Панова: Буџетот за 2027 година насочен кон граѓаните со рекордни 123,8 милијарди денари за повисоки пензии....
2Панова: Буџетот за 2027 година насочен кон граѓаните со рекордни 123,8 милијарди денари за повисоки пензии....
МакедонијаПрогноза на ЕК: Растот на македонскиот БДП ќе забрзува во следните две години - И покрај силните перформанси на јавните приходи во првите девет месеци од 2025 година, достигнувањето на целта за дефицит од четири отсто од БДП за 2025 година претставува предизвик, бидејќи тековните трошоци беа повисоки од првично планираните. Во првата половина од 2025 година годишниот раст на македонскиот БДП се зголеми во просек на 3,2 отсто и се предвидува тој да продолжи да забрзува и во следните две години, поттикнат од инвестициите и приватната потрошувачка, се наведува во денеска објавената Есенска економска прогноза 2025 на Европската комисија, во делот посветен на економските перспективи на земјава. - И покрај силните перформанси на јавните приходи во првите девет месеци од 2025 година, достигнувањето на целта за дефицит од четири отсто од БДП за 2025 година претставува предизвик, бидејќи тековните трошоци беа повисоки од првично планираните. Се предвидува дека дефицитот постепено ќе се намалува, но ќе остане над три проценти од БДП, се вели во документот. Според ЕК, во првата половина од 2025 година економската активност во голема мера била поттикната од инвестициите и приватната потрошувачка, додека јавната потрошувачка останала непроменета по значителното зголемување минатата година. - Растот на потрошувачката на домаќинствата се зголеми по слабите перформанси во 2024 година, поддржан од зголемувањето на реалните расположливи приходи поттикнати од силниот раст на пензиите и платите, експанзијата на кредитите за домаќинствата и намалувањето на инфлацијата, се вели во Прогнозата. Комисијата предвидува дека приватната потрошувачка веројатно ќе остане силна во текот на 2026 и 2027, при што расположливиот доход постепено ќе се зголемува дополнително, иако со пониски стапки со оглед на проектираниот раст на платите и пензиите. - Бруто инвестициите веројатно ќе бидат главниот поттикнувач на растот. Јавните работи на патните коридори 8 и 10д започнаа во 2025 година и нивниот придонес кон економскиот раст се очекува да достигне врв во 2027 година. Приватните инвестиции имаат корист од подобрувањето на амбиентот и субвенционираното финансирање преку заеми од Унгарија и кредитни линии на ЕИБ, се наведува во Прогнозата. Во документот се додава дека македонскиот извоз и увоз во првата половина од 2025 година забележаа подобри резултати од она што беше предвидено со Пролетната прогноза на ЕК. Според ЕК, иако трговските врски на земјата со САД се ограничени, таа сепак е индиректно изложена на влијанието на американските царини преку извозот на автомобилски компоненти во Германија. - Иако се предвидува растот на извозот да забави по силната прва половина, а увозот да се зголеми за да се задоволи домашната побарувачка, сепак се очекува намалување на негативното влијание на надворешната трговска размена врз растот, смета ЕК. Во документот се додава дека како резултат на зголемувањето на цените на храната, инфлацијата почнала да расте од септември минатата година - Во 2025 година, главен предизвик за инфлацијата беа домашните фактори и тоа зголемувањето на платите и кредитниот раст, наместо цените на храната и енергијата. Ова се одрази во закрепнување на вкупната инфлација во текот на летото, се додава во Прогнозата. Во неа се предвидува инфлацијата годинава да биде нешто повисока од претходно очекуваното, но и дека таа до 2027 година ќе ја достигне целта на Централната банка за инфлациска стапка од 2 проценти. - Централната банка ја намали основната каматна стапка во неколку наврати од 6,3 во септември 2024 година на 5,35 отсто во февруари 2025 година, се додава во текстот. Во документот се оценува дека и покрај одржливиот раст на вработеноста во првата половина од 2024 година и намалувањето на невработеноста, особено кај жените, неактивноста на работоспособното население останува висока. - Бруто номиналните плати се зголемија за 12,9 отсто во 2024 година, поттикнати од повисоката минимална плата, колективните договори и недостигот на работна сила во многу сектори, но растот на платите донекаде се смири во првата половина од 2025 година. Во овој контекст, растот на вработеноста веројатно ќе остане пригушен, се додека не се решат големите структурни предизвици, како што е малата понуда на пазарот на трудот, се вели во Прогнозата. Европската комисија посочува и дека во првите девет месеци од годината е регистрирано силно зголемување на даночните приходи, при што со ребалансот на Буџетот во јули годинава беа зголемени и проекциите за приходите и за трошоците, без промена на целта за дефицит од четири отсто од БДП. - Приходите беа прилагодени со претходно небуџетиран трансфер на профитот на централната банка кон Владата. Трошењето беше зголемено за пензии, плати и стоки и услуги. Јавните инвестиции беа ниски во првите три квартали од 2025 година, па неискористените средства може да бидат пренасочени кон тековните трошоци за да се достигне целта за дефицитот за 2025 година, се додава во документот. Во него се предвидува дека дефицитот постепено ќе се намалува во текот на следните две години, како резултата на поограничените зголемувања на платите во јавниот сектор и на пензиите, целно насочените социјални трошоци и робусното зголемување на приходите во согласност со проекциите за економски раст. Еврокомисијата посочува дека Владата мора да преземе конкретни мерки за консолидација за да ја оствари целта за дефицит од 3 отсто од БДП до 2027 година, како и дека во наредните две години ќе и биде потребно годишно финансирање на ниво од 10 до 12 отсто од БДП, поради доспевањето на „големата отплата“ од 700 милиони евра за еврообврзницата од 2020 година, што доспева во јуни 2026 година. Како евентуални ризици со кои би можела да се соочи македонската економија во следните две години во документот се посочуваат намалувањето на потрошувачката на домаќинствата како резултат на инфлацијата или појава на проблеми во имплементацијата на инфраструктурните проекти, што би резултирало со помали позитивни придобивки од нив по домашната економија. - Спротивно на тоа, брзото завршување на структурните реформи, како што е договорено во рамките на Планот за раст со ЕУ, би ги подобрило перспективите за продуктивност и раст, се заклучува во Есенската економска прогноза 2025 на Европската комисија, во делот за земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаМицкоски од Бутел: Пуштен е во употреба доградениот објект во ОУ „Ацо Шопов“Би сакал во оваа прилика да изразам задоволство што еве ова основно училиште добива нови училници. Дечињата ќе можат да имаат навистина современи услови за да стекнуваат знаење и тоа знаење понатаму да го користат во животот. Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски при пуштање во употреба на доградениот објект во ОУ „Ацо Шопов“. Добар ден и од мене. Би сакал во оваа прилика да изразам задоволство што еве ова основно училиште добива нови училници. Дечињата ќе можат да имаат навистина современи услови за да стекнуваат знаење и тоа знаење понатаму да го користат во животот. Ќе имаме едносменска настава, како што веќе беше споменато. Ние како Влада продолжуваме да ги реализираме приоритетите, продолжуваме да реализираме тоа што е ветено и во рамките на тие проекти е и овој проект, и уште многу други проекти, повеќе од 1.200 проекти, се реализираат како резултат на онаа Програма, каде што децентрализиравме средства од централниот Буџет кон општините. И размислуваме, бидејќи даде ефект, сето ова да го продолжиме и во годините коишто следат, се разбира во зависност од расположливоста на буџетските средства. Од друга страна би сакал да му честитам на градоначалникот за посветената работа, што ја прави овде во Општина Бутел. Би сакал да се заблагодарам на советниците, на администрацијата, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на министерката, Министерството за образование и наука, на колегите од Владата коишто сите се дел од овој проект којшто навистина додава вредност. И убеден сум дека сите заедно вака мотивирани ќе продолжиме и во периодот којшто следи. Уште еднаш им посакувам многу убави училишни денови на дечињата, а на наставниците им посакувам што повеќе знаење да пренесат на учениците. Ви благодарам. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЈаник Синер се јави од болница Еден од најдобрите свтески тенисери, Италијанецот Јаник Синер успешно се подложи на помал хируршки зафат за подобрување на состојбата на неговата илиотибијална лента. Операцијата ја изврши ортопедскиот хирург, професор Лас Лемпаинен. Италијанскиот тенисер сега ќе го започне процесот на рехабилитација во соработка со својот медицински тим. „Во текот на изминатите неколку месеци, мојот тим и јас направивме сè што можевме за да ја санираме повредата без операција. Иако првично имаше многу охрабрувачки напредок, моето колено, за жал, не реагираше онака како што сите се надевавме. Затоа, денес се подложив на помал хируршки зафат за да ја подобрам состојбата на мојата илиотибијална лента. Навистина ми недостасува теренот, а сега ќе го започнам процесот на закрепнување заедно со мојот тим“, изјави Јаник Синер. Се проценува дека периодот на рехабилитација ќе трае три месеци. Синер нема настапено на терен уште од 12 јули и финалето на Вимблдон, на кое победи. Во 2026 година тој одигра шест финалиња и победи на сите шест. Редоследно триумфираше на турнирите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим и Вимблдон, каде што го одигра и последниот натпревар во сезоната.Тагови: Јаник Синер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
Шоу бизСкап развод од Ана Ивановиќ: Швајнштајгер ќе плаќа годишно по околу половина милион евра Се ближи крајот на бракоразводната парница на екс спортската брачна двојка, тенисерката Ана Ивановиќ и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер. Разводот на поранешната најдобра светска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер би можел скапо да ја чини германската спортска легенда. Како што пренесуваат медиумите, станува збор за сума од над половина милион евра годишно. Швајнштајгер ќе мора да издвојува 45.000 евра месечно за издршка на своите три сина што ги има со Ивановиќ, пишуваат српските медиуми, повикувајќи се на информации од Германија. Екс тенисерката го запозна поранешниот капитен на Германија, Швајнштајгер во 2014 година, а две години подоцна тие стапија и во брак на 12 јули 2016 година во Венеција. Во бракот добија три сина – Лука, роден во 2018 година, Леон, роден во 2019 година, и трет син, роден во 2023 година. Нивната врска заврши по речиси 11 години, а разделбата беше официјално потврдена во јули 2025 година. Како причина беа наведени непремостливи разлики. Судот на Мајорка донесе привремена одлука според која поранешниот германски репрезентативец мора да плаќа по 15.000 евра за секое дете. На годишно ниво, тоа изнесува околу 540.000 евра, пренесуваат германските медиуми. При одредувањето на издршката, судот ги зел предвид приходите на Швајнштајгер и животниот стандард на кој децата биле навикнати. Исто така, биле земени предвид и трошоците за нивното секојдневие, вклучително и плаќањето за приватни готвачи, дадилки, куќни помошници и градинари, пренесува Sportal.rs. Старателството над децата ѝ припадна на Ана, која исто така ќе ја задржи куќата на Мајорка, купена пред таа да стапи во врска со Швајнштајгер. Фудбалерот ја заврши својата професионална кариера во 2019 година, но сепак остварува значителни приходи. Од 2020 година, тој работи како стручен аналитичар на германската телевизија АРД (ARD), со која има договор најмалку до 2027 година. Според достапните проценки, тој добива меѓу 10.000 и 25.000 евра за секое телевизиско појавување. Приходи остварува и преку спонзорски соработки, меѓу кои се издвојува кампањата за познат ланец на ресторани за брза храна, подготвена во пресрет на Светското првенство во 2026 година. Неговото вкупно богатство се проценува на 60 до 70 милиони евра.Тагови: Ана Ивановиќ Бастијан Швајнштајгер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook