Прогласена епидемија на морбили во Скопје, забрана за носење невакцинирани деца во градинка - Канал 5

Прогласена епидемија на морбили во Скопје, забрана за носење невакцинирани деца во градинка

12 нови случаи на морбили ги дигнаа на нозе здравствените власти.Попладнево вондредно заседаваше комисијата за заразни болести, која прогласи епидемија на ниво на град Скопје.Од утре, во градинките нема да бидат примани деца кои не се вакцинирани.

Прогласена епидемија на морбили во Скопје, забрана за носење невакцинирани деца во градинка

Прогласена епидемија на морбили или ситни сипаници во Скопје. Од утре сите невакцинирани деца во Скопје нема да можат да одат во градинка. Во ваква состојба децата ќе се вакцинираат од 6 месечна возраст. Забраната е строга и мора да се почитува, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Од Центарот за јавно здравје велат дека новите случаи со морбили се невакцинирани и не се поврзани меѓу себе.

Единствен лек е вакцинацијата. Од како се прогласи епидемија на морбили и се затвори градинката во Радишани беше обајевно дека во Скопје 15 000 деца се невакицнирани од морбили, и за период од три недели само 300та деца биле однесени на вакцина. Апел и до педијатрите да не даваат совети за одложување на МРП вакцината.

Од ново заболените 8 луѓе се на клиниката за инфективни болести. Најмалото е бебе 8 месеци,а најстариот е 31 година.

Од Институтот за јавно здравје потсетија дека пред 1972 година, пред да се воведе вакцината, имало епидемии на мали сипаници со преку 1250 смртни случаи и над 12 илјади заболени. Казната за родителите кои не ги вакцинираат децата се од 350 до 650 евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Светска недела на доењето

Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира!

МЗ: Светска недела на доењето

По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира“, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата.

Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и придонесува за подобро здравје и на мајката и на детето.

Согласно препораките на Комитетот за доење, УНИЦЕФ и СЗО, се препорачува исклучиво доење во првите шест месеци од животот, а потоа продолжување со доење, заедно со соодветна дополнителна исхрана, до две години или подолго, во согласност со потребите на детето и желбата на мајката.

Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствените политики што обезбедуваат поддршка за доењето, преку јакнење на капацитетите на здравствените установи, едукација на здравствените работници и континуирана поддршка на бремените жени, мајките и нивните семејства.

По повод Светската недела на доењето, Министерството повикува на заедничка одговорност и поддршка од здравствените работници, институциите, работодавачите, семејствата и целата заедница, бидејќи создавањето услови за успешно доење е инвестиција во здравјето на сегашните и идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта

Нема потреба некој да ги посочи што се и кои се СДС.

ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта

СДС на чело со Венко Филипче се самопрепозна дека е талогот кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта.

Подолг временски период, во јавноста функционира општествен слој кој го труе народот со дефетизам, со приказни дека оваа држава нема да успее, дека единствен нешто што им останува на младите е иселувањето и секој државен успех се обидува да го релативизира.

Тоа е многу јасна стратегија за во народот да се создаде чувство на несигурност, страв за иднината и со тоа да го уништат чувството на надеж кај граѓаните и сето тоа го прават луѓе кои секој викенд од летниот период се на јахти по морската шир.

Згора на тоа што нивната грижа им е единствено да не си скратат од своите летни задоволства, додека уживаат на скапите јахти, се нудат и договараат да спроведат нови идентитетски отстапки и национални предавства. Секако, во замена, странски агентури да ги донесат на власт, како некогаш што го донесоа менторот на Филипче, Зоран Заев, без победа на избори.

Разликата е тоа што сега се навреме разоткриени и за тоа јавно се зборува и граѓаните уште еднаш нема да дозволат национални предавства, во замена за некој да ужива во добриот живот и бенефициите кои ги нуди власта.

Овој пат граѓаните имаат партнер и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе се изборат и ќе ги спречат матните планови на овие коишто се препознаваат дека се талогот кој со сите сили се бори да ја убие надежта кај народот.

Додека некој се крие и ужива и на овие тропски температури, се лади на луксузни јахти, ВМРО-ДПМНЕ останува со и меѓу народот и заеднички ќе ги победиме сите што се против државата.

На Македонија местото и во европското семејство и тоа ќе го постигнеме на достоинствен начин, со реформи и исполнување на Копенхашките критериуми, не како што некој посакува со нови предавства, понижени и обезличени.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на граница

Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го гледа како приватен) оди на своите екскурзии, граѓаните со часови чекаат на граница, поради неговата политика на изолација на државата.

СДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на граница

И кај Стар Дојран е метеж, колоната е до „Св. Илија“.

Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ и Мицкоски.

Половина од Владата има бугарски пасоши.

Нивните семејства имаат бугарски пасоши.

Имаат фирми во Бугарија.

Имаат европски пасоши и посебен премин на граница.

Тие си обезбедија Европа.

На граѓаните им обезбедија блокада, изолација и часови чекање под сонце.

Додека тие летаат, народот стои во колона.

Ова е нивна политика.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер