Програмски колегиум на МКЦ: Се случуваат разни клевети и невидени притисоци врз вработените - Канал 5

Програмски колегиум на МКЦ: Се случуваат разни клевети и невидени притисоци врз вработените

Овие денови се тешки за Младинскиот културен центар (МКЦ), но и за културата воопшто. 

Програмски колегиум на МКЦ: Се случуваат разни клевети и невидени притисоци врз вработените

Се случуваат разни клевети, невидени притисоци врз нас вработените, се дозволуваат паушални толкувања на законите и правото, се креваат раменици и оградување од надлежности, реагираа од Програмскиот колегиум на Младинскиот културен центар (МКЦ) на денешната конференција одржана пред центарот.

Тие го демантираа тврдењето на градоначалничката Данела Арсовска дека на МКЦ не му се скратени 90 проценти од буџетот.

-До одржување на прес-конференцијата вчера, ние на располагање го имавме овој документ – а тоа е дневен ред на 22. седница на Совет на Град Скопје, каде што стои дека за 2023 година за програмата на МКЦ е предвидено да се доделат 4.500.000 денари. Од нив – 2.500.000 денари се за работата на градското кино Милениум, а за сите останати активности на МКЦ, каде што меѓу другото се и едни од најголемите национални фестивали: театарскиот „МОТ“, филмскиот „Синедејс“, и музичкиот „Здраво млади“, како и целата годишна музичка, драмска, ликовна, детска, литературна програма во 365 дена – севкупно 2.000.000 денари. За споредба, годишниот програмски буџет на МКЦ за јубилејната 2022 година лани беше 14,5 милиони денари, не како што кажа градоначалничката 10,7 миолиони, посочи Русе Арсов, уредник на драмска програма.

Информираа дека МКЦ моментално има 50 вработени, иако за нормално функционирање потребни се над 70.

-МКЦ континуирано бара од Град Скопје нови вработувања, па макар тоа било времено и преку Агенција за привремени вработувања – но за кои повторно по закон, како и за редовните вработувања, треба согласност од Град Скопје. Таа согласност не ја добиваме. Што се однесува до бомбастичните наслови дека „шанкер зема 750 евра плата во МКЦ“, би сакале да појасниме дека во недостиг на редовен вработен персонал, за да оствариме сопствени приходи ќе се потпираме на сѐ уште расположливи надворешни млади луѓе, кои се останати во градот и сакаат да работат. Најчесто тоа се студенти, кои чесно работат за дневница, често и двојни смени, која на крај на месецот врз основа на сработеното им се исплаќа хонорар, со платен данок, посочија оттаму.

Истакнаа дека секое објавување на информации додека ревизијата е во тек е незаконско и паушално. Прашаа од каде е информацијата дека од главната благајна на МКЦ биле подигнати нешто над 100.000 евра во готовина, кои, како што посочи Арсовска биле извлекувани од сметката на институцијата без соодветна основа од Програмскиот колегиум на МКЦ.

-Дали ова е информација од тековната ревизија во МКЦ? Пред да одговориме на ова сакаме да укажеме на грубо кршење на законите и правилата на ревизорски надзор и извештај. Имено, ревизијата е нормална постапка и пракса за секоја институција. И ние истата максимално ја поддржуваме, а од нивните забелешки учиме и се корегираме. Но, досега правилата беа јасни: ревизијата по своето работење издава записник, на кој институцијата преку нејзините надлежните органи имаат законски рок да се произнесат и евентуално да појаснат и да дополнат пред таа да стане официјална. Ревизијата во МКЦ сѐ уште е во тек, и овие информации пласирани во јавноста се во најмала рака незаконски и во моментов паушални, посочија од Програмскиот колегиум на МКЦ.

Тврдењата за недостиг на некакво покритие и документација за ова, како што истакнаа, беше токму нашиот сомнеж и страв по промените на бравите на пример, во простории каде таа документација се чува.

– Но, во интерес на јавноста и насловите во овој момент, сепак ќе појасниме дека како благајна за 2022 година се водат 6.232.388 денари, од кои 5.914.888 се уплати од дневен промет од работата на угостителската дејност на МКЦ (бифе/шанкови) кои преку благајна потоа се уплаќаат на сметката на ЈУ МКЦ, а само 317.500 денари се директни готовински материјални трошоци, кои преку цела 2022 година се користени готовински и се однесуваат за ситни набавки, поправки, патарини, сервисирања и сл, поткрепени со соодветна документација и сметки, истакнаа од Програмскиот колегиум на МКЦ.

Во однос на забелешката на Арсовска дека од 40 вработени, 12 се поставени како директори, односно како раководители на раководни фунцкии и не раководат со никого, а земаат директорски односно раководни плати, од Програмскиот колегиум упатуваат до правните служби и правните советници во Град Скопје.

-Тука би се обратиле до правните служби и правни советници во Град Скопје, да појаснат на своите претпоставени кои беа процедурите за трансформација постоечките работни места преку МИОА на работни места според Законот за јавна администрација и Законот за јавни службеници. Тоа беше процес, кој конкретно во нашата институција, поради природата и спецификата на работење и дејности кои ги опфаќа, траеше скоро четири години. Истите не би можело да се спроведат без одобрение по закон на надлежните институции и министерства за тоа. Секое вонзаконско толкување го разбираме само како лично дискредитирање на секој уредник посебно, наведуваат од Колегиумот.

Порачаа надлежните да се однесуваат одговорно и побараа да се објави регуларен конкурс за директор на институцијата.

-За крај, повторно се обраќаме до сите надлежни институции: охрабрете се и завршете ја својата работа по закон до крај. Одважете се и по закон спроведете ги постапките и за ревизија и за именувања. Веќе четврта година сме мета на јавни обвинувања и подметнувања, разни финансиски полиции, ревизии, контроли и судови. Ни го убивте кејфот и љубовта кон работењето. Истраивме и ќе истраеме сѐ додека веруваме во правна и правична држава, и само во тоа. Престанете да ни праќате неидентификувани и неовластени лица да ни вршат распити, да ни се врши мобинг и притосок на нашето работно место. Не дозволувајте повеќе секој да ги дискредитира и оцрнува нашите имиња и професионални интегритети. А за почеток: отворете регуларен и фер конкурс за директор на институцијата. Како програмски уредници со драго срце и полн ентузијазам повторно ќе дадеме сѐ за културата на европско Скопје, нагласуваат од Програмскиот колегиум на МКЦ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите уапсија јапонски новинар и го однесоа во затвор во Москва (ВИДЕО)

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека уапсила јапонски новинар под сомнение дека собирал информации за одбранбените капацитети на Русија. 

Русите уапсија јапонски новинар и го однесоа во затвор во Москва (ВИДЕО)

Според службата, станува збор за вработен во весникот „Хокаидо Шимбун“ кој бил приведен во регионот Сахалин, пренесува Ројтерс.

Новинарот бил уапсен кратко пред неговото планирано заминување од Русија. По апсењето, тој бил префрлен во Москва, каде што му е одреден притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вдовица и четири деца се во војна за семејно наследство од 250 милиони евра- реагира и судот

Семејно богатство вредно потенцијални 250 милиони евра стана предмет на жесток правен спор во Италија. 

Вдовица и четири деца се во војна за семејно наследство од 250 милиони евра- реагира и судот

Од едната страна се четирите деца на покојниот бизнисмен, а од другата неговата втора сопруга. Во срцето на конфликтот се два различни тестаменти, милиони евра префрлени на членовите на семејството и прашањето колку пари всушност оставил починатиот милионер.

Според италијанската агенција АНСА, станува збор за наследството на Маурицио Зампарини, поранешниот сопственик на фудбалските клубови Палермо и Венеција, кој почина во 2022 година на 80-годишна возраст.

Спорот дојде пред судот во Бусто Арчицио, во италијанската покраина Варезе, кој пресуди за двојно судско запленување на имотот, со цел да се спречи негово евентуално префрлање или отуѓување додека трае постапката.

Богатство од 250 милиони, а пронајдени се само девет

Најголемата мистерија во целиот случај е вистинската вредност на имотот што го оставил Зампарини. Според досегашниот инвентар, официјално евидентираното наследство е приближно девет милиони евра. Сепак, учесниците во спорот веруваат дека вкупната вредност на наследството би можела да достигне дури 250 милиони евра.

Токму оваа огромна разлика го покрена прашањето што припаѓа на наследството и дали одредени делови од богатството претходно биле префрлени на членови на семејството.

Зампарини остави четири деца од својот прв брак, кој заврши со развод, како и втора сопруга. Неговиот петти син, кого го имаше во вториот брак, почина во 2021 година, на само 23 години.

Децата бараат 37 милиони, вдовицата споменува 75 милиони

Четирите деца го оспоруваат тестаментот од 31 август 2020 година и бараат заштита на средства во вредност од најмалку 37 милиони евра, кои се поврзани со втората сопруга на нивниот татко. Тие веруваат дека постои можност дел од овој имот да биде исклучен од процесот на распределба на наследството.

Сепак, вдовицата има поинаква верзија на настаните. Таа се повикува на втор тестамент, датиран на 27 септември 2020 година, како и на документација што подоцна беше пронајдена на плочата на Зампарини.

Според нејзините тврдења, при утврдувањето на вредноста на наследството, треба да се земат предвид претходните подароци, како и средствата што покојниот бизнисмен им ги доверил на своите деца. Таа ја проценува вредноста на овие средства на приближно 75 милиони евра.

Така, двете страни се нашле во сосема спротивставени позиции - децата бараат средствата поврзани со вдовицата да бидат заштитени, додека таа бара средствата што претходно им припаѓале на децата да бидат преиспитани.

Судот пресуди: Имотот останува под контрола

Судијката Анарита Д'Елија одлучи да ги прифати барањата за привремени мерки од двете страни. Донесена е одлука за двојно судско запленување на средствата вклучени во спорот, што го спречува нивното евентуално пренесување или промена на сопственоста додека не се утврдат сите релевантни факти.

Оваа мерка не претставува конечна одлука за тоа кому му припаѓа наследството. Напротив, нејзината цел е да се зачуваат средствата до крајот на судската постапка, која, според очекувањата, може да трае долго.

Судот сега се соочува со сложената задача да ја утврди вистинската вредност на богатството на Зампарини, како и кои делови од имотот треба да бидат вклучени во наследството. Само тогаш ќе биде можно да се одлучи како ќе се подели меѓу наследниците. Семејниот конфликт отвори прашање на кое засега никој нема дефинитивен одговор: колку всушност вредеше богатството на човекот кој со децении беше едно од добро познатите имиња во италијанскиот бизнис и фудбал?

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лет од Рим е откажан поради инвазија на одвратни инсекти- се завлекле и во седиштата (ФОТО)

Стеници биле пронајдени на летот на „Квантас“ од Перт до Рим. 

Лет од Рим е откажан поради инвазија на одвратни инсекти- се завлекле и во седиштата (ФОТО)

Паразитските инсекти биле откриени во предниот дел од кабината во економска класа на „Боинг 787 Дримлајнер“ на летот QF5 на 9 октомври, потврди денеска извор запознаен со инцидентот, објави „Гардијан“.

Стениците се ситни инсекти кои се многу тешки за искоренување и се хранат со крвта на одредени цицачи, вклучително и луѓето.

Како што првично објави „Сиднеј Морнинг Хералд“ (SMH), авионот бил повлечен од употреба откако пристигнал во италијанската престолнина за темелно чистење. Како резултат на тоа, летот на „Квантас“ од Рим до Перт, закажан за 10 октомври, е откажан.

Портпаролот на авиокомпанијата изјави дека летот е откажан за да можат инженерите и екипите за одржување темелно да го исчистат авионот откако „проблемот бил забележан кај мал број седишта во економската класа“.

Компанијата соопшти дека искрено им се извинува на патниците за непријатностите и нарушувањето на нивните планови за патување.

На патниците погодени од откажувањето на летот им беше обезбеден сместување и беа пренасочени кон алтернативни летови во рок од 48 часа од нивното првично заминување, соопшти Квантас.

Авиокомпанијата соопшти дека кабините на нејзините авиони редовно се чистат по исклучително висок стандард и се дезинфицираат на секои 50 дена како дел од превентивна мерка.

Професорката Мишел Пауер, паразитолог на Универзитетот Маквари, рече дека стениците веројатно биле внесени во авионот во нечиј багаж или на нивната облека, пред да се рашират низ кабината.

„Тие се поврзани со патување. Луѓето можат да престојуваат во хотел со стеници и бидејќи овие инсекти се кријат на темни места и се привлечени од мирисот на облеката на луѓето, можат да завршат во нечиј багаж“, објасни таа.

Според неа, креветните бубачки не се опасни, иако нивните каснувања можат да предизвикаат чешање и иритација. Сепак, тие се исклучително тешки за искоренување бидејќи можат да се кријат во постелнината и разни пукнатини долго време, дури и без храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер