ЗабаваПрофилот на папата лајкнал полугола Бразилка,Ватикан бара објаснување од ИнстаграмВатикан објави дека бара објаснувања од Инстаграм откако лајкот на официјалниот профил на папата Франциск се најде на фотографија на полугола бразилска манекенка.Нејасно е кога фотографијата на Наталија Гарибото добила лајк од официјалниот профил на Папата, но „лајкот“ сепак бил видлив на 13 ноември пред сликата да биде објавена следниот ден, според Католичката новинска агенција (ЦНА). COY Co, менаџерска компанија што ја претставува бразилската манекенка, го искористи сето тоа за маркетинг и минатиот петок повторно ја објави сликата на својата сметка на Инстаграм велејќи дека компанијата „го добила официјалниот благослов на папата“. За Гарибото, кој има 2,4 милиони следбеници на Инстаграм, исто така се вели дека се пошегувала дека сигурно ќе оди во рајот. Повикувајќи се на извори блиски до прес-службата на Ватикан, ЦНА соопшти дека во тек е истрага за да се утврди како лајкот на папата се нашол на фотографијата. „Можноста дека слично нешто е направено од Светата Столица е целосно исклучена, побаравме објаснување од Инстаграм“, рече портпаролот на Ватикан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАМ- Отчет за својот двегодишен парламентарен мандатДвижењето ЗНАМ – За наша Македонија денес прави отчет за првите две години од својот парламентарен мандат.ДВЕ ГОДИНИ МАНДАТ. ДВЕ ГОДИНИ РАБОТА. ДВЕ ГОДИНИ РЕЗУЛТАТИ. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денес прави отчет за првите две години од својот парламентарен мандат. По две години парламентарен мандат излегуваме пред граѓаните со јасна порака: мандатот не е привилегија, туку обврска, а довербата не се оправдува со зборови, туку со работа и резултати. Во Собранието ЗНАМ не влезе за да биде статист, туку за активно да учествува во креирањето на политиките и одлуките што ја определуваат иднината на државата. ЗНАМ не е само коректор на власта. ЗНАМ е креатор на политики. Нашата цел од самиот почеток беше програмата за која граѓаните гласаа да стане дел од владините политики и да се претвори во конкретни институционални решенија. Тоа е нашиот принцип на политичко дејствување: иницијатива, аргументи, институционална работа и резултати. Не веруваме во политика на слепо следење, но ниту во политика на деструкција. Веруваме во одговорност кон граѓаните и резултати во интерес на државата. ЗНАМ се залага за фер политичка конкуренција, еднакви услови за сите политички субјекти и демократски изборен систем, вклучително и една изборна единица со изборен праг од 2 до 3 проценти. За нас тоа не е партиски интерес. Тоа е прашање на демократскиот капацитет на Македонија. Нашата политика е јасна: Повеќе работа – помалку политичка бучава. Повеќе одговорност – помалку изговори. Повеќе резултати – помалку политички театар. Довербата се добива на избори. Но, довербата се оправдува со дела. ЗНАМ продолжува да работи за Македонија во која политиката не се мери според тоа колку ветува, туку според тоа колку испорачува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео- фото: Протести низ Франција, затворени 400 училишта Се очекува денес во Франција да останат затворени околу 400 училишта, откако студентските протести – поттикнати од прашања поврзани со образовниот систем – во некои области прераснаа во насилство. „Според информациите со кои располагам, нешто повеќе од 400 училишта и други образовни установи ќе бидат затворени“, изјави синоќа францускиот министер за образование Едуар Жефре на телевизискиот канал „Франс 2“. Des blocages ont eu lieu un peu partout en France ce jeudi 1er octobre dans le cadre de la mobilisation lycéenne. En tout, 340 actions étaient en cours dans la matinée devant des lycées et 169 blocages ont été comptabilisés, selon les remontées policières. Dans de nombreuses villes de France, la mobilisation a dégénéré, occasionnant d’importants dégâts dans et autour des établissements scolaires. Retour en images sur ces manifestations à Paris, Marseille, Lille, ou encore Nantes et Toulouse. ➡️ https://t.co/zN7ELcKVr4 — 20 Minutes (@20Minutes) October 1, 2026 Според извор близок до министерот Себастиен Лекорну, разузнавачките служби на кризниот состанок во четвртокот известиле дека протестното движење било поттикнато од крајната левица, вклучително и од членови на партијата „Непокорена Франција“ (LFI). Пратеникот од LFI, Луј Бојар, ги отфрли овие тврдења во изјави за француските медиуми. Протестите поради недостигот на наставници и дотраените училишни згради избија во областа на Париз минатиот месец, но станаа сè понасилни како што се ширеа низ земјата. Во четвртокот, ученици подметнале пожари во најмалку две средни училишта, додека наставници во трето училиште во јужниот град Марсеј биле случајно испрскани со бензин, соопштија надлежните. Најмалку еден автомобил бил запален во Стразбур, на истокот на земјата, а полицијата за разбивање демонстрации се судрила со млади луѓе во Тулуз, на југозапад.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУПоддршка за проширувањето на ЕУ е голема , јавното мислење е со голема подршка за членство во ЕУ. Македонија успешно ги спроведува реформските процеси, бележи трет најголем економски раст во Европа од 4,3% раст на БДП во вториот квартал, целосно сме посветени и целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, истакна заменик претседателот на Владата на панел дискусијата посветена на проширувањето на ЕУ, во организација на тинк тенк орагнизацијата “Пријатели на Европа” што се оддржува денеска во Брисел. “Што се однесува до реформите, генерално добро се справуваме. Беше споменат Планот за раст, сè што беше побарано од нас, направивме. Економијата буквално бележи рапиден раст. Во вториот квартал од оваа година имаме раст на БДП од 4,3%, што е трет највисок во Европа. Она што е многу важно за мојата земја: имаме политичка, економска, но и меѓуетничка стабилност и кохезија, нешто кон кое стремевме во минатото. кога ќе јагледнете целата слика, земјата се движи во добар правец. Целосно сме посветени и усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија — не 80%, не 90%, туку 100%. Единствената причина зошто не напредуваме, за жал е ова вето од Бугарија” – се обрати Николоски. Тој истакна дека поддршка од ЕУ е голема за Македонија. Голем сигнал е тоа што претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен доаѓа во Скопје. “Сега работите дефинитивно се менуваат. Секако, ситуацијата со Украина и Молдавија му помага на целиот процес на проширување и тоа треба да се искористи. Постои интерес за регионот. Претседателката Фон дер Лајен доаѓа во Скопје — беше во Албанија, Црна Гора, Косово и доаѓа во Македонија, што е одличен сигнал. Се надевам дека ќе се најде механизам што Европската Комисија ќе може да го искористи и да ги отвориме пристапните преговори. Отворените прашања со соседите мора да се решат на еден или друг начин, но сметам дека атмосферата ќе биде многу порелаксирана и позитивна ако ги започнеме преговорите” – рече Николоски. На панелот, тој потенцира дека успехот на регионот е заедничкиот настап и тоа веќе се препознава преку економскиот раст на регионот, преку развој на туризмот и развој на ависообраќајкот.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook