси 4,4 милиони евра (ФОТО)

Петта година по ред, BMW им испорачува нови автомобили на играчите од првиот тим на Реал Мадрид и на тренерот Жозе Мурињо. 

Фудбалерите на Реал и нивниот тренер Мурињо добија нови БМВ, вредни речиси 4,4 милиони евра (ФОТО)

Соработката помеѓу германскиот производител и мадридскиот клуб започна во 2022 година, а оваа сезона електрифицираните модели повторно доминираат меѓу фудбалерите. Само еден од избраните автомобили не може да се поврзе со полнач.

Дури 15 играчи го избраа истиот модел

Веројатно најпопуларниот автомобил меѓу ѕвездите на Реал е BMW XM Label, моќен plug-in хибрид кој комбинира V8 бензински мотор и електричен мотор и развива вкупно 748 КС. Забрзува до 100 км/ч за 3,8 секунди и може да помине до 88 километри само на електрична енергија.

Секој играч во тренинг центарот на Реал има свое паркинг место опремено со полнач, така што може да прави дневни патувања без да користи бензински мотор.

XM Label, чија цена на шпанскиот пазар е 197.228 евра, беше избран од дури 15 играчи: Дамфрис, Асенсио, Карерас, Родриго, Бернардо Силва, Брахим, Белингам, Хујсен, Куртоа, Конате, Трент, Чуамени, Гулер, Менди и Ридигер.

Мбапе останува верен на истиот модел

Килијан Мбапе повторно го избра BMW iX3 50 xDrive, а истиот автомобил ќе го возат Диоманде и младиот Тијаго Питарч.

Тоа е првиот модел од новата генерација автомобили Neue Klasse на BMW, која го носи и новиот дигитален интерфејс BMW Panoramic iDrive.

Електричниот SUV со погон на сите тркала развива 469 КС, забрзува до 100 км/ч за 4,9 секунди, а според официјалните податоци од BMW, може да помине до 805 километри со едно полнење. Неговата цена е 73.150 евра.

Едуардо Камавинга и тренерот Жозе Мурињо се одлучија за поголемиот електричен SUV iX xDrive60. Има 544 КС и дострел до 701 километар, а чини 107.900 евра без дополнителна опрема.

Винисиус избира луксузен седан, Валверде најевтиниот модел

Винисиус Жуниор, Еспи и Ендрик се одлучија за електричниот седан i7 xDrive60. Фредерикот на BMW развива 544 КС, има дострел до 727 километри и чини 141.750 евра. Меѓу дополнителните опции за опрема е голем екран со дијагонала од 31,3 инчи за патниците на задните седишта.

Федерико Валверде беше единствениот што го избра iX2 xDrive30, компактен електричен SUV со линија на покривот слична на купе. Развива 306 КС, а со цена од 59.750 евра, тој е и најевтиниот автомобил меѓу избраните модели.

Двајца ќе возат M5, само еден избра покласичен погон

Едер Милитао и Андриј Лунин се одлучија за BMW M5. Спортскиот седан со plug-in хибрид развива 727 КС, забрзува до 100 км/ч за 3,2 секунди, а со дополнителниот M Driver's Package може да достигне максимална брзина од 305 км/ч. На шпанскиот пазар чини 169.300 евра.

Марк Кукурела беше единствениот што избра автомобил кој не можеше да се вклучи на полнач. Станува збор за BMW X7 xDrive60i, голем луксузен теренец со 4,4-литарски V8 бензински мотор, благ хибриден систем и 530 КС.

X7 стандардно доаѓа со три реда седишта, а весникот Marca го поврзува својот избор со фактот дека фудбалерот има три деца. Цената на автомобилот е 158.550 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)

Албанското Министерство за здравство и социјална помош објави прелиминарен список на повредени за време на денешниот опозициски протест во Тирана. 

Хаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)

Според официјалните податоци, еден повреден полицаец, двајца претставници на медиумите, од кои едниот е странски државјанин, и неколку демонстранти биле примени во Универзитетската болница за трауматологија до 13:45 часот, објави Телеграфи.

Министерството објави дека сите примени во болницата се во стабилна состојба, свесни и ја добиваат потребната итна медицинска помош.

Според албанските медиуми, екипите за итни случаи веднаш излегле на местото на настанот за да им укажат прва помош на повредените и да ги пренесат во болница, а меѓу оние што биле лекувани имало и еден демонстрант на кого му се слошило за време на протестот.

Протестот на опозицијата во главниот град на Албанија започна со голема тензија откако граѓаните собрани на плоштадот Скендербег ги фрлија првите пиротехнички средства.

YouTube video

За време на протестниот марш по булеварот кон зградата на Владата, некои од демонстрантите ги нападнаа зградите на одредени државни институции по трасата на движењето со разни предмети.

Ситуацијата дополнително ескалираше кога демонстрантите се собраа пред канцеларијата на премиерот. Во тоа време, врз полицајците беа фрлени камења и молотови коктели, на што безбедносните сили одговорија со водни топови и солзавец.

Снимките од местото на настанот го покажуваат плоштадот обвиен во густ чад, вода и пламен од фрлените молотови коктели, додека тензиите во центарот на Тирана продолжуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад Дел Есте, на границата со Бразил.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени.

Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер