Прогласени најдобрите карикатури на меѓународниот конкурс „Снаа-свекрва“

Организацискиот одбор на манифестацијата „Невестинско поклонение“ од Крива Паланка ги прогласи годинашните добитници на награди на Меѓународниот конкурс за карикатура на тема „Снаа-свекрва“.


- На конкурсот пристигнаа 150 дела од 90 автори од 30 земји од светот, па во силната конкуренција навистина беше тешко да се одлучи кои се најдосетливи творби. Сепак, Гран-при наградата и првото место годинава му припаднаа на Ирен Трендафилов од Република Бугарија, кој воедно е освојувач на трофејот - маскотата "Невестулка 2014". Втората награда ја освои Дамир Новак од Хрватска и третата Фарзане Вазиртабар од Иран, информираше Стојанче Величковски од манифестацијата.

Организаторите информираа дека покрај главните награди, доделена е и Плакета за најдобра колекција, која му припадна на Олег Гутсол од Украина, а специјални награди освоија Горан Челичанин од Србија и Уралскиот клуб на карикатуристи „Брусница“ од Русија.

- Со возобновената традиција на „Поклонение на младите невести“ пред светецот Теодор Тирон во црквата во село Конопница, која прерасна во културен бренд на Крива Паланка, произлезе и идејата за востановување конкурс на тема „Снаа – свекрва“, која е универзална и интригантна за авторите од сите меридијани, рече градоначалникот на Крива Планака, Арсенчо Алексовски.

Тој нагласи дека конкурсот втора година по ред привлекува над стотина автори од сите страни на светот, со што општината се промовира во светски рамки.

Карикатурите ги оценуваше реномирана меѓународна жири комисија, а изложбата со најдобрите дела ќе биде презентирана пред јавноста на 8 Октомври, денот на ослободување на Крива Паланка.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер