Израелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023
1Израелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023
3Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија
ЗабаваПрогласена е за жена со најубаво тело на светот, но снимките без фотошоп се разочарување (ФОТО)Според најновото истражување спроведено во Тексас, британската манекенка Кели Брук е прогласена за жена со најидеално тело и совршени пропорции.Истражувањето открило дека совршеното тело има индекс на телесна маса од 18,85, а обемот на градите – половината – колковите на идеалната жена е 99-63-91 сантиметар, што значи дека моделот одлично се вклопува во овие пропорции. Манекенката која на почетокот на кариерата била позната по бујното деколте, работела и како телевизиска водителка, а сега води радио емисија. Сепак, таа е најпозната токму по титулата жена со најсовршено тело на светот, иако е малку пополна, но има идеална големина и форма. Интересно е што убавицата никогаш не подлегнала на естетски корекции, туку тоа се должи на природниот изглед, а како изгледа нејзиното тело во реалноста, без никакво разубавување, најдобро покажуваат папарацо фотографиите. Во неколку наврати ја „уловиле“ како ужива на плажа и гордо ги покажува своите облини, но ѝ требало време да почне да се чувствува удобно во сопствената кожа. Со текот на годините, Кели Брук се соочувала со бројни безмилосни коментари насочени кон нејзиниот изглед, а во една прилика признала дека дури сега, на 43-годишна возраст, се чувствува целосно самоуверена. Иако со години накачи неколку килограми вишок, сега тоа воопшто не ѝ пречи. "Важно е да се сакаш себе си! Не сум слаба и не се изгладнувам. Мојот режим е: пешачење што е можно повеќе, редовно посетување сауни за отстранување на токсините од телото, многу вода и што е најважно, многу секс за фитнес“, изјави таа во 2012 година во едно интервју. View this post on Instagram A post shared by Kelly Brook (@iamkb) Сопственичката на најсовршеното тело на планетата од јули 2022 година е во среќен брак со италијанскиот модел и актер Џереми Париси, кој е пет години помлад од неа, а позната е и по тоа што била во врска со бројни холивудски фаци, меѓу кои се истакнуваат најмногу актерот Џејсон Статам и ѕвездата на „Титаник“, Били Зејн. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ноле како вистински капетан заплови со јахтата од 5 милиони евра Најтрофејниот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, одлучи да одмори во Црна Гора по „работното лето“, во текот на кое стигна до полуфиналето на ВимблдонНајтрофејниот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, одлучи да одмори во Црна Гора по „работното лето“, во текот на кое стигна до полуфиналето на Вимблдон, а потоа имаше и бројни медиумски активности пред финалето на Светското првенство во фудбал, на кое присуствуваше како ВИП-гост во Њујорк. Екипа на српски „телеграф“ го улови Ноле зад кормилото на својата јахта вреда 5 милиони евра. Како вистински капетан Новак марината во Портоново, во местото Кумбор во Бока Которска, Црна Гора заплови со семејството по крајбрежјето. Во овој дела на Јадран, во близина на комплексот „Портонови“ –Новак Ѓоковиќ поседува луксузен апартман. https://www.instagram.com/reel/Dbd7HlvyXnT/Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотРајна и Дунав пресушуваат. Европа се соочува со економски удар од 126 милијарди евраЕвропа се соочува со суша од големи размери по неколкумесечни слаби врнежи, високи летни температури и втор екстремен топлотен бран во рок од само еден месец. Според проценките на експертите, економската штета предизвикана од сушите и горештините во Европа би можела да достигне и до 126 милијарди евра годишно до 2029 година, пренесува ХРТ. Последиците се видливи низ целиот континент. Во периодот од април до јуни, на огромни површини од Европа – кои се протегаат од Португалија до јужна Финска – се регистрирани врнежи под просекот за овој период од годината. Ова, во комбинација со последователните топлотни бранови, ја засили сушата и доведе до невообичаено ниски водостои на реките, особено на Дунав и Рајна. Влијанието ги надминува рамките на големите речни системи; и алпските езера останаа без вода. Езерото Брене (Lac des Brenets), сместено на швајцарско-француската граница, речиси пресуши и е непроодно за пловни објекти веќе повеќе од една недела. „Загрижен сум; ова се катастрофи какви што не можевме ни да замислиме. Очекувавме многу работи, но не и суши што се појавуваат една по друга во толку краток интервал. Тоа тешко нè погодува бидејќи едноставно сме беспомошни пред ваквите климатски промени“, изјави Иван Дуриг од Ле Брене, Швајцарија. Поради сушата, Франција стравува од најслабата жетва на пченка во последните 50 години, додека Шпанија го ограничи пристапот на земјоделците до вода за наводнување. Холандија минатата недела воведе посебни мерки поради недостигот на вода, а на седум грчки острови беше прогласена вонредна состојба. Екстремно ниското ниво на водата го попречи и транспортот на стока по реката Рајна, принудувајќи ги германските фабрики да го намалат производството. Некои економисти предупредуваат дека прекините во транспортот би можеле да го намалат германскиот економски раст за 0,2 процентни поени. Бидејќи Рајна ги поврзува индустриските центри на Швајцарија, Германија и Холандија со Ротердам – најголемото пристаниште во Европа – проблемите во речниот транспорт брзо влијаат врз голем дел од европската економија. Биологот Торстен Ренебарт од Институтот за истражување на езера во Келн ја објасни состојбата на Рајна: „Вообичаено, водостојот е низок во зима, а висок во лето, бидејќи реката се полни со вода од Алпите. Кон крајот на пролетта или почетокот на летото, снегот на Алпите се топи и тогаш обично имаме голем прилив на вода. Сепак, минатата зима имаше многу малку снег, а сега нема вода.“ Научната мрежа „World Weather Attribution“ во своите анализи наведува дека климатските промени не биле причина за значителниот недостиг на врнежи во Европа во периодот од април до јуни. Сепак, научниците објаснуваат дека високите температури и сè почестите топлотни бранови стануваат главниот двигател на сушата. Имено, порастот на температурите ја зголемува способноста на атмосферата да ја извлекува влагата од почвата, реките, езерата и акумулациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023Израелските одбранбени сили (ИОС) денеска соопштија дека го убиле водачот на ќелијата на палестинската милитантна организација Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023 година. Како што е осоопштено, терористот на Хамас, кој го нападна кибуцот Нир Оз во јужен Израел за време на нападот на 7 октомври 2023 година, е убиен во израелски напад врз јужниот дел на Појасот Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“. Во нападот е убиен Салем Џамал Абд ел-Рахман Абу Лабад, водач на ќелија во елитната единица „Нухба“ на Хамас, која на 7 октомври изврши упад во Нир Оз, соопштија Израелските одбранбени сили. Во посебен напад во централниот дел на Појасот Газа, убиен е Мухамед Абд ел-Насер Мухамед Хатиб, кого Израелските одбранбени сили (ИДФ) го идентификуваа како командант на баталјон на терористичката група Хамас. „Терористите беа елиминирани во прецизни воздушни напади со цел да се отстрани заканата“, соопшти израелската војска.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook