Професор решил да помине 100 дена под море, за да види како ќе му се смени телото (ВИДЕО) - Канал 5

Професор решил да помине 100 дена под море, за да види како ќе му се смени телото (ВИДЕО)

Професорот Џо Дитури од Универзитетот во Јужна Флорида решил да помине 100 дена во море за да види каков ефект ќе има тоа врз неговото тело, пишува LadBible.

Професор решил да помине 100 дена под море, за да види како ќе му се смени телото (ВИДЕО)

Дитури, познат по прекарот Др. Дип Си објавил дека целта на неговата мисија е „морето да биде живеалиште до лето“, а бизарниот експеримент наречен „Нептун 100“ започнал на првиот ден од март.

Инаку, Дитури е доктор по биомедицинско инженерство, а експериментот го спроведува со цел да најде нови начини за заживување во морската средина и во исто време да тестира медицинска технологија која би можела да спречи разни болести, се вели во официјалното соопштение за медиумите на Универзитетот.

Професорот 100 дена ќе живее во изолација на длабочина од 10 метри, а ефектот од животот под морето ќе го следат психолог и психијатар. Имено, станува збор за изолирана и екстремна средина слична на продолжено патување во вселената која ќе им помогне на научниците да откријат какво влијание има врз човечкото тело.

Дитури се надева дека ќе го собори светскиот рекорд за најдолг живот под вода при атмосферски притисок - 1,6 пати поголем од притисокот на копното. Актуелниот светски рекорд е 73 дена, кој во 2014 година го постигнаа двајца професори од Тенеси.

„Ќе зборуваме за биомедицински инженеринг, ќе правиме експерименти по биологијата и биомедицински инженеринг и ќе се забавуваме!“ изјави професорот кој редовно објавува видеа на својот Инстаграм профил.

„Човечкото тело никогаш не било толку долго под вода, па затоа ќе бидам внимателно следен. Оваа студија ќе го испита секој начин на кој ова патување влијае на моето тело, но мојата нула хипотеза е дека ќе има подобрување на моето здравје поради зголемениот притисок “, додаде тој. Мисијата треба да заврши на 9 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Натпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута.

Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање.

„Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА.

Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили.

Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката.

Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија.

Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област.

Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер