Прогласени добитниците на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања - Канал 5

Прогласени добитниците на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања

На свечена церемонија во Љубљана, беа прогласени деветте победници на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања (IMA) со кои се наградуваат извонредните научноистражувачки достигнувања на лекарите и фармацевтите.

Прогласени добитниците на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања

На свечена церемонија во Љубљана, беа прогласени деветте победници на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања (IMA) со кои се наградуваат извонредните научноистражувачки достигнувања на лекарите и фармацевтите од единаесет земји во Централна и Источна Европа. Почесен говорник на церемонијата беше Д-р Наташа Пирц Мусар, Претседателка на Република Словенија.

Победници на 11. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања, International Medis Awards for Medical Research, се: Дамијан Мајерсбург, Дерматологија; д-р Марија Ровчанин, Гинекологија; д-р Мартин Балик, Интензивна нега и анестезиологија; д-р Хана Мојжишова, Неврологија; д-р Јурај Тимкович, Офталмологија; д-р Аља Кавчич, Педијатрија; м-р Драгана Милаковиќ, Фармација; д-р Александра Плавшиќ, Пулмологија и алергологија; и д-р Ана Банко, Ревматологија.

На конкурсот за 11. Меѓународни Медис награди учествуваа лекари и фармацевти кои ги објавиле своите научноистражувачки трудови во реномирани научни списанија со фактор на влијание, импакт-фактор повисок од 1,500. Годинава пристигнаа 251 апликации од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Словачка, Словенија и Србија. 197 апликации ги исполнија сите високи критериуми за номинација за Меѓународните Медис награди.

Претседателот на Меѓународната стручна комисија, проф. д-р Борут Штрукељ, м-р по фармација, се осврна на пристигнатите истражувања и високите критериуми за номинација: „По единаесетти пат, Меѓународната стручна комисија разгледува извонредни научни трудови. Оваа година ја проширивме иницијативата за да вклучиме автори и од Чешка и Словачка. Им честитам на сите автори чии истражувања ги исполнија високите стандарди потребни за објавување во најпрестижните научни списанија и ги охрабрувам сите да продолжат со својата научна работа и во иднина.“

Тоне Стрнад, м-р по фармација, основач на Меѓународните Медис награди и компанијата Медис, на настанот изјави: „Меѓународните Медис награди прераснаа во горда традиција, растејќи во значењето и признанијата секоја година. Нашата цел е да ги промовираме достигнувањата на лекарите и фармацевтите кои спроведуваат истражувања паралелно со нивната секојдневна работа со пациентите. Инспиративно е да се следи растот на оваа визија.“

Во текот на единаесет години на Меѓународните Медис награди има пријавено 54 научно-истражувачки трудови на лекари и фармацевти од Македонија, 6 научни труда имаат влезено меѓу финалистите, од кои пет се добитници на наградата. Тоа се Савица Марковиќ Станоеска од областа на педијатријата, Весна Гривчева-Пановска за пулмологија и алергологија, Тања Николова за гинекологија, Фанка Гилевска за офталмологија и минатогодишната добитничка на наградата Марија Бабуновска во областа на неврологијата.

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер