Прогноза за наредните 10 дена: Балканот ќе биде под облаци, денеска е на сила жолт метеоаларм, а еве какво време не очекува до 3 ноември - Канал 5

Прогноза за наредните 10 дена: Балканот ќе биде под облаци, денеска е на сила жолт метеоаларм, а еве какво време не очекува до 3 ноември

Есента веќе ни пристигна, и иако некои дождливи денови не разбудија, следните десет дена ќе бидат веројатно идентични со она што го имавме скоро

Прогноза за наредните 10 дена: Балканот ќе биде под облаци, денеска е на сила жолт метеоаларм, а еве какво време не очекува до 3 ноември

Имено, според УХМР, времето во Македонијa за следните 10 дена покажува мешавина на сончево и облачно време, со повремени дождови и температури кои ќе се движат од 4°C до 25°C. Во моментов, на сила е жолт метеоаларм за Скопје поради умерен до силен јужен ветер, кој ќе трае до 18:00 CEST. Во регионите околу Скопје е на сила жолта предупредување за ветер до 18:00 часот на 24 октомври.

Се очекува локално умерен до силен јужен ветер.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

Општиот впечаток е дека следните денови ќе бидат претежно свежи со променливо сончево време и повремени облаци, а ветровитите денови ќе бидат најизразени во петок.

Можеби ќе ве интересира: Детална прогноза за петок, 24 октомври

Времето во Македонијa за следните 10 дена

Петок, 24 октомври – сончево до делумно облачно и топло. Максимална температура: 25°C, минимална: 4°C.

Сабота, 25 октомври – посвежо со повремени сончеви периоди. Максимална: 20°C, минимална: 9°C.

Недела, 26 октомври – претежно облачно. Максимална: 17°C, минимална: 10°C.

Понеделник, 27 октомври – делумно сончево. Максимална: 17°C, минимална: 6°C.

Вторник, 28 октомври – облачно со слаб дожд попладне. Максимална: 15°C, минимална: 4°C.

Среда, 29 октомври – претежно сончево. Максимална: 16°C, минимална: 1°C.

Четврток, 30 октомври – сонце низ високи облаци. Максимална: 17°C, минимална: 2°C.

Петок, 31 октомври – сонце низ високи облаци. Максимална: 18°C, минимална: 5°C.

Сабота, 1 ноември – повеќе облаци отколку сонце. Максимална: 18°C, минимална: 4°C.

Недела, 2 ноември – облаци следени со постепено разведрување. Максимална: 17°C, минимална: 5°C.

Понеделник, 3 ноември – Промени во облачноста и сонцето, максимална температура 18°C, а минимална 16°C.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

Мицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!

„13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот главен град, денот кога Скопје ја дочека слободата и го означи почетокот на едно ново поглавје во своето историско постоење. На овој ден се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливата решителност на борците кои го положија својот живот за слободата, достоинството и иднината на генерациите што доаѓаат. Нивната борба е трајно вградена во темелите на современо Скопје и претставува обврска да го чуваме историското паметење и вредностите врз кои се гради едно слободно општество.“- напиша Мицкоски.

Тој потенцираше дека денес нашата одговорност е да продолжиме да го градиме Скопје како модерен, уреден, безбеден и достоинствен европски град, град на можности, солидарност и просперитет за сите негови граѓани.

„Скопје не е само географски и административен центар, туку срцето на нашата државност, нашиот заеднички дом и симбол на истрајноста на македонскиот народ. Со почит кон минатото, одговорност кон сегашноста и визија за иднината, да продолжиме да создаваме град со кој ќе се гордеат сегашните и идните генерации. Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!“- додава Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ се огласи по глобалниот прекин на услугите: „Работите не се одвиваат според планот“

Од „Microsoft“ соопштија дека напорите за решавање на проблемот – за кој не се верува дека е резултат на сајбер-напад – не ги дале очекуваните резултати.

„Microsoft“ се огласи по глобалниот прекин на услугите: „Работите не се одвиваат според планот“

Американската технолошка компанија изјави дека работи „итно“ на решавање на прекините во услугите, кои влијаеле врз голем дел од нејзините понуди.

Во петок, „Microsoft“ пријави „делумно обновување“ на услугите во одредени региони, но напомена дека преземените мерки сè уште не обезбедиле трајно решение.

Компанијата наведе дека разгледува „дополнителни чекори“ за „подобрување на севкупната стабилност на инфраструктурата“, притоа припишувајќи ги проблемите на „зголемено оптоварување“ на нејзината инфраструктура.

„Ја цениме трпеливоста и разбирањето додека работиме итно на решавање на овој инцидент“, додадоа од „Microsoft“.

Извештаите за проблеми со „Outlook“ – програмата за е-пошта на компанијата – се зголемија на приближно 130.000 на веб-страницата „Downdetector“ (која следи прекини во работата на сервисите) веднаш по 13:00 часот по источно време во четвртокот.

Корисниците исто така пријавија потешкотии при пристапот до „Microsoft Teams“, апликацијата на компанијата за деловна комуникација, како и до асистентот со вештачка интелигенција „Copilot“ и други услуги во рамките на пакетот „Microsoft 365“. Од компанијата посочија дека проблемите би можеле да влијаат врз корисниците во кој било регион. „Microsoft“ објави на социјалните мрежи дека серверите станале недостапни и не ги поминувале автоматските проверки на функционалноста, што создало дополнителен притисок врз оние сервери што останале оперативни.

Компанијата соопшти дека тестира промена во конфигурацијата за прераспределба на сообраќајот – кој се интензивирал во одредени делови од инфраструктурата – и дека ги рестартира погодените услуги за повторно да ги стави во функција.

„Работиме на тоа безбедно да ги вратиме услугите во функција“, изјавија од компанијата.

Сепак, американската компанија извести дека напорите за обновување не напредуваат според очекувањата, при што во петок наутро беа пријавени проблеми во Азија и Австралија.

Австралискиот министер за внатрешни работи и сајбер-безбедност, Тони Бурк, изјави дека според „Microsoft“, ова не е сајбер-напад. „Тие веруваат дека се соочуваат со нешто слично на она што го видовме кај „CrowdStrike“ – ажурирање што тргнало наопаку“, изјави Бурк на прес-конференција.

„Последиците со кои се соочуваат... значително влијаат врз системите за е-пошта“, додаде тој.

Австралиската разузнавачка агенција и федералната полиција се меѓу организациите погодени од овој прекин.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, престојува во посета на Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции.

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, престојува во посета на Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции, со цел унапредување на билатералната соработка и отворање нови можности за партнерство во областа на образованието и науката.

На средбата со јапонскиот министер за образование, култура, спорт, наука и технологија, Јошихиро Секи, се разговараше за организацијата и функционирањето на образовните системи во двете земји, како и за механизмите и мерките за поттикнување на научно-истражувачката дејност. Министрите разменија идеи за можни заеднички иницијативи, при што посебен акцент беше ставен на можноста за обезбедување јапонска поддршка за основање центри за извонредност во Македонија.

„Јапонија е долгогодишен стратешки партнер на нашата земја и ви благодарам за досегашната поддршка, како и за можностите што им ги овозможувате на македонските студенти преку системот на стипендирање да се образуваат на престижни јапонски универзитети. Од особено значење за нас е и поддршката што ја добиваме во процесот на техничка модернизација и опремување на училиштата. Верувам дека дел од идеите за кои денес разговаравме наскоро ќе прераснат во конкретни проекти и активности“, истакна Јаневска на средбата во јапонското Министерство за образование.

Унапредувањето на квалитетот на наставата и развојот на компетенциите кај учениците беа во фокусот на посетата на Националниот институт за образовни политики на Јапонија, каде што Јаневска оствари средба со генералната директорка Мизуе Шиоми. Соговорничките разменија искуства за методолошките пристапи во наставата, поттикнувањето на креативното и критичкото размислување кај учениците, а се осврнаа и на подготовката на учениците за меѓународното ПИСА тестирање, каде Јапонија традиционално покажува исклучително високи резултати.

За можностите за реализација на нови партнерски проекти меѓу двете земји се разговараше и на средбата со парламентарната заменик-министеркa за надворешни работи, Икуина Акико. Таа посочи дека Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO) и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) ќе продолжат активно да работат на идентификување и развивање нови можности за соработка.

Во рамки на агендата, министерката го посети и Универзитетот во Токио, каде што со претседателот на Универзитетот, проф. д-р Теруо Фуџи, разговараше за интензивирање на соработката со македонските универзитети. Во таа насока, беа разгледани можностите за заедничко учество во програмата „Хоризонт Европа“, размена на наставно-научен кадар и студенти, како и воспоставување нови академски партнерства.

Посетата на Јапонија опфати и средби во македонската амбасада во Токио. Јаневска и вршителката на должност амбасадор, Кристина Стојчевска, се сретнаа со Казуја Оцука, поранешен амбасадор на Јапонија во нашата земја, со македонски студенти, како и со средношколци од јапонско училиште кои го изучуваат македонскиот јазик.

Средбите и разговорите во Токио претставуваат значаен чекор кон продлабочување на традиционално добрите односи меѓу двете земји и создавање нови можности за размена на знаења, искуства и експертиза, во интерес на унапредувањето на македонското образование и наука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер