ТехнологијаПрофесорот иноватор Ангелков од Кавадарци изработи апликација со која може да се провери дали има радиоактивни елементи во домотПрофесорот иноватор Димитрија Ангелков од Кавадарци, изработи апликација со која може да се провери дали има радиоактивни елементи во домот. Како што самиот појасни, на ваков чекор се решил поради загриженост од наглото зголемување на заболени од канцер. - Изработив апликација преку која може да си проверите во вашиот дом, работно место, околина и во самиот воздух надвор, дали има радиоактивни елементи, https://interaktivnaidnina.com/counter/. На овој линк се активира апликацијата што е веб ориентирана. Се што е потребно е да поставите врз камерата црн изолирбан и да дозволите пристап до вашата камера. Со тоа ќе ја сопрете светлината да поминува во камерата, а ќе дозволите радиоактивните честички доколку ги има да поминат во камерата. Мојата апликација ќе ги детектира и ќе ги видите со црвена боја. Бројачот ќе ви ги покаже колку пиксели од камерата се бомбардирани од радиоактивни честички. Решенија, има треба да се практикуваат, вели Ангелков. Димитрија Ангелков е доктор по електротехнички науки, работи како професор по стручни предмети во средното електро - машинско училиште во Кавадарци. Истовремено, работи на бројни иновации, за кои има добиено и голем број на награди и признанија.Тагови: Димитрија Ангелков радиоактивни елементи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКуба најави економски реформи по модел на Кина и ВиетнамКуба објави планови за реформа на својата економија по примерот на социјалистичките пазарни економии на Кина и Виетнам.Куба објави планови за реформа на својата економија по примерот на социјалистичките пазарни економии на Кина и Виетнам, при што претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека планираното отворање ќе овозможи поголемо учество на приватниот сектор на местото на силно државно контролираната планска економија. Тој рече дека се планирани и измени во земјоделскиот сектор, како и реструктурирање на државниот апарат. Покрај тоа, некои економски активности кои претходно беа забранети за приватните бизниси во иднина ќе бидат дозволени, но не соопшти дополнителни детали. Владата на САД го зголеми економскиот притисок врз Куба во изминатите месеци преку серија санкции, со цел да изнуди политички и економски реформи на островот.Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоговор САД–Иран на повидок, но тензиите не стивнуваат15:00Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
ЕвропаЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и МолдавијаЕвропската Унија в понеделник ќе почне формални преговори за членство со Украина и Молдавија, откако беше укината блокадата од страна на Унгарија.Кипар, кој во моментов претседава со советот на Европската Унија, соопшти дека земјите-членки постигнале договор за заеднички став во врска со првата фаза од преговорите, со што се комплетирани сите неопходни подготовки. Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку социјалните мрежи им се заблагодари на партнерите во ЕУ. „Украина го прави она што е потребно, и важно е што и еу си го држи својот збор“, напиша тој. Украинскиот претседател додаде дека почетокот на преговорите претставува „значајна политичка и морална поддршка за државата и украинскиот народ“. Претседателката на Молдавија, Маја Санду, исто така ја поздрави одлуката со објава на Х, пишувајќи: „ние ја завршивме работата и ќе продолжиме да спроведуваме реформи“.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во напад на САД е убиен лидерот на транснационалната криминална група „Трен де Арагва“.„По моја наредба, јужната команда на САД изврши брз и смртоносен напад за успешно елиминирање на Нињо Гереро, озлогласениот лидер на ’Трен де Арагва‘, една од најкрволочните терористички организации на планетата земја“, соопшти Трамп во објава на својата платформа Truth social, која содржеше и видео на кое наводно е прикажан нападот. Трамп додаде дека „оваа акција беше координирана во блиска соработка со нашите пријатели во Венецуела, со кои работиме многу добро“. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоговор САД–Иран на повидок, но тензиите не стивнуваат15:00Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37