Професионалец ,,гази” со Ферари по улиците на Монако (ВИДЕО) - Канал 5

Професионалец ,,гази” со Ферари по улиците на Монако (ВИДЕО)

Зад управувачот е Ф1 пилотот, Шарл Леклерк.

Професионалец ,,гази” со Ферари по улиците на Монако (ВИДЕО)

Тој возеше низ улиците на Монако, во „Ферари“ SF90 Stradale.

Поводот е исто така добро познат и е потсетник за легендарното видео Cétait un rendez-vous, зад кое стои Клод Лелуш. Станува збор за снимање на потера низ Париз, наводно во Мерцедес 450 СЕЛ 6,9.

Како што е познато, SF90 Stradale е придвижуван од 4.0 V8 твинтурбо мотор со 780 КС и 800 Nm, и е споен со три електрични мотори. Со ова надополнување има вкупно 1000 КС, што го прави најмоќниот Ферари во историјата. И да, 100 км на час стигнува за 2,5 секунди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инат на Канаѓаните (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која официјално се преименува езерото Онтарио во Лејк Америка, која стапува на сила веднаш.

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инат на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс.

Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја потпише наредбата .

„Соединетите Американски Држави сериозно размислуваат за промена на името на езерото Онтарио во Лејк Америка, бидејќи повеќе не очекуваме да соработуваме многу со Онтарио“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social во вторникот.

Онтарио е најнаселената покраина во Канада, со околу 16,1 милиони луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турист е ограбен во Фиренца пред жената и ќерката- крадците користеле бибер спреј (ВИДЕО)

На неименуван британски турист му е украден луксузниот часовник вреден околу 20.000 евра откако бил нападнат во центарот на Фиренца.

Турист е ограбен во Фиренца пред жената и ќерката- крадците користеле бибер спреј (ВИДЕО)

Несреќниот турист бил во Италија со сопругата и ќерката кога бил нападнат од двајца криминалци, на возраст од 19 и 22 години. Инцидентот се случил на Пјаца дела Република, а е снимен на снимка од надзорна камера од ресторан.

Идентификуван со видео од надзорна камера

На видеото се гледа како еден од криминалците поминува покрај семејството, преправајќи се дека продолжува по својот пат. Меѓутоа, додека туристот се приближувал, тој брзо му ја блокирал раката и насилно го извадил луксузниот часовник „Одемарс Пиге“.

Неговиот соучесник, според полицијата, насочил бибер спреј кон туристот и неговото семејство. Во хаосот што настанал, крадците избегале.

Сепак, снимката од надзорната камера ѝ помогнала на локалната полиција да ги идентификува и пронајде осомничените. Двајцата Алжирци биле пронајдени во пансион, а подоцна биле уапсени, објавува „Дејли меил“.

Пронајден е часовникот и бибер спреј

Полицијата пронашла украден часовник во сместувачкиот капацитет, а потоа му го вратила на сопственикот. Идентификацијата била можна благодарение на дел од ременот што недостасувал. Бибер спреј бил пронајден и во истиот објект.

Властите велат дека пронашле и двајца млади мажи, на возраст од 21 и 26 години, за кои се сомнева дека го презеле украдениот часовник.

26-годишникот наводно престојувал нелегално во Италија, па затоа бил однесен во притворен центар од каде што се очекува да биде депортиран.

Венеција е рај за криминалците

Фиренца ја посетуваат околу 10 милиони туристи годишно. Градот на ренесансата, познат по својата архитектура и познати катедрали, во последните години се соочува со организирани групи џепчии кои ги таргетираат туристите во центарот или во јавниот превоз.

Сепак, Фиренца не е единствениот италијански град кој се бори со овој проблем. Во Венеција, според предупредувањата од службеници и активисти, криминалните групи почнале да регрутираат и обучуваат деца за џепчии, обидувајќи се да избегнат полициска акција што би можела да ја загрози нивната заработка. Како една од најпосетуваните туристички дестинации во Италија, Венеција со години е мета на криминални групи кои ја искористуваат толпата за да ги ограбат невнимателните посетители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во страшна сообраќајка во Словенија (ВИДЕО)

Крајбрежниот автопат помеѓу Унац и Равбаркоманда во правец на Копер во Словенија е затворен поради тешка сообраќајна несреќа во која загинаа три лица. 

Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во страшна сообраќајка во Словенија (ВИДЕО)

Возилата беа блокирани на излезот од Унац. Полицијата во моментов се грижи за возилата што беа заробени во колоната, додека камионите се блокираат кај Логатец, објавува порталот 24ur.com.

Според претставник на Полициската управа во Копер, полицијата била известена во 16:28 часот за тешка сообраќајна несреќа на автопатот помеѓу Унац и работната зона пред Равбаркоманда. Во несреќата учествувале камион и патничко возило.

Три лица загинаа, две се однесени во болница

На местото на несреќата веднаш биле испратени неколку полициски патроли, како и пожарникари. Според првичните информации, камионот застанал во лентата за запирање поради дефект. Возачот на патничкото возило потоа удрил во задниот лев дел од приколката.

Во автомобилот имало пет лица, сите македонски државјани. Лекар на местото на настанот ја потврдил смртта на три лица. Едно повредено лице е пренесено во болница со хеликоптер, додека другото, вклучувајќи го и возачот на автомобилот, е пренесено со амбулантно возило.

Истрагата е во тек, а на местото на несреќата се испратени и државниот обвинител и истражниот судија. Автопатот во правец на Копер е затворен, а возилата се исклучени на излезот од Унец. Полицијата во моментов им помага на возилата што останале заробени во колоната, додека камионите се исклучуваат кај Логатец.

Повеќе информации за околностите и текот на несреќата ќе бидат објавени по завршувањето на првичните истражни дејствија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер